Разно

Што сè има во вашето кафе

Да речеме дека го пиете без шеќер и млеко, тогаш 98% од вашата чаша е полна со вода. Останатите 2% е она каде што е магијата и добар дел од некои од најотровните состојки на светот.

Слобода на ќотек на медиумите

По сите правила не е убаво да удавиш новинар во река, ама... некогаш има некои што ако им дозволиш буквално на глава ќе ти се качат. Секоја чест за дечкото (не новинар) што истрпи сè во име на информирање на јавноста.

Големиот визуелен ефект

Пред и потоа на Големиот Гетсби. Светот во сино и зелено, наспроти светот во визуелни ефекти. Компјутерска магија за почит.

Интервју со Satchel Mouth

Отпосле анимирано интервју со Луи Армстронг (како она со Морисон), направено пред многу години со дечишта за едно средношколско радио. Затоа, нека не ве чуди што нашле да го прашуваат какви гаќи носи.

Д Учителка

Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.

Интернет дискусија

Исто како и кај интернетот, и зад ова стојат вонредни количини на генијалност, памет и знаење. Исто како и кај интернетот, и тука целата таа технологија и знаење не гарантира дека на крај ќе добиеме какво било унапредување на човештвото. Изберете која страна сакате од дискусијата.

Сцени од Авганистан

Американскиот новинар Пи Џеј О'Рурк, своевремено изјави: "Добрата работа кога си новинар за весници е што ти е дозволено да клекнеш. Додека камерманите ги убиваат, новинарите лежат залепени за патос." Војната во Авганистан веќе наполни 12 години, ова се некои од снимките на камерманите кои беа дел од американските единици на теренот.

Градоначалничка навреда

Можете ли да замислите македонски градоначалник кој својата потреба да навреди некого ќе ја срочи во следнава реченица: Големи мрзливи протоплазмични безрбетни амеби (Great Supine Protoplasmic Invertebrate Jellies)! Борис Џонсон, лондончанец.

Џими Кимел го уништи и денот на таткото

Од наша гледна точка главното прашање ни е дали децава мислат дека некако се отпорни на ќотек?

Ќотекот од филмот е излезен

Една глатко стокмена монтажа на 98 филмски тепачки за памтење (и не толку за памтење), филигрaнски споена со "Kickstart My Heart" од Motley Crue.

Пивската чаша што може ќе го спаси човештвото

Минатата недела дадовме предлог за друштвена игра во кафана која сериозно треба да го унапреди делот со дружење, за сметка на делот со стискање по смартфони. Бразилците отидоа еден чекор понапред и најдоа сосема друго решение во форма на чаша за пиво.

Клетници виа Таксим

По 3 недели демонстрации Турците свртеа на песна, и тоа најреволуционерната што можеа да ја најдат од Клетници. Имаат цел хор, а дел од песната е и адаптирана на турски.

Британска медиумска школа

Највлијателниот американски љубител на завери, радио водителот Алекс Џонс знае да биде ужасен гостин кој лесно ги ремети своите соговорници. Последен тоа на своја кожа го осети Пирс Морган на Си Ен Ен. Ама, овојпат Џонс налета на стар волк од Би Би Си кој виде дека овој нема да престана да вика па емисијата ја одјави со реченицата "Денеска во емисија имавме идиот".

Најде!

Којзнае поради каков зорт, пилотов мора ургентно да слета, во планинска област, па некаква котлина, ама населена...

Бразилско пајдушко

Се појавува пред десетина години, ама дури кон крајот на 2012-та станува меинстрим. Се вика "passinho,"  веќе на големо го играат посебно во Рио, а чекорите ќе ги видите сами.

Пружање рака

Видете вака, постојат луѓе кои заради извесна физичка попреченост не се во можност да ги процесираат своите либидоносни пориви ниту во форма на авто-реализација. Првенствено заради нив постои компанијата "Бели раце" чии девојки се специјализирани за пружање асистенција при ејакулација. Да, знаеме дека ова можеше и пократко да се објасни ама сè во приказнава е така греота.

Интерактивни знаци крај патот

Иво Андриќ не ни можеше да сонува дека ќе дојдат генерации кои кога ќе наидат на неговата книга "Знаци крај патот" најнормално ќе се запрашаат: а за која верзијa се раскажува?

Реакцијата на Црвената свадба

Последната епизода од Игра на троновите беше една од најневеројатните парчиња телевизиска програма веројатно во целата историја на тв сериите. Луѓето што знеа што ќе се случува (што ги прочитале книгите) решија да ги снимаат реакциите на своите пријатели. Конан ова му го пушта на Џорџ Р. Р. Мартин.

Од точка А до точка Б

Човекот го занимало каков пат проаѓа една пратка, низ колку раце минува пред да стигне до саканата адреса. Па ставил камера со тајмер во неа и еве го погледот од неговата кутија.

Се роди патриотот во него

За време на прослава на ученичкиот оркестар на малиот му паѓа чинелата. Друго дете ќе се наведне па ќе ја земе. Тој реагира поинаку.

Како се апси во Русија

Колективно апсење на илегални имигранти во едно предградие на Москва. Штета што нема да разбереме како успеале да ги натераат да бидат волку послушни.

 

Маѓепсување крстозбори

Решавање крстозбор е тешко, создавање крстозбор е мака, создавање крстозбор по американски правила (дијагонални црни коцки, без зборови од две букви...) е пекол. Ова што го прави дечкото не треба да е возможно.

Спин докторот од кујната

Мајката го седнува малиот да јаде. Малиот на пол позиција. Пред да почне сака да ја праша нешто. Во рок од две минути успева да се извади од јадење на вечерата, комплетно да и ги поремети сите уверувања и животни филозофии околу храната и на крај прави таа да заплаче. И сето ова му успева без ниту да писне.

Гласот на тивките деца

Нашите златни деца знаат да бидат брутални идиоти кон други деца. А жртвите често молчат за тоа. Каин Смит решил да не молчи. Има 11 години и долго косиче. Е добро, мајка му е лезбејка, па што?