Разно

Вилијам Дефо за своите заби со воздушно ладење

Маестрален! Холивуд никогаш нема да ни објасни како овој човек никогаш не беше Џокер. Ова филмче на рускиот режисер Григориј Добругин со Вилијам Дефо е продаден за 100.000 долари на една аукција за детски хуманитарни каузи. 

Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис

Сега кога прогресивците почнуваат американскаta Катица Јанева да ја тетовираат на чело ко петокрака, да потсетиме што лик е таа и што му се случува на човек кој ќе се дрзне да ја критикува. И тоа додека беше во опозиција, можете да замислите како тие орди сега ќе земат залет.

Варуфакис за изборот кој го имаа Американците

Ужасен избор, вели поранешниот грчки министер за финансии. Да бил во регуларна сојузна држава, не би гласал ни за еден од нив, да бил во некоја од решавачките свинг држави, вели дека би затворил нос и би гласал за Бајден.

Ако сте бездомник, купете си куќа

Му викаат дека 85 најбогати луѓе во светот имаат колку што вкупно имаат 3,5 милијарди најсиромашни луѓе на планетава. Социопатот вика: Тоа е фантастична вест!

Животот пишува шпански серии

За време на еден „бејби шауер“ мажот доаѓа на прославата заедно со адвокат, и почнува да вади листови, документи, па на крај и видео, кое покажува дека тој не е татко на детето. И сето ова се случува пред сите најблиски, вклучително и вистинскиот татко кој е меѓу најблиските.

Трамп нема шанси да победи!

Едногласна прогноза на импозантна колекција од луѓе, од Ненси Пелоси до Том Хенкс, од Сандерс до Обама, кои го ставија сето свое знаење, искуство и јавен углед во нивната проценка дека Трамп сигурно ќе изгуби. Со тоа што, не е лошо да знаете дека е ова колекција од изборите во 2016 година.

Пумпаџија на денот

Замислете да влезете во бензиска и да наидете на ова Зомби, направено гипс од којзнае која лута дрога. За да биде уште поглупо, носи дукс на кој пишува 'Dope Dealer' на што е додаденo 'H' за 'Hope'. 

Масовен егзодус на Париз пред полициски час

Вкупно 800 километри градски улици, булевари и авении, закрчени од автомобили со луѓе кои се обидуваат да избегаат од градот пред да почне полицискиот час во 21 часот. Не бе, стока народ сме ние парижаните, професионално би рекле ботовите кои виреат во ректумите на актуелните власти.

Слободната воља е илузија, ама па што

Ух, ова оди на клизачи на едно од нашите најтемелни верувања за слободната воља. Ама па, теорискиот физичар Сабине Хосенфелдер е полна со брутално педантни логички забелешки што човек мора тоа да го слушне, па да си бара некое чаре. Или пак едноставно да ни остави коментар на нашиот Фејсбук: Глупости!

Кој прв ќе го има ова од нашите?

Дечки, ова е реален производ. Личен прочистувач на воздухот со вградени филтри против патогени, алергени и други загадувачи на воздухот, два вентилатора, батерија која трае 8 часа, инвертни ракавици за безгрижно чешање а и на намалување е. За само 379 долари можете да бидете факинг трендсетер, а плус додека чекате зелено на пешачки, она дечурланата ќе ве молат да ви избришат џамови.

PCR тестовите не се све и свја

На PCR (Polymerase chain reaction) тестовите денеска се гледа како на животна пресвртница и главен аусвајс за тоа во кој дел од логорот ќе бидете сместени. А многу лошо се интерпетира сето тоа. Ако PCR тест ви детектира присуство на коронавирус, тоа не значи дека сте болен од вирусот. Исто како што ако ви најдат покачено ниво на железо во крвта, не значи дека сте се претвориле во наковална.

Америка го заслужува братот

Кање Вест го нема на ливчињата во сите држави ама бара да биде допишан кандидат (во САД може да допишеш име на оној кого го сакаш за претседател). Вест досега има потрошено 6 милиони евра за кандидадурата а спотот е една чудна мешавина од семејни сцени и вселенски летала. „Семејствата се циглите на едно општество“, порачува дечкото кој е дел од тулата на Ким Кардашијан.

3Д безжична пластика

Луѓе од Универзитетот во Вашингтон имаат смислено начин како пластични, 3Д печатени објекти можат безжично да комуницираат со смарт уреди, без батерии и електроника. Ние одма би се кладеле на оваа технологија, само што, три години откако постои, таа не е мрдната никаде. Затоа ние за ништо не се кладиме.

