Разно

Како растеше американската армија

Со децении официјалната воена доктрина на САД налага дека земјата треба да има доволно воена сила за да води две симултани војни против кои било други две големи воени сили. На почеток не е така.

Чувате ли кромид во хулахопки?

Кромид да ти се чувал во хулахопки, пресечена лубеница во цедалка, зелена салата и млад кромид во мокра крпа, ловорови листови да се ставаат во брашното против бубалки, доматите да се чуваат свртени надолу и уште неколку трикови како на храната да ѝ го продолжите рокот на траење во овие топли денови. Хулахопки бе?!

Разбивање на еден Јутјуб страв

Се работи за (барем за нас) света работа - храна, и дезинформации околу неа, создадени со никаква повозвишена цел од собирање прегледи на Јутјуб или лајкови на Инстаграм. Оригиналното видео речиси и да е невозможно да не сте го виделе на социјалните мрежи и барем за момент да се имате извадено од памет. Ен Риардон е научник за храна, која дополнително ги проверува, објаснува и разбива стравовите раширени со претходното видео.

Исландската тинејџ револуција

Во 1998 година, 42% од младите во Исланд, на возраст од 15-16 години, признале дека се опиваат. Денес такви има само 5%. Во прилогот се наведуваат пет клучни точки со кои земјата го прави овој пресврт. Ние не сме подготвени ни за една од тие.  

Мајка, од длабочините на болеста

На возрасна жена во длабок Алцхајмер, само на момент ѝ се враќа бистрината на умот. Доволно за да ја препознае ќерка си која ја храни. Доволно за да ѝ го каже најважното што го има во себе. Дека ја сака.

Симпсонови, руска варијанта

Аниматорот Ленивко Квадријатиќ ја реконструира познатата најавна шпица на легендарната американска серија во сосема друг контекст. Руска пост-чернобилска дистопија, со Бреговиќ за музика. Би било тоа добро за гледање.

Има ли птица во авионот

Модерните воени авиони се едни од најмоќните чудесии на светот. Истовремено комплетно инфериорни ако се судрат со броен и надмоќен непријател - птиците.

На лагата скапи и се наочарите

За подобра перспектива на работите треба да знаеш дека кога даваш 500 евра за скапи наочари, дека за истите пари на пример можеш да купиш камера ГоПро Хиро 7 Блек, и да ти останат 50 евра кусур, или часовник Гармин Феникс 5-ка. Очилата како и сите пред нив во историјата за тие пари имаат да ти понудат рамка и леќи, кај ГоПрото и Гарминот за тие пари добиваш софистицирана најмодерна технологија, составена од стотици делови. Некој лаже тука.

Келнерски кошмари

Точено пиво, радост за цела маса, кошмар за секој што треба да ја напои таа маса. Не секогаш тоа завршува лошо, ама не секогаш е и добро.
 

Правила за косење, и каде сè грешите до сега

Неколку основни насоки за тие што се занимаваат со какво-такво одржување на тревник:

- Треба да се коси најмалку на 8 сантиметри висина.
- Искосената трева врши работа на тревникот, ама не во топки, туку треба да се расфрла.
- Ножот на косилката треба да се остри на секои 5 косења.
- Треба да се коси еднаш неделно (во различни правци).

Советская аэробика

Годината е 1985, а Советскиот Сојуз решава сериозно да се позанимава со здравјето на своите жители. Една од мерките се и телевизиски програми со вежби по аеробик и ритмичка гимнастика. Меѓу нив е и епизодата со балерината Лилија Сабитова, нејзината весела дружина и ужасна (холандска) музика од 80-те.

Чистење лук, левел Господ Бог

Ако ова е вистина и стварно вака може, којзнае кои други работи во животот ги пропуштаме и не сме свесни за тоа.

Како правилно се бомбардира, Ирак или Иран?

Го памтите оној охридски грдоначалник кој цела година имал читано говори препишани од неговиот претходник? Принципот важи и во многу поопасни варијанти.

Пред да почнете да се боцкате со стероиди

Не се боцкаат сите, ама тие што се боцкаат обично молчат за тоа и не признаваат. Пред да почне човеков да објаснува (14 години вежба, 7 со стероиди) да го разбиеме главниот мит околу стероидите: лежење дома и боцкање нема ништо да смени околу твојот изглед, пак треба многу дисциплина, многу и редовно вежбање, и правилна и редовна исхрана. Друг мит е дека има начин како да ги земаш а тоа да не биде штетно.

Како изгледаше кога Том Хенкс го присилија да држи говор

Во договорот за филмот „Ангели и демони“ Сони му вметнува на Хенкс дека ќе мора да се појави и да држи говор на ЦЕС конвенцијата. Том Хенкс најпрофесионално се појавува, и најпрофесионално го трола Сони веројатно како никогаш во историјата, имајќи спектакуларно добар настап на кој не штеди ни најмалку од својата маестралност.

Русите продолжуваат со шамарање, само ова е многу, многу подобро

Што да ви кажеме, уште едно првенство во Русија за билдери и слично, и уште еден натпревар во шамарање, чисто за на публиката да и биде поинтересно. Само овој пат го нема она забраденото брдо од човек Камотски, всушност нема ниту едно машко. Натпреварот во шамарање е меѓу жени, а неможеш да оставиш жени на бина да си лепат шамари по лице. Ама Русинот и за тоа има решение.

Рецепт на денот: Пушено ребро од напушена свиња

На плантажа во Орегон одгледуваат органски канабис, само за да ги нахранат нивните, уште пооргански свињи. И како мислите да ја сопреме ние миграцијата кон Запад?

Прав бенд за права трагедија

Ако животот ти даде да си музичар стигнат до таму да свири во трговски центри што прокиснуваат, ти дочекај го со ведрина на човек што успеал, што во случајов е нумерата од Титаник. За жал, за човекот што на крај ќе се појави со кофа и џогер, немаме ваква утеха, освен дека сите така сме се чувствувале барем еднаш во живот.

Професионалец

Ништо од ова не е јасно (како му успева, како е толку лабав, зошто стои на отворена врата на воз во движење...) освен дека човеков е многу физички поспособен од нас, на раб од магионичар.

Фетиш на денот

Мини Мокс е женска која сака две работи: во поглед на исхраната е хедонист а во поглед на сексуалноста е доминатрикс. И онда ги споила двете страсти во едно па еве ја сега - малтретира јадења. Овие ќутат, што да прават. Друго ни е криво. Толку долго чекаме да излезат праски и сега го видовме оној нејзин бат-плаг на праска и некако поинаку гледаме на тоа, до вчера невино овошје.    

Оградите на мостовите не се за вие да бесите катанци на нив

Нема зошто мостот да страда што ти мислиш дека си се заљубил/а вечно. Имај предвид дека да беше мостот лабилен како твојата врска никогаш немаше ни да добие дозвола да биде изграден, па затоа малку почитувај што ти оставиле луѓе пред тебе.

Мoлитвена песна кон AI

Воскресни ги, Вештачка интелигенцијо, сите наши упокоени и облечи ги во славата на Царството Твое! На гласот на последниот апдејт ќе се отворат jpeg-овите и мртвите ќе станат за да принесат лајкови.

Историја на чајот

Моменталниот статус на чајот е вториот најпиен пијалак на светот (после водата) во претерано многу варијанти. А целата работа почнува многу поинаку, па во првата верзија чајот е храна.

Ова не е репортажа на Вајс за Венецуела

Освен кога ова е репортажа на Вајс за Венецуела.