Разно

Луѓе баш и не ја веруваат приказната на Банкси

Човеков има два проблема со целата приказна. Прво, тврдењето на аукциската куќа Сотби дека сликата е од човек кој лично ја добил од Банкси во 2006 и дека целиот механизам, сосе батерии, 12 години лежи така затворен. Втор проблем е поставеноста на ножевите на секачот за така да ја исечат сликата. Овие дупки во приказната важат само ако Банкси немал пристап до сликата од 2006-та до неодамнешната аукција и ако секачот од видеото навистина е употребен.

Џордан Питерсон за православието

За да разбере некои работи на истокот, запад можеби треба да се „врати на школска табла“ и да почне, да речеме, со Питерсон. Канадскиот професор ги објаснува суштинските разлики во поимањето на христијанството. За едните Исус е оној кој со својот живот се искупи за човечките гревови. За другите, човек треба самиот да го земе својот крст и да го носи по ридот.„Со крстот напред“, „секој со својот крст“, ви текнува?

Стив Бенон кај Бил Мар

Нема двајца луѓе кои во своите политички погледи се подалеку еден од друг од овие двајца. Па сепак, едниот вика непријателски политичар, другиот оди кај непријателски новинар. На Бенон му е криво што Сандерс немал доволно енергија и борбеност како Трамп за да победи кај Демократите па на сцената да се тепаат лев и десен популизам. Мар тврди дека Бенон намерно наоѓа идиоти како Сара Палин и Трамп, бидејќи се празни шасии кои тој ги полни со негови идеи.

Да зборуваме колку ти е тешко на работа

Еве прво нека се произнесе компилацијава луѓе од видеово, а потоа збор ќе имаш ти со твојата неиздржлива компилација од меил што го игнорираш, 6-ти состанок во денот, пропуштен повик од клиент на кој не сакаш да му се јавиш и недовршениот ексел што ти ја црпи цела сила.

Капачињата останаа беа работа

Задоцнета но праведна одмазда за сите истурени пијачки, флекосани алишта, недолжни камчиња и дебело превиткани картончиња. Ако за ова ни требаше толку време, колку ќе ни треба за ракот?

Ако се туристи само да не се кинески

Ги има во сите големини, форми и лоши табиети, и тоа доволно лоши табиети за кинеската влада да се загрижи како тоа нејзините луѓе се однесуваат надвор од земјата. И овој пат кинеската влада не претерува.

Адвокати за развод даваат совети за брак

Прво: бракот е како лотарија, па веројатно нема да добиеш. Ама ако добиеш тоа е толку добро што само за тоа вреди да се проба. Второ: 50% од браковите завршуваат со развод, ако ти кажам дека надвор има  50% шанси да паѓаат метални кугли, ти ќе останеш дома, нема да стапнеш надвор. Трето: да купиш куќа ќе ти дадат 50 формулари што треба да ги пополниш, што ти објаснуваат сè... кога влегуваш во брак не добиваш ни едно ливче, ни летка на која пишува „само што ја направи законски најважната работа во твојот живот.“ Има уште.

Човештвото пред генерациски предизвик: сечење лубеница

Група од 50 рандом луѓе испречени пред една од големите непознатици на „пакувано на парче“ културата: како да исечеш лубеница на триаголници. За исполнување на потфатот имаат отприлика доволно алат за од балван да направат кауч на отварање.

Така беше или така се сеќавам?

На ТЕД веќе може да се сретнат секакви будалаштини (пред извесно време една цура објаснуваше дека педофилијата е сосема легитимна сексуална ориентација), но на таа платформа уште може да се најдат драгоцени и инспиративни погледи. Овојпат, нобеловецот Даниел Кенеман, автор на книгата „Мислење, брзо и бавно“, за загатката меѓу искуството и сеќавањата. 

Генерацијата што не знае за уцвикување вс. генерацијата цвикатори

Ако нешто може да се научи од видеово тоа е дека под итно треба да се основа невладина организација, кризна група, советувалиште и засолниште за ранливата група на тинејџери криминалци претепани од 83-годишни пензионери. А ако не казна, пензионерот треба да мине барем темелна наобразба за маките на денешната младина соочена со вечната неправдина на пакосното зло познато како „животот не е како што ти си го замислуваш на 18 години“, по што како што е ред ќе следуваат семинари за градење доверба и разбирање меѓу двете страни.

