Разно

Безбедност на авионски лет, без лаги и превари

Сполај им на стујардесите што униформно кореографирано (и без трошка емоција), мафтаат со раце и елеци пред секој лет, ама ова што го кажува човеков вреди колку цела кариера нивно мафтање.

Целосно ненаучен тест за корисност на маски

Секогаш кога можеш користи оган за да докажеш некоја поента. Не можеш да згрешиш, ем сите ќе памтат што си сакал да кажеш, а сака да каже - носете маски!

Како се хакнува медиумскиот (CNN-FOX) дуопол

Заебанција е ама, многу реално е сето ова. Бидејќи денес медиумите не се во потрага по некаква вистина туку во потрага по снимки и моменти кои ќе ја поткрепат нивната пропагандна замисла. Која денес, ублажено, се вика наратив.

Аман белци, не нé бранете

Ќе тапанат корпоративните медиуми уште некое време за БЛМ ама сè повеќе има индиции дека таа кауза сериозно е киднапирана од урбани шмизли кои имаат желба да имаат некоја револуционерна фуснота во своите снегулести биографии. Во видеото, црнец им објаснува на белите дечки од БЛМ каква беља прават со нивните срања и молотови коктели, пошто, иако се само 2% црнци на протестот, баш тие ќе го јадат калапот.  

Сан Францисковштина

Се враќате дома со кола и имате проблем да влезете во паркингот на вашата зграда? Чекајте да видите како тоа знае да изгледа во Сан Франциско, градот во кој просечна месечна кирија за стан од 70 квадрати е 3.629 долари.

Звукот на Аја Софија

Двајца експерти од Стенфорд реконструирале како звучел христијански хор во импозантната Црква на Пресветата Мудрост во Истанбул пред повеќе од 500 години.

Ветар му го руши ѕидот на Трамп

Пред неколку дена Доналд Трамп рече дека неговиот ѕид - на кој досега се потрошени 11 милијарди а ќе се потрошат 26 - е најмоќната и најмасивната гранична одбрана на светот. А потоа дојде ураганот Хана.

Бело му било пишано на црниот Турунџе

Ја памтите понаа прелуда реплика од Балкански Шпион кога на жртвата на своето лудило, Илија Чворовиќ му вика: „Сега брат ми Ѓуро ќе ти прости што те тепаше!“? Ова е уште полудо. Црнец извикува „Сите животи се важни!“ по што баграта од Антифа одредува тој да попие воспитен бокс од белец,

Предупредување од Југославија до американските патриоти

„Не ги повторувајте грешките кои ние ги направивме“, порачува оваа девојка повлекувајќи паралела Југославија 1990- САД 2020. Не би го потпишале ние секој нејзин збор, на пример совет број 2 ѝ е „Купате си оружје“ (хмм, нели Југославија така се заеба?) ама чудесно е како дојде време ние да им се секираме на Американците.

Шминките се важни

Ништо не решава расни проблеми и контроверзи со полицијата во твојата земја така ефикасно како кога ќе ограбиш дуќaн со бижутерија и шминки.

Ок, ќе биде апокалипса, не замарај

Експерти треба да се слушаат кога имаш проблем со водоводот или со коленото, не и кога треба да ја предвидуваат иднината. Пред 30 години експерти тврдеа дека денес Малдиви ќе бидат по вода. Денес Малдиви отвораат 4 нови аеродроми.

Кога СССР угаси 1000-дневен пожар со нуклеарна бомба

Пожарот почнува во 1963 во Узбекистан и трае 1074 денови. За овој период Советските инженери се обидуваат со се што им дошло на памет. На крај копаат тунел длабок повеќе од 2 километри, во него ставаат нуклеарка и ја активираат. Успешно.

Како престанав да сум прогресивен?

Дејв Рубин (Рубин репорт) порано беше дел од прогресивците Јанг Туркс. Човек да се прашува кој денес не сака да е прогресивен, треба да е паднат од Марс па да не знае што сè во меѓувреме стана „прогресивно“ и какви сè колективистички лудила се сокрија зад тој плашт. Рубин накратко вика, не скршнав јас десно туку тоа левото отиде бестрага. 

