Спорт

Мормони во гето

Двајца бели дечки (кои според авторот на клипот се мормони мисионери) некако завршуваат во гето и некако успеваат да натераат двајца локални црнци да играат баскет со нив 2 на 2. Може и има Господ.

Паркур ми е, двор ми е

1) Вака изгледа лудо паркур движење преку најненормални пречки видено низ очите/кацигата на оној што се движи. 2) Исто вака изгледа движење по најнормална патека (улица, тротоар, скали) на човек ко се враќа дома со доволно пиво во себе.

Тениска битка на половите

1973-та година. Тенисерот Боб Ригс ја прекинува својата пензија за да одигра еден меч со тенисерката Били Џин Кинг за да докаже дека мажите секогаш остануваат подобри тенисери од женските. Губи.

Јак на вилица

Една од главните техники за дигање тегови се состои од две фази: 1) подигнување на тегот од земја до рамениците. 2) подигнување на тегот од рамениците на раце. Меѓу двете фази стои една анатомска препрека позната под поимот вилица.

Внимание, Ирци на патот

Како што низ светот има кружни трки со мотори, така Ирците организираат трки со мотори по отворени, тесни и мокри патишта. Сосема легално, сосема лудо.

Фатени во Офсајд

Ван Перси и уште двајца (не знаеме до толку) им кршат кичма на деца со маалски дриблања. Техникалија: овој "спортски" клип е лоциран овде само за да им покажеме на дечките од Офсајд дека можеме да бидеме побрзи од нив (додуша, по десетици неуспешни обиди). До Јумбо: стандардно, 100 пива и 200 кебапи, фала лепо. Редакцијата.

Зошто овие не се на Олимпијада?

Средношколски натпревар во скок во височина (без стап) во Кенија. Да речеме дека повисокиот од двајцата што стојат од страна е висок 170 сантиметри. И сега гледајте.

Зошто го сакам Наполи

Магијата на овој италијански фудбалски клуб ќе ви ја објаснат два невообичаени авторитети: Роберт Наја (Massive Attack) и Џејмс Лавел (UNCLE)

Фудбал далеку од очите

Прастаро е ова видео ама го репостираме заради правилен развој на новите генерации кои треба да видат дека фудбалот не мора да биде само тажен како кога игра македонската репрезентација туку и ултрасмешен, кога го играат Јапонци со монтирани двогледи на глава. Монтирани обратно, кога работите изгледаат пинцурски.

Вo ритамот на топката

Една од најголемите мистерии на светот (да повториме, покрај фамозната: за што е талентиран Мирко Попов?) е онаа, зошто ритмичката гимнастика е олимписки спорт кога се работи за спортска акробација. Но, дека девојката е нинџа за топка - е. Не ни сакате да помислите да ѝ кажете нешто сељачко на тема: земи ги и поиграј се.

Усаин Болт објаснува како трча

И покрај неговите најдобри намери (веројатно не е дека му се руга на секој можен човек на планетава), ова е едно видео кое никако нема да ви помогне да го постигнете она што тој го прави.

Голфот станува интересен

Популарноста на најдосадниот спорт на светот, голфот, најверојатно се должи на онаа мудрост, дека покрај сексот, тоа е единствената работа на светот во која можеш да уживаш дури и да не те бива за тоа. Но, конечно, нешто интересно и таму. Ховеркрафт! Така може.

 

Play again?

Колку малку и треба на една планина да ти направи рестарт и да те врати десет нивоа назад во играта.

 

Стартот

Драмата додека да падне знаменцето. Кога Тарантино би режирал Формула 1 (барем до стартот).

Клип против облачноста

Леле, леле, кога ова ќе стане стандардна опрема на хипстерите на дојранското крајбрежје. А ние лузерите олабавено седнати во Нота или Фук-Так. Тоа се вика Вин - Вин иднина.

10 години Watts Zap

Одлично уловените моменти и фасцинантните музички илустрации го прават Watts Zap на Еуроспорт убедливо најдобриот производ од овој жанр. Најдобрите моменти во последнава деценија, собрани во екстензивна компилација којa трае три и пол часa.

Распаљотка

Кик бокс меч со чудесни пресврти. Се лета преку јажина, се вадат ајнцери (!?), ногдауни на сите страни... Забавата започнува по 20-тата секунда.

Мини Тајгер Вудс

Во сенка на популарните спортови, досадниот мини голф си тера своја драматургија, со вистински махери на играта, олимписка посветеност, победи и падови. Да видите колку тоа сериозно се сфаќа.

Како ќе тренираат српските фудбалери?

За да не пимплаат премногу, за да не бегаат кога ќе добијат топка, за да не изгорат од желба да ја победат Македонија, дознаваме дека српскиот селектор Синиша Михајловиќ решил во иднина да воведе драстични промени во тренингот на своите фудбалските репрезентативци.

Always A Fire

Краток документарец за поранешниот член на Њујорк Џајантс, Чад Џоунс, кој како еден од најдобрите колеџ спортисти влегува во НФЛ. Кратко по ова доживува сообраќајна несреќа пред воопшто да изигра еден единствен натпревар. Во сообрајката Чад речиси загинува. По 2 години терапија, тој се очекува дека во 2013-та ќе се врати во НФЛ.

Најмаалски во свет

Постои само еден начин да се справи со овој ѕвер на маалскиот баскет - секогаш кога ќе направи мајмун од тебе, му бараш "носена." Последното видео му е од 2006-та година. Може го има папано.

Како се фотографираше Олимпијадата

Уредниците за спортска фотографија на Ројтерс и фотографите, раскажуваат и ја објаснуваат својата стратегија за фотографирање на ОИ. Омилени дисциплини - атлетика.

Еволуција на вратило

Од 1950-та до денес, во женска конкуренција. Ова сериозно не може да се спореди. Како тотално два спорта да споредуваш. Како табла да еволуира во паркур.

Најолимпискиот момент на Олимпијадата

Лиу Ксијанг е кинескиот атлетичар што во 2004-та го освои златото на 110-метри со пречки. Од тогаш имаше проблеми со Ахиловата тетива, заради што и ја пропушти Олимпидата во Пекинг. Како и да е, тој се квалификуваше за Лондон, каде повторно ќе настапи во спортот во кој некогаш владееше.