Грешење како највисока форма на ласкање

Дечково си дава за задача да имитира 28 глобално познати комичари и на спектакуларен начин успева да ги утне сите до еден и притоа фантастично да ги скине.

Чадор пазар

Се наоѓа во Тајланд a името го добива затоа што целиот пазар се собира како чадор во моментот кога низ него минува воз. Буквално низ него, на едвај 50-на сантиметри од тезгите минува воз. И така по осум пати на ден.

Вака изгледа едреник во 2018

Бродскиот превоз и понатаму останува најевтината форма на транспорт во светот, заради што на нејзе отпаѓа и најголемиот дел од транспортот на големи далечини. Она што изминативе деценија и кусур никако не останува евтино е горивото, што е и една од причините за неодоливоста на обновливата енергија (покрај тоа што за нејзе не мора да плаќаат).

Живот во една соба на 100 начини

Никој не избира од мерак да живее во стан од 20 квадрати, ама луѓево тврдат дека можат целото искуство да го претворат во мерак, колку-толку.

Норвешкиот автопат од 40 милијарди евра

Автопатот не е позлатен ама е долг 1.000 километри, и не сите илјада се по земја, некои се на 300 метри под вода, други се столбови сред норвешко море, трети се на мост што плута, а ги има и низ планини. Целта е сегашните 21 час потребни да се стигне од еден до друг крај на Е39 автопатот, да се намалат на половина.

Како се стига до огласи „евтино Пинарело, малку возено“

Ако е ефтино и е Пинарело (Бјанки, Сервело, Ес-воркс... што и да е), тогаш или некој лаже или некој краде. Никако не е дека сте имале среќа и сте нашле некој/а што го купил/а и не се разбира што има .

Пратеници, фатете се за факинг работа!

Јасна и јебитачна порака од Австралијанците до нивните политички претставници во парламентот. Појасно од ова, здравје.

Остави Кинез да изрезили цела фотографска фела (и да и симне цена)

Истото што го прават со секоја можна индустрија, кинескиов фотограф им го прави на сите свои колеги низ светот. Сите оние моќни ефекти пред кои сме беспомошни како публика, овој пат добиени по принцип „направи сам“, без компјутерски магии и илајдници долари вредни роботски раце.

Престани да се трудиш околу себеподобрување

Повторувај:
- Животот никогаш не е океј.
- Никогаш не е комплетно океј.
- Понекогаш само е помалку „не океј“.

Честито, стана Данец. Ок, не баш, ама добар почеток.

За вештачка интелигенција и безбедноста

Во говорот Џејмс Микенс објаснува: „Некои луѓе влегуваат во технолошката индустрија за да создаваат понови, повозбудливи видови технологија и тоа колку е можно побрзо. Мојот говор е против овие луѓе и ќе сруши некои важни професионални мостови, што најверојатно ќе ме натера да се приклучам на манастир или друга организација фокусирана на покајување.“

Маж мора да знае да ги бира своите битки

Искуството во проценување на ситуацијата се сведува на тоа да не се прецениш себе, ниту да го потцениш другиот, па макар тоа било и петел. Во спротивно имаш ова.

На слика одамна не веруваме, од сега веројатно и на видео

Дечкото експериментира со нови техники за подмладување на дигитални модели (компјутерски создадени), по пат ти прави шубе по цел спиок на основи зошто да не веруваш во тоа што го гледаш.

Социјалист каков што ни треба

Лабаво, пред океан, со укулеле на клупа, овој хавајски кандидат за Конгресот им објаснува на своите гласачи некои основи на демократскиот социјализам. На пример, дека човек не е сoздаден само да 'рмба. 

Договорот за менување на името, до референдумот и потоа

Како што излезе дека повторувањето е мајка на договорите, така не е ни за сомнеж дека за референдумот ќе имаме можност репризно да гледаме како ни се сервираат истата позитива, напредност, историски успеси и шарена иднина со кои беа проследени Договорот со Бугарија, воведувањето двојазичност во земјава и слични достигнувања. Да повториме.