Разно

Камала на празен гол почна да промашува

За малку од малку да ѝ го реанимираат рејтингот, на потпретеседателката на САД почнаа да ѝ ги местат најлесните обврски. Пример, додека Пелоси на 200 години ризикува почеток на војна со Кина, Камала доби задача да ја посети Јужна Кореја, да каже протоколарни збор-два и ако може, да не го згреши домаќинот. Толку.

40.000 работници чекаат да ја приклучат Флорида на струја

Илјадници екипи се на готовс да влезат во деловите од Флорида што беа најпогодени од ураганот Иан и да почнат со враќање на струјата на домаќинствата и фирмите, за народ да почне нормално да живее. Штетата во пари од ураганот Иан е неброена, ама таа ќе ја покријат осигурителните компании, кај човечките жртви, билансот е најмалку 10 загинати.

Бразилски парламентарни избори се нешто сосема поинакво

Ким Катагури е кандидат за пратеник во бразилскиот парламент од Движењето слободен Бразил. Не знаеме каква програма и платформа има Катагури, ама знаеме каква изборна кампања има. Катагури е тој без периката.

Си-ен-ен веќе не може да наметне агенда ни на временска прогноза

Дон Лемон од Си-ен-ен во разговор со експерти за урагани пробува ураганот Иан да му го препише на глобалното затоплување. Првиот пат е учтиво одбиен, вториот пат е научно одбиен.

Хаваријата во Балтичкото море од блиску

Шведската морнарица објави прва снимка од блиску од ерупцијата на природен гас од Северен тек на површината, и видеото изгледа како Балтичкото море да почнало да зоврива. Инаку, дупките уште се активни и за сега нема никаков рок за санирање на гасоводите или прекинување на истекувањето.

Изложба „Мерцедеси на трупчиња“

Локација: салон на Мерцедес во Гронинген. Автор или група на автори: непознати. Техника: дигалка плус крцкалка или батериски одвртувач. Време на изведба: кратко.

Ова е од пред само една година

Во 2021 (лани) сосема нормално, природно, дури и поздравено беше тоа што градоначалникот на (релативно) најголемиот град на светот, Њујорк, седна пред камери и им нудеше на луѓе гратис помфрит и хамбургер како награда за вакцинирање.

Нов Октоберфест, нови херои

За да ви биде појасен подвигот на келнерките на Октоберфест што мкнат по десет криглишта од по литар и пол, треба да видите како мажишта се снаоѓаат со по една кригла со слична литража (или па пробајте сами).

Руско-грузиска граница деновиве

На границата меѓу двете земји има 20-километарска колона (во насока од Русија кон Грузија) каде се чека и по 40 до 50 часови, формирана во деновите откако Путин објави делумна мобилизација на руските резервисти. Башка тие што одат пешки, на точаци и слично.

Сè се рачуна

Вие и сите други не мора, ама Кинезите водат есап за сè и за секоја средба што ја имаат со Американците и кој кого натерал да се наклони макар и за неколку степени на неколку моменти.

Шулц го објави на Јутјуб најдобриот стендап за годинава

Ниту ги имаме гледано сите стендапи што излегоа до сега, ниту ќе ги изгледаме сите што ќе излезат до крај на годинава, ама насловот и понатаму држи, „Infamous“ е најдобриот стендап што се појави годинава, и сега го имате беспари на Јутјуб.

Младост, републиканска лудост

"Само затоа што се родил во некоја фамилија, да биде на чело на државата? Нели е тоа срамотилаци?“ бунтовно ќе праша Лиз Трас во 1994 година, страсно барајќи укинување на монархијата. Истата Лиз Трас која стана премиерка на Велика Британија, ракувајќи се со кралицата Елизабета, два дена пред старата да се одјави.

Кратки пораки за спас на душата

Дали знаете што значи SMS? Ги праќате по цел ден. Short Message...и? Знам што значи. Тоа значи Save My Soul. Луѓето денес праќаат СМС-и како што ние праќавме С.О.С. Бидејќи се сами, а сакаат да бидат со некој.

Пирс Морган јадеше плескавица пред веганка

„Ако толку ги сакате животните, зошто сте упорно рамнодушни за фактот дека милиони пчели биваат уништувани само за да можете вие да ги имате своите авокада и млека од бадеми?“, ја праша Пирс Морган својата гостинка веган, пред сочно да загризе во својот Биг Мек. „Вие сте лицемери а јас ќе јадам што сакам.“

Тајните на среќниот брак

На темата разговараат супер интересни ликови од интелектуалната „не-левица“. „Може ли кругот да тргне од оваа страна, да не мора да зборувам после Џордан Питерсон?“, праша Мет Волш. 25 одлични јутјуб минути.

Закерберг изгледа како да може да те истепа

На гостувањето кај Роган, Закерберг спомна дека тренира различни ММА вештини и како посебно му се бендисало бразилско џиу-џицу. Сега на интернет се појави видео од неговите тренинзи, и изгледа како на Закерберг да му инсталирале апдејт за тепање.

Што можеш да купиш во Торонто за 1,95 милиони долари?

Ај што куќава е тесна и долга ко вагон, ај што сè е мало, ај што е прескапа, ама биваше ли за речиси 2 милиони долари да добиеш ВЦ шоља во спална?

Домородното население на Лос Анџелес прв пат виде пожарна

До следниот пат веројатно ќе научат и дека треба да се тргнат од патот кога поминува пожарна, без разлика колку мислат дека е нивна улицата и дека прават нешто важно.

Холандските земјоделци уловија нови провокатори од полиција

Освен истрајноста, една од работите во која се прилично успешни холандските земјоделци во своите протести е во толпата снајперски прецизно да препознаат кој е инфилтриран полицаец во цивилка со кој знае каква агенда (од кодошење до ескалирање немири). За сега провокаторите се вадат во последна минута благодарејќи на полициски комбиња.

Макрон: Истoк да не с'ска на војна

Макрон прозва неколку земји од источнoто крило на ЕУ (се препознаа Полска, Чешка и балтичките држави) како највоинствени елементи чие однесување носи ризик за проширување на конфликтот со Русија. „Брисел нема да дозволи тие да ја одредуваат политиката на Европската Унија кон Русија“, порачува францускиот претседател.

Во Лондон почнаа да се разбираат со чекани

Едни лондончани на скутери, други со Бугати. Овие од Бугатито имаат секаква дополнителна опрема, овие со скутерите имаат чекан.

Полска во ред за јаглен

Богданка е еден од рудниците за јаглен во Полска. Ова стандардно целосно незанимливо место од пред 5 дена е под целосна опсада на Полјаци кои со денови чекаат пред порта за да товарат јаглен за зимава. Пред некој ден на колоната и беше инсталиран и тоалет.

Газда, е овој келнер да го чуваш

Дечкото заслужува по кратка постапка да биден примен во келнерската Куќа на славните. Да ти е мерак да му нарачуваш само за да го гледаш како носи.

Нешто за анкетите и резултатите

Старо анкетарско правило е дека анкетите не лажат, само исходот од нив зависи од тоа во кој правец ќе ги тераш. И не ова нешто ново, еве проблематиката нека ви ја објаснат од „Yes Minister“ од 1980-та.