Крши ме, само не ме викај грне

Новиве дечки имаат озбилен проблем со приоритетите, не само на политичко туку и на многу поприземно ниво. Пазете го ова возрасно магаре од БЛМ: има конкретен и реален проблем кој му е буквално качен на глава (рипнати му се да го апсат неколку полицајци и членови на гардата) а тој во таква ситуација се дере: „Јас сум жена, не ми се обраќајте родово погрешно!“

Фала му на Бога, конечно сме прогресивни

Гад Саад ја адаптира фамозната изјава на Мартин Лутер Кинг „I have a dream“ на денешните прилики. Сосема спротивно на сонот на Кинг во кој неговите деца нема да бидат судени според бојата на нивната кожа туку според содржината на нивната личност, денес на големо во игра се бојата на кожата и племенскиот колективизам.

А се голтаат семките од лубеница?

Ако имате мали деца, не им го пуштајте ова анимирано филмче, постои ризик дека после него, нема да сакаат ни да пробаат лубеница. Или уште пострашно, да ве тераат да им ја чистите од семки.

За туѓи бели (аха! бели! камај!) дворови

Во Америка паѓаат статуи на историски ликови кои поседувале робови или имале врска со ропството на црнечкото население, меѓу нив и оние статуи на основачот на државата Џорџ Вашингтон. Ами Хоровиц сака да провери дали на луѓето им е дојдено да расчистат баш со сите кои имале робови.  

Силувањето е под видео надзор

Руски модел обвини еден од најпознатите тамошни фотографи дека ја силувал. 26 годишната Дарја Фисун вели дека дошла кај 56 годишниот Сергеј Бремјенев (пред чиј објектив имаат застанато Пачино, Плесецкаја, Бродски...), дека испиле по една чаша вино а потоа монструмот нагрнал на неа, случај кој го пријавила веднаш по излегувањето од неговиот апартман. Ама па Бремјенев има видео снимка од настанот.

Што е системски расизам и како Америка го практикува

Се работи за еден многу очигледен пример во кој преку државни мерки белците во САД во рок од неколку децении успеваат да набијат по 300, 400, 500 илјади долари разлика во однос на црнците. И после оди стигни ја таа разлика. Како функционира целиот процес објаснува Ричард Ротштајн од Институтот за истражување сиромаштија.

Зошто маските помагаат против ковид-19

По првичната глобална шкртост на лекарската фела за споделување маски со сите нас (што беше со оправдана причина, но не и со оправдано потекло на истата) сега повторно сме вратени на пред-ковид ситуација, и маските го имаат заслуженото место како најдобрата заштита што денес ја имаме против ширење на епидемијата.

Лондон се даде на пиење

Во текот на викендот кој измина, Англија го направи првото големо олабавување на рестриктивните мерки против коронавирусот. Беа отворени пабовите и музеите. Погодувате кај се направи гужвата.

Радио дебата за патријархатот

Слушателката: Нè убива вашиот патријархат и привилегиите кои ги имате.
Водителот: Кои привилегии кога рмбам секој ден? И плус вие останувате дома а ние одиме во војни.
Слушателката: Во колку војни си бил ти, кловну еден?
Водителот: А тебе колку пати те има убиено патријархатот?

Џендери паднати во транс

Роган и Шапиро мозгаат како дојдовме толку длабоко во она бескрано лудило околу идентитетите на кои им се негира биолошкиот корен, за тоа што им се прави на збунетите деца, за Кејтлин Џенер, за хејтањето меѓу феминистките и трансџендерите и за тоа каков хаос настанува кога „новите жени“ ќе влезат во женскиот спорт.

Монтањи: На коронавирусот има работено човек

Теории на заговор има секакви; луди, опасни, смешни, пресмешни. Но, проблем е кога етикетата „теорија на заговор“ се користи за да се дисквалификува секое мислење кое e различно од официјалното, што во суштина е симптом на една когнитивна мрза и интелектуална закоравеност. Лук Монтањи има едно такво мислење за ковидот. Пред да го прог