Разно

А ова е дечко ти кога мисли дека е сам дома

Ден после журка за Ноќта на вештерките, едниот цимер заборавил дека другиот е уште дома и фатил да чисти. Овој вториов фатил да снима.

Го знаете ли Аслани, дебелиот?

Ариан Аслани, од Квинс, Њујорк. Попознат како Екшн Бронсон и како таков сериозно популарен; рапови, миксови.... А на каналот Munchies има емисија, нешто како Бордејн. Шета по светот (се гледа во видеото) и јаде (се гледа по него). Интересен.

Силно светнала ноќ

Буричкајќи по ДНК, луѓево создаваат растенија што светат ноќе. Благородна мисија која би заштедила енергија и на убаво би ни го сменила ноќниот пејсаж. Сè додека не решат техниката да ја применат и кај луѓе. Ноќе, некаде кај МТВ, ви текнува?

Класична музика што гори душа

Не дека е некоја вонредно потресна симфонија и не дека вам нешто би ви горело од музикава. Пожарот е кај оркестарот што пробува да ја отсвири "Tango Jalousie" после изедено пеколно љута чили пиперка. Минута и четириесет се на чисто, после тоа (грлом у јагоде) ја лапаат пиперката.

Цел Њујорк сељачишта

Девојка, опуштено денски облечена, шета низ Менхетен. Пред неа оди еден друг лик со ранец кој ја снима прошетката и сите дофрлувања, свиркања и разговори што ќе и се случат по пат. Вака изгледа патешествието.

Како работи руски ортопед?

Видеово на почеток прилично ќе ве шокира, но дајте му шанса до крај, да видите за каков махер се работи. Оној Dog Whisperer од National Geographic е кутар аматер за него.

Канаѓани во напад на расизам

По претстрелката во Отава, белец сред бел ден вербално напаѓа еден муслиман по основа дека е муслиман, дека е облечен како муслиман и дека изгледа како муслиман. Ништо страшно, не се закрвени, само сакаат да видат како ќе реагира околината. Спојлер: реагира канадски.

Медиуми: САД vs. Канада

Комплетно иста тема: убиство на војник во Отава, и пукање во Парламентот на Канада, и како таа звучеше во долниот, а како во горниот дел од Северна Америка.

Враќањето на редарот

Првата седница на канадскиот парламент и првото појавување на Кевин Викерс по пукањето. Ова е дочекот што го доби.

Родителски хорор во една минута

Совет до родителите: не ѕиркајте под креветот на своето дете доколку не сте подготвени да се соочите со она што таму можете да го најдете. Брррр....

Диетата на најсилните од 20.000 калории на ден

Роберт Обертс има 180 кила, и еден од највисоко позиционираните Американци на Стронгмен натпреварите. Јаде ко говедо, ама и вежба ко говедо. Дневно внесува околу 20.000 калории, а во супер-маркет купува како да снабдува детско одмаралиште, со деца кои 3 пати на ден јадат месо. Сметката за неделен шопинг само во супер-маркет му е околу 450 долари. Обожува спанаќ.

Математика за дрва по математика

Пред години и години (кога ние бевме млади) моливите со таблица за множење беа врвното достигнување во светот на криминално решавање тестови / писмени по математика. Ова што го имаат денес прави ние да изгледаме како да сме живееле во турско, ама на почетокот. Ви преставуваме апликација за решавање задачи од книга.

Претопение грешних

Разјарен мажјак сред својот ритуал за потрага на партнерка за парење, одеднаш соочен со еден од своите ретки природни предатори - женско со прашање што боли.

Постојат ли супер херои и што прават тие?

За дете од западната хемисфера, суперхерој е некој што има кул гаџети како Бетмен или пак е толку храбар што му се може да носи гаќи преку панталони како Супермен. Свои суперхерои имаат и децата кои немаат среќа да живеат во таков филм. Нивните јунаци летаат по облаците и им носат вода или пак прават некоја магија и почнува да расте храна од земјата. Брилијантно уловено парче од една детска реалност.

The Norden

Извадок од фински документарец на тема нордиски затвори. Во него управник на Атика затворот од Њујорк (да, тој од филмот) оди во посета на 4 нордиски затвори. Клипов е од затвор Норвешка. Одамна не сте виделе вака вчудовиден човек во години. И вие ќе бидете исти.

Мали бе!

Детево има 8 години. Ако вие познавате некој на негова возраст искористете го ова додека можете, за да му ги унитштите сите претпоставки дека од него треба да се чека да порасне.

Судирот на титаните

Бил О'Рајли ја промовира новата книга. Промоцијата му е кај Џон Стујарт. Промоцијата е само алиби за седнат и да се распердашат за сè што до сега им било на срце.

ГМО-то, доброто и лошото

Бил Нај за генетски модификуваната храна, на многу човечки јазик. Што сме направиле до сега, што сè можеме да направиме и добро и лошо, и што он мисли за целата работа.

Морков

Ви го претставуваме морков, малку постар, ама комплетно еколошки уред кој работи на сончева енергија, има сериозна стапка на компатибилност и дури е и здрав за тебе.

Дечурлана на вечера од 220 долари (од човек)

Шест второоделнчиња од основно во Бруклин ги носат на вечера кај Даниел, еден од најлуксузните ресторани во Њујорк. Вечерата е составена од дегустирање на 7 различни јадења од ресторанот, со ред од предајдење до десерт. Нивна оценка - репете од десертот.

Магарешка пропаганда

Ова видео ќе го видите деновиве на разни страни и главно ќе биде насловено "Американски дрон на видео снимил војник на Исис како ебе магаре'. Прашања од здравиот разум: - Колку дронови наоколу снимаат луѓе како имаат секс? - Како знаат дека црепов е баш член на Исис? - Ако снимката е автентична, нели Бредли Менинг за објавување воен материјал попи 35 години затвор? 

Препотентни дрва на модната писта

Модна недела Милано. Како што е ред сите дизјанери, стилисти, модни блогери и секој што некогаш отворил Пинтерест или Тамблр, е дојден на неделата. Секој е дојден со свое непогрешиво мислење и секој без право да каже - не сум чул.

Искулиран како руски сепаратист

Човекот излезен на цигара и збори нешто за телевизија, а они гаѓаат со ракети и гранати. Па не е во ред бе другари.

Бен Афлек против Бил Мар

Интересен судир во либералниот дел од американскиот спектар на мислења: Бил Мар смета дека Исламот во моментов е главната матица која произведува ставови и практики против основните човекови права и дека е тоа единствена религија која се однесува како мафија, во стилот "ќе те убиеме ако кажеш нешто погрешно." За Бен Афлек тоа е расизам.