Роуан Аткинсон за слободата на говорот

Роуан Аткинсон пред некоја година одржа еден бравурозен говор во одбрана на слободата на говорот. Отрезнувачки поенти за сите амбициозни полицајци на мислите, за сите самопрогласени арбитри на јавниот интерес, фашисти кои мислат дека се борат против фашизмот, пуритански лицемери, јазични пицајзли, суетни адвокатки и слични драматичари кои не само што ни го прават животот невесел, туку немаат појма во какво општество нè буткаат со нивното неуморно ужаснување од сенешто.

Женски муабети

Вистинско уживање е да се слуша разговор меѓу две девојки кои имаат што да си кажат и не лупаат без врска. После еден ваков, сериозно просветителски и еманципаторски дијалог, на човек му паѓа жал што една прекрасна земја ко Америка, спадна на тоа да бира меѓу Трамп и Бајден, или Антифа и Прауд Бојс. Гостинка на Алекс во подкастот „Call Her Daddy“ е лична-симпатичната Лана Роадс. 

Професори од Харвард, Оксфорд и Стенфорд версус логиката на Филипче и Царовска

Постигнување на имунитет на стадото не е стратегија туку признавање на биолошки факт. До него ќе се дојде вака или онака (со природна имунизација или вакцина). Битно е да дојдеме него со што помалку мртви. Се знае кои категории се најризични за фатален исход. Оттука, општиот катанец прави ненадоместливи штети за децата. Треба да се заштитат старите и другите ранливи а на најмладите да им се овозможи што понормално детство и образование. 30 минути професорска обука на оваа тема. 

Првиот пар што некогаш се развел

Видеото почнува прилично мрачно: свет во кој никој никогаш не се развел, дури не го ни познаваат концептот. За кратко работите тргнуваат на подобро: двајцата смислуваат ново решение за кога брачниот партнер сакаш да го прободеш со харпун ама некако жал ти, и се вика - развод.

Како не ги разбирате?

Едните се демек задрти полски конзервативци, другите се демек напредни феминистки. Напредните ќе ги познаете по специфичниот изговор на нивните ставови и аргументи.

Ќе има ли факт-чекери и на вицови?

Snopes веројатно е најпознатиот сајт за проверка на информации, полуинформации и ноторни лаги кои кружат по интернет и е навистина драгоцена работна алатка за оние кои објавуват содржини. Ама па, почнале да го претеруваат. Мртви-озбилни, рецензирале сатирични статии од магазинот The Babylon Bee. Преку 30 пати. Сега локалниве цицалчиња на грантови на таа тема, кога ќе фатат да исправаат криви Дрини дали најглуп испаднал Мујо или Хасо, има да нè подујат.

Гнаса на годината и потоа

Замислете комбе со отворени врати во кој се истоварува тазе наполнет камион за чистење контејнери. Епа ова е полошо. Дечково што го среди заслужува орден за храброст само што воопшто се нафатил. Газдите на возилото не заслужуваат ништо во животот. П.С. Комбето е од 2018.

И кога ќе треснат на земја, некои се повисоко од другите

Погледнете го Оливер Рид во ова легендарно интервју во кое шармантниот бонвиван и шовинист објаснува зошто сака секакви жени (намиг) а зошто ги нејќе оние кои не завораат уста и оние кои бадијала истураат бурбон. Гледајте до крај за да го погледнете спектакуларниот финиш.

Ќути, барем сме на Балкан

Светот на Словените асоцира на прегреани емоции, незауздани страсти, самоубиствена ирационалност, православна задртост и експлозивни мешавини од солзи и смеа. Од друга страна, запад важи за трезвен и толерантен, протестантски рационален и цивилизациски припитомен. И види мајката, дојде време војните на словенското секојдневие да изгледаат како банален детски инает во однос на западните. 

Лет над бездомничкото гнездо

Малку со дрон, па малку од кола, филмаџиката Џени Чан го регистрира проблемот со бездомниците во Сан Франциско. „Проблемот со бездомниците“ е многу нежно и неточно етикетирање на она што моментално се случува во Лос Анџелес и Сан Франциско, на чии јавни простори постојано се насадуваат нови и нови дојденци од цела Америка.

Ѕидовите на расистичкиот режим

Две битанги му се згнале на постар човек. За среќа, присутен е и полицаец па откако стана јасно дека им е до физичко насилство, ги попрска со пепер спреј. Овие се дадоа во спринт. Еден од нив наиде на пречка. Прекрасен финиш.