Разно

Да видите како се шират вируси

Никогаш нешто повознемирувачко нема да ви биде кажано вака смирено. Главна тема ширење вируси (не само сегашниот), и две споредни: ракување и миење раце. Уплав да те фати.

Кубанските доктори стигнаа во Италија

Најмал проблем е како и дали воопшто ЕУ некогаш ќе успее да се опорави од оваа погубно срамна епизода во која откако ниедна земја членка не мрдна со прст по апелот на сојузничка Италија да ѝ се помогне, таму помош пратија Кина и Русија а сега и сиромашната Куба праќа бригада oд 52 доктори и асистенти во богатата Ломбардија. Некои слики ќе останат врежани во историјата, без разлика со колку ЕУ фондови во иднина ќе се промовираат нејзините вредности.

Кого бе го заболе за короната

Види какво е времето надвор за пиење кафе. И онака ќе се вратиш дома, мама направила ручек...

Ахтунг, ахтунг

Сосема коректен и професионално изработен прилог, но истовремено идеален за комплетирање на чувството дека сме во окупација. Во неизвесност седиме дома со најблиските а Германец со авторитетен глас нè предупредува да бидеме умни бидејќи надвор се гине.

Спремни за видео од Бергамо?

Ова е жетвата од само еден ден. Наредени во црква. Продолжете со курчот.

Гледајте, за да не мора да повторуваме

Од карантин, Италијанци си испраќаат видео пораки на самите себе, ама оние себе од пред десет дена, бидејќи тогаш немало кој да им каже што ги чека. Еве, ние имаме.

Кога одлучна жена ќе те сардиса

Погледнете како една американска конгресменка, со серија бескомропомисни прашања и неприфаќање вербални ескиважи како одговор, од надлежен авторитет, во живо изнуди ветување дека на сите граѓани ќе им биде достапно тестирање за коронавирус, без оглед на тоа какво здравствено осигурување имаат. Се вика Кејти Портер и е поефикасна од сите американски истражители во Гвантанамо.

Кинеска школа на рација

Показна вежба за кинеска рација која наидува на проблематичен возач. На колку елементи од ова не сме подготвени, ни организационо (да биде спроведено врз некого, од а до ш), ни психолошки (да биде спроведено врз нас, од а до ш)?

Лева уста, десен џеб

Политичари едноставно не се навикнати и не можат да го синхронизираат она што им го кажува устата и она што им го прави раката. Така е со корупција и криминал, така е и со совети за коронавирус. Александрија Оказио - Кортез.

Вака изгледа карантин

Иако домашните јунаци уште се во фаза на чаталење и курчење па лефтерно се збираат по кафичи и кафани, пошто Италија ни е „гледам твоју слику гледајучи себе“, меѓу две тури нека видат како тоа изгледа. Како сцена од Half-Life .2

Епидемиологијата и бројките

Видео за експоненцијална и логистичка крива кое добро го објаснува движењето на бројот на заразени. Како ќе го препознаеме моментот кога епидемијата ќе почне да стивнува?

Британецот кој преживеа во Вухан

Исповед на Конор Рид, Британец кој предава англиски во Вухан и кој закачил вирус, се разболел и се излечил. Раскажува како изгледа сето тоа и порачува: не паничете, помагајте си едни со други, човек не смее да стане себичен во време на криза. 

Најдоброто изговорено од Трамп

64 зборови што Трамп ги има најдобро изговорено за досегашниот мандат како владетел на САД. Речиси неверојатно, прво видеово, второ што ќе гледаме како ништо од ова нема да му попречи во походот кон втор мандат.

Ако нешто нè извади од памет, ова нè извади од памет

Соговорникот на Џо Роган има врвни референци да зборува за коронавирусот а сeто она што го извади во муабетот од час и половина, нè парализираше од језа: во следниве 3 до 7 месеци може да се очекуваат 90 милиони заразени, 40 милиони хоспитализации и скоро 500.000 мртви. Само во САД.

Кога парите на Безос би биле ориз

Курсот на пресметкава е дека 1 зрно ориз е еднакво на 100.000 долари (за да може да се прикажат набавки на пример на едно Ламборџини од 300.000 долари). Дечково беше доволно вреден за да изброи 10.000 зрна ориз (1 милијарда долари) и да ги измери за да има референтна вредност кога ќе ги мери милијардите на Безос. Страшно многу ориз е во прашање.

Професионален дроно-пилот

Видеава само изгледаат како компјутерски генерирани и извадени од видео игра, инаку се снимени од Џони ФПВ, професионалниот дрон-пилот кој се натпреварува во трки со дронови за тимот на Ред Бул.

Заштита од вирусни информации: Џон Оливер

За многу теми кои го брануваат светот, Џон Оливер знае да биде корисна ѕвезда Северница за збунетите морепловци. Одлично знае да ги расплетe приказните со еден концепт кој ни е близок: да ги исмева глупостите и глупите и попат на својата публика да ѝ понуди разум и корисни информации. 

Грчки бегалци во Сирија

Година 1942. Еден арапски весник на својата насловна страница објавува фотографија како сириски жени им делат облека на грчки деца. Сами извлечете поука од ова видео и од оваа историска епизода.

Рамштајн, скапа ви е картата?

Каква озбилна машинерија е Рамштајн, чудо едно. Видеото е тајм лапс од подготовките на бина и друго што е потребно за еден нивен стадионски концерт (во Дрезден). 6 дена и 60 часови работа спакувани во 2,5 минути. Дигалки, кранови, чуда, врагови. Кај нас и да дојдат (а нема да дојдат), знаеме луѓе кои ќе речат, кој ги врти бе, со тие пари знаеш што скара и шприцери може да утепаме?

Москва во 1896 година

Мај, улица Тверскаја. Снимал Шарл Моисон од компанијата на браќата Лимиер. Колоризирано и дигитализирано на 60 fps.

Сега му е мајката

Верувајте, сакате да го слушнете говорот на раперот Килер Мајк во поддршка на Берни Сандерс. Страсно, моќно, човечно, искрено и без калкулантство. Емоции и увереност какви ниту сме виделе ниту ќе видиме на наш терен. Од што ни направи ќеиф, го преведовме.

Мат Таиби во изборните кампови

Кај нас нема шанси за вака лабав извештај. Прво оние партиските преторијанци сомничаво ќе те скенираат за да сконтаат дали си од (не)непријателски медиум за да заземат став по однос на тебе, а после објавувањето на видеото ќе ти се јавуваат луѓе од штабовите за да те дрват дека намерно си ги бирал најглупите нивни фанови и дека знаат они кој тебе те плаќа.  

Низ халите на одложениот автомобилски саем Женева 2020

Саемот кој е еден од најголемите годишни настани за авто-индустријата требаше да трае од 7 до 17 март, ама заради коронавирусот кој се појави на сосема другата страна на светот тој пред некој ден беше откажан од организаторите. За жал на компаниите, тој беше откажан премногу доцна, кога тие веќе ги имаа поставено своите милиони долари вредни штандови и сценографии.

Разлика меѓу машки и женски деца

Снимено за време на подготовките за претстава / парада / патронат во некое руско училиште. Темата што треба да ја совладуваат момчињата и девојчињата е марширање.