Разно

Човекот што го прави најдоброто парче леб со путер

За тие што го гледале "Jiro Dreams Of Sushi," дечково е како Џиро, ама за леб и путер (за другите, под итно да го гледате). Се вика Ден Ричер и по цела кариера како готвач на најразлични врвни компликувани јадења, сега се има посветено на правење леб и мачкање путер. Има цела филозофија околу работата.

Судовите некогаш се луксуз

Јес да сме ви ние легалисти до коска, кога ќе го изгледате видеото (иако е со хепиенд), единствената дилема може да ви биде: стрелање или инекција.

Така расте Европа

Стара народна италијанска песна која често им се пее на деца. Потекнува од Првата Светска Војна и е нешто помеѓу македонската "Вака ли бе Цвето?" и Штулиќевата "Усне вреле вишње". Плус малку ПТСД синдром од која страда и главниот јунак Марио и далеку повеќе од него, неговата екс драга. Наравоучение: Батали курвата, да живее Италија! Невердлес, убаво анимирано. 

Зошто Холандија не се вика Холандија

Да ја викаш Холандија - Холандија, е исто како да ја викаш Македонија - Малешевија. Правилниот назив е Nederland, што кај нас би било (нешто како) Низоземија или Низинија. Еве зошто:

Најтензичниот ЈуТјуб готвач

Наратор кој со морничаво смирен тон на гласот коментира една од најретките појави на денешницата - маж како сече работи со лажица (ананас, риба, краставица, авокадо). Нешто како Ентони Хопкинс да коментира епизода на Храна и Вино, само многу побесцелно.

Здипл. инг. маица

Не мора да сте инжинер па да ја сфатите оваа картонска измислица која машински прецизно ќе ви помогне да си ги здиплите расфрланите маици.

Сепак се движи

Пред две години, отказ во Дизни даде Глен Кин, легендарен аниматор кој има работено на Ариел, Аладин, Покахонтас, Тарзан и Ѕверот. Кога сите се помирија дека човекот изгледа дигнал раце од цртање, испадна дека работел со една група на Гугл во Сан Франциско. Дуото Кин - Гугл има одлична иднина.

Како да ја преправиш својата Фејсбук историја

Откажувањето од оваа друштвена а анти-социјална мрежа не е ич лесна работа а и ако се снајдете во линковите, цела процедура за ваше исчезнување може да потрае 90 дена. Во меѓувреме, можете да ги исправите правдите и неправдите кои сте правеле во минатото. Сте лајкале некого што после испаднал говно? Такви работи. Има како и да се правите ретроактивно паметен и на Твитер.

Камера капка по капка

PhantomFlex се вика камерата. Има резолуција од 4К и снима со 1.000 фремови во секунда. Вака изгледаат првите снимки направени со неа.

Џихад што мава на розевко

Група милитанти од Сирија (главно младеж кои ќе изгинат ко пилци) обучувани од својот воинствен водач како да одземаат животи на неверници и слично. Потоа, тие ќе заминат во рајот а тој ќе продолжи да си црта срценца на тетратката со "Хелоу кити" која ја има пред себе. 

Bayhem

Или умешноста на снимање филмови на Мајкл Беј. Рецензијата е за неговиот комплетен стил, а самиот автор на видеото признава дека е ужаснат од тоа како Мајкл Беј ги снима филмовите и како тие изгледаат. Ама сепак му признава дека знае што прави, што сака публиката и дека е конзистентен.

Машината што јаде дрва

Едно од оние зен видеата во кое гледаш други луѓе како работат. Овие работат со тешка машинерија чија единствена цел е претворање на здрави и стоечки дрва во ништо.

Чак Џонс го црта Душко и Којотот

Две видео делиции за фановите на цртаните филмчиња. Маестро Чак Џонс лично. со придружни коментари ги црта Душко Долгоушко и Којотот (Брзата птица не ја спомнуваме од што не ја поднесуваме).

Фејсбук

Затоа што никој не може да направи да ти биде склет, како што ти сам можеш да си направиш кога изигруваш стражар на Фејсбук.

Сè или корпа

Предизвик: да натераш девојка што прв пат те гледа да влезе кај тебе во кола. Предизвик мастер левел: треба да ја натераш да влезе без да и кажеш ниту еден, единствен збор. (Нормално и да не биде на сила). Користење читови: колата е Ламборџини.

Лекции по историја: Зошто Бетамакс изгуби од ВХС?

За тие што зборовиве во насловот ништо не ви значат, глупо е допрва да проверувате на Википедија. За вас другите, една од причините е што буквално е полесно да шверцуваш ВХС видеорекордер отколку Бетамакс. П.С. Овие со авторските права уште пред 30 и кусур години биле истите плачковци ко денес.

Од дизајнерот на Ф-15 за тоа колку е глуп Ф-35

Човекот кој работи на Ф-15, а потоа е дел од групата која ги поправа сите дизајнерски грешки на Ф-15 и го создава Ф-16, седи и 10 минути го растура секој можен аспект на Ф-35, најновиот воен авион на САД. Зошто видеово? Затоа што: открива некои основни работи за воените авиони, објаснува како "стелтот" всушност никогаш не работел и ова го знае цел свет, а објаснува како и армијата е обична бирократија (со многу пушки) која само гледа зграби што е можно повеќе пари.

Како да извадите што сакате во Фотошоп?

Генерално постојат два клучни проблема со денешните фотографии. Првиот е што ги има премногу. Вториот е што на нив може да се најде работа која не сакате да ја видите. За првиот проблем не можеме многу да помогнеме.

Што се случи вчера со ТвитДек

Дечкото мисли дека ова разбирливо го објаснува, ама премногу е возбуден и премногу е програмер (а ти не си) за било што од ова да ти биде разбирливо. Сепак, генерално е гневен на ТвитДек што оставиле аматерски безбедносен пропуст во својата апликација, што "никогаш, никогаш, никогаш, никогаш... никогаш, не требало да се случи."

Феноменалната презентација што не доби ниту еден аплауз

На видеово единствено лажно нешто е водителката, која е актерка, а не специјалист за маркетинг. Сè останато, секој збор што го кажува за храната и маркетингот се чисти факти. И публиката е вистинска и нејзините реакции се тотално автентични.

Полициска бруталност, Норвешка

Продолжува скандинавската недела на офф.нет.мк. Овој пат двајца норвешки полицајци се справуваат со еден прилично непријатен локален алкос. Треба да се има предвид дека постапките на полицајците се под влијание на целиот товар на одговорноста од нивната работа, стресот од секојдневното справување со криминалци и генерално стравувањето за сопствената безбедност.

Сè што е погрешно во "Гравитација"

Водителот на Космос, Нил ДеГрас Тајсон, натенане ги мези сите научни и драматуршки небулози кои ги има во еден од најголемите филмски хитови од 2013-та година. Се откачуваат од јажето и Клуни заминува? Не баш.

Јужна Кореја против затната ВЦ шоља

Да беше до нас, ние можевме да смислиме само многу поголем одзатнувач на ВЦ шољи. За среќа, Јужна Кореја не чека некој други да и ги реши домашните проблеми со фекалиите. Плус, вака изгледаат некако многу паметно пред цел свет. П.С. боја е.

Лесно е да си жена, сè додека маж не проба како е

Алтернативна реaлност во која сè е потполно исто, само што жените и мажите ги имаат сменето улогите (во општеството, не биолошките). Жените се нафрлуваат и довикуваат, а мажите се послабиот пол, возат колички и им треба заштита. Ќе видиш, исто е, ама не е исто.