Разно

Иднината носи дронови што носат терминатори?

Прв стадиум: роботи кучиња. Втор стадиум: роботи кучиња со оружје. Трет стадиум: роботи кучиња со оружје пренесувани со дрон. Четврт: ?

Лов на наркодилери, нов француски спорт

Локалци од градот Руен на северот од Франција, главно составени од членови на тамошни навивачки групи, почнаа да се организираат и на своја рака да ловат наркодилери што ќе им се појават во нивните населби. За сега сето ова минува без жртви. За сега.

Има ли човек што страдал за Србија како Вучиќ?

Нема една болка низ која минува земјата а да не остави рана на душата на овој човек. Човек кој гордо ја носи функцијата претседател на Србија, само за да ја сокрие вистината дека е маченик на својата родна земја. Еве на пример за ветерниците.

Виктор Орбан за енергијата

Ова видео нема да го видите пречесто не затоа што во него се тресат глупости. Напротив, логиката таму е многу разбирлива. Проблем е кој тоа го кажува, што автоматски повлекува неугодност дека ботовите и бројлерите ќе те прогласат за нешто (Орбанист, Путинист, Груевист, вотевер). Ама на таквите, бар од оваа веб адреса, не еднаш им било кажано: фак офф. Сите други, да слушнеме што има да каже Маџарот.

Родови муабети

Џон Стјуарт ја отвори втората сезона од своето шоу на Епл (Мет Волш го зајаде дека многумина не знаеле дека постои и прва сезоона) со прашањето кое го покрена Волш со филмчето „Што е жена“. Ќе беше поубаво да го викнел во емисија па да ги вкрстат аргументите, ама бидејќи не го викнал, одиме вака, со реплика на реплика.

Порака од фронтот

Еден од странските доброволци во Украина во еден од цивилните станови што деновиве беа закачени од руска ракета. Не се жали ништо, напротив, повеќе му е за вас и да ви даде една поинаква перспектива на работите.

Можно ли е вонземјани веќе да живеат меѓу нас и да се ретардирани?

Ништо од оваа појава не е ни маска, ниту пак привремено, сè е автентично доживотно на него.

За Трамп митинзите станаа социјална мрежа

Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.

За мигранти само потонување е полошо од турска крајбрежна стража

Во делот на Егејското море околу кое се кошкаат Турција и Грција, избезумени бегалци во чамец, меѓу кои и 2-3 годишни деца, наидуваат на брод на турската крајбрежна стража сметајќи дека тоа им е спасот. За кратко време и по неколку стапа бегалците се разубедени дека сепак Грција им е спасот.

Еволуција на педагошка прогресивност

Прогресивна настава од 2000-та: не ги тепај и не им викај на децата; прогресивна настава од 2022: - доживотно трауматизирај ги децата.

Конгресот има да биде совршен во милиметар

На 16-ти октомври ќе се одржи 20-от Национален конгрес на кинеската комунистичка партија и на него ќе има 2.296 делегати кои меѓудругото се очекува да го продолжат владеењето на Ши. Конгресот се одржува на секои 5 години.

Багерист филигранџија

Да не знаеш што повеќе да те напне, колку прецизно работи багеристов како хирург да го оперира тоа асфалтот, или тоа што во цело видео се појавуват вкупно тројца луѓе, наместо стандардните 10 работници плус 5 надзор што кај нас ги има и за менување сијалица, и сето тоа завршено за неколку дена а не вообичаените 15 до 20 работни денови. Па ко малку да нè нервира, на крај уште и зема зачисти.

Црната дупка на човечката лакомост

Изморен и ненаспан канцелариски работник, работејќи доцна во ноќта на фотокопирање документи, несакајќи создава црна дупка. Можностите се чинат бескрајни. Ќе успее ли да извлече максимум од неговото чедо? За жал, да.

„I Have a Dream“-от на Кондолиза Рајс

Да слушнете изјава на државниот секретар на САД и секретар за национална одбрана од ерата на Буш, Кондолиза Рајс, од 2014 година. Тек да видите од кога некому му биле јасни работите, колку значи да се има стратегија, па да се работи на тоа, па да ги имаш вистинските играчи на терен, па некои шест години подоцна да дојде време да прозвучиш „визионерски“.

Комунална хигиена Портланд

Дечко што работи на чистење на улиците на Портланд покажува едно од складиштата каде што се наоѓаат канти преполни со издробени остатоци од шприцеви што ги собрале низ градот.

На пресот на ОПЕК летаа шамари за Ројтерс

На прес-конференцијата во Виена новинарот на Ројтерс имаше прашање за саудискиот министер за енергетика, Абдулазиз бин Салман ал Сауд. Истиот министер кој во два претходни наврати разговара со Ројтерс, а Ројтерс не пренесува ништо како што тој кажал. Министерот реши дека нема што и трет пат да разговара со претставник на агенцијата.

Две различни подготовки за живот

Работата е стигната до таму што од прва секунда знаете кое видео од која држава е.

Кина го плаши народот од комар

Пораката на кампањата против коцкање што се тера во Кина не е баш апла дека коцкањето е лошо, туку повеќе е „не знаеш какви сè преварнти ги има по тоа масите“, а видеата за нејзе се главно од местење карти.

Пимплање идеологија, затоа што диета не е решение

Едно е „прехранбената индустрија става шеќер во сè“, сосема друго е „епидемијата на дебели не постои и ја измисли капиталистичкиот систем“ + расизам.

Од војната што не е популарна

Иако пред само неполна година се потпиша мир во кој Ерменија изгуби добар дел од својата територија и мораше да му ја отстапи на Азербејџан, на терен војната меѓу двете држави уште трае, и од нејзе деновиве се појави КРАЈНО ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО во кое азербејџанска војска егзекутира заробени и разоружени ерменски војници.

Украинската војна не е стигната до шаторите на Октоберфест

Германците годинава едвај дочекаа да почне Октоберфест кој заради ковидот две години беше под блокада. Иако пивото и месото гарантирано им се свежи, музичката плејлиста многу наликува како да не е апдејтувана од пред пандемијата.

Радо оди Дагестанец на мобилизација

Дагестан е една од републиките во која имаше и улични протести против мобилизацијата, но тоа не значи дека сите се против мобилизација, некои се целосно свесни за должноста што ја имаат кон државата, ама ете ги тера баксуз периодов.

Солзите на Џордан Питерсон

Не е првпат да попушти рационалната фасада и когнитивната одбрана на професорот. „Многу луѓе одамна ми се имаат з'гнато,“ ќе рече тој кај Пирс Морган за најновата навреда на негова адреса, онаа на Оливија Вајлд која го нарече „херој на осамените дркаџии“. „Да, зошто да не? Зарем маргинализираните не треба да имаат глас?“, прашува Питерсон, овојпат со насолзени очи.

Како доаѓа и како си заминува ураганот

Сè започнува со празна улица и сè завршува со уште  попразна улица, помеѓу се случува сила која е непоимлива за човек што го не го преживеал ова. Снимкава е од ураганот Иан што ја зафати Флорида, а нивото на водата што ќе го видите е 4,5 метри.