Традиционален тоталитарен татко: јас подобро знам од тебе што ти сакаш, и затоа во недела мора да одиш кај баба ти на гости. Пост-модерен неавторитарен татко: не те присилувам да ја посетиш, и би сакал да дојдеш со нас само ако ти така одлучиш. Жижек објаснува зошто второво е далеку полошо од првото, па продолжува за политичката коректност.
Среде овие историски мигови за татковината, да се потсетиме дека и Америка имаше сличен проблем со агресија од Канада. Ако треба да кажеме дека видеото е пародија, тогаш изгледа малку доцниме.
Приказна за 6-годишниот напор да се организира меч меѓу 5-кратниот и непоразен светски шампион Флојд Мејведер и 8-кратниот светски шампион Мани Пакијао. Мејведер има 38 години, Пакијао има 36. Мечот е прогласен за "Борба на столетието" и ќе се одржи на 2-ри мај.
Човеков не е за да работи како полицаец. И не затоа што некој може да му се прикраде од зад грб и скоро четири минути да го снима без овој ништо да посомнева, туку од многу почовечки причини. Снимано е во Националната библиотека на грузискиот парламент.
На нешто што се нарекува Југо-западен фестивал на косењето во Сомерсвил (да беше по македонска номенклатура ќе беше Косијада во Соверсвил) се одржува натпревар меѓу косач со старомодна коса против косач со оние моторните коси што ги користат кај нас на кеј и по паркови. Ова е дуелот.
Вториот претседателски обид на Хилари Клинтон е најновата фаза во нејзината интересна политичка кариера. Во минута ипол, најважните фази на овој лик и дело.
Во центарот на Каракас, Венецуела постои еден 45 катен облакодер, недовршен и напуштен. Но, пред 8 години, луѓе почнуваат да се доселуваат во него. Фотографот Иван Бан na ТЕД покажува на какви сè неочекувани места луѓе прават свои домови.
Целиот систем за надзор и следење во САД е регулиран преку Патриотскиот закон, кој на властите им ги дава сите овластувања и можности што им требаат за да следат што ќе им текне. Во јуни годинава им истекува рокот на одредбите од законот и ќе треба да се гласа за нивно продолжување. Во април годинава Џон Оливер прави анализа на темата, по пат не заборава да му посвети внимание ниту на Едвард Сноуден.
Со помош на инверзно 3Д принтање, досадните коцки мраз кончено стануваат занимливи. Машинчето го бруси мразот според саканата форма а конечното полирање го прави пијачката.
Сали и Џек се млада двојка. Еден ден во својот двор откриваат чуден феномен кој прави дупликати од живите организми. Сали почнува да ги користи предностите на откриеното чудо, а на Џек уште од почетокот му е шубе. 11 минути.
6-ти натпревар од НБА финалето 1998-ма. Чикаго води 3 - 2 во во натпревари, и гостува во Јута. Триесетина секунди до крај, Јута ја има топката, нов напад и еден поен разлика, личи како да ќе извадат и 7-ми натпревар. И тогаш, Џордан.
Што би правеле ако еден ден се пробудите и сфатите дека целиот свет (целиот!) ноќта ве сонувала баш вас? А ве сонувала - лошо. 18 минути, зезнато филмче.
На 30-ти март 2005-та, на 37 години почина најсмешниот човек на светот - Мич Хедберг. Следниот ден, неговиот колега Даг Стенхоуп на својот блог напиша: "Не знам како умре Мич. Знам како живееше Мич и тоа живееше брилијантно и според сопствени правила. Бројот на години до неговото име е само податок. Содржината на тие години е инспирација."
Има 31 година, и кон крајот на годинава кога Стујарт ќе реши дека е доста, станува новиот водител на Дејли Шоу. Ноа е роден во Јужна Африка, работи како стенд-ап комичар, и имаше неколку настапи како дописник на Дејли Шоу.
"За луѓе кои се толку горди на својата љубов кон различностите, либералите изгледа дека не може да толерираат ништо во своите редови", вели Бил Мар и таквите ги прашува: "Што е поентата да напаѓате луѓе кои се 95% од ваша?"
Смртноста и свеста за неа е една од најужасните придружнички на човечкиот живот а истовремено е она што ја дава смислата на нашите постапки и животни содржини. Што ќе се случи ако некому навистина му биде подарена бесмртност? Како што вели старата мудрост: внимавајте што посакувате, да не ви се оствари. Добрата вест е дека можете да сметате на многу секс. Лошите вести - во видеото.
Видеото не е од некој масовен погон за полнење буриња и буриња со сладолед (не дека имаме нешто против тоа), туку еден човек со подвижен фрижидер и многу брзи раце.
Меѓу непишаните правила на војската е дека не мора секогаш нешто да биде забрането за ти да бидеш казнет. Една од работите за кои редовно стига казна (во зависност од расположение на тие околу тебе) е - спиење во време кога не треба да се спие.