Разно

Победувањето во Втората светска војна

Едно од најмрачните видеа за Втората светска војна, базирано чисто на статистики и бројки, без да видите ниту капка крв. Крајна бројка за војната за цел свет - 70 милиони луѓе. Еве како е стигнато до таа бројка.

Сè е ремикс

Ремикс - комбинирање или монтирање постојни материјали за да се создаде нешто ново. Не се работи за крадење, се работи за влијание. Не се работи за музика, се работи за сè.

Политика

Едниот е премиер на Австралија, другиот е главен на опозицијата, а тој што е различен е новинар.
- Се боревме и успеавме да се вратиме со рејтинзи и сега сме на ниво со опозицијата.
- А како би ја опишал опозицијата?
- Како комплетен распад, со докажано минато на некомпетентност, и за тоа не се влада.
- Извини, чекај малку, се боревте за да бидете на исто ниво со некомпетентен распад?

Битката за аеродромскиот Прајд рок

Од очајот на откажаниот авионски лет, сред чекалиштето кое немилосрдно го забавува секој следен момент, се издига дуел на два тешкаши - екипата на бродвејската претстава Кралот Лав, наспроти екипата од бродвејската претстава Аладин. Па каже...

Загарот од твојот мобилен

Тоа што Сири и Гугл Нау сакаа да го постигнат, го постигнува видеово. "Видеово" затоа што ова е прво појавување на концептот, изгледа премногу добро за да е вистина и делумно од љубомора што не можеме да го пробаме. Апликацијата се вика Хаунд (Hound) и автор е компанијата зад СаундХаунд. Функционира исто како колегата од карши, што цел ден го дрвите со секакви прашања, а она па запнал да ви одговара.

Шепкачот на осила

Клучен прв чекор во отстранување на какво било осило е да се замае колонијата и осите да бидат што е можно помрзоволни. Потоа ја чистиш слој по слој. Единствен отпор има кога ќе дојде ред да ја собереш матицата. Важно е ништо од ова да не правиш сам, туку да најдеш луѓе што знаат што прават. Во конкретниов случај мајсторот е од село во Западен Бенгал.

Токио рика

Едни што го изгледаа клипот се фатија за тоа колку е добро снимено видеото, па уште подобро и монтирано. Другите го форсираа текстот, затоа што те тера да се вдлабочиш во видеото и му дава логика. Аргументот на третите беше - вие глуви сте? Инаку, комплетот е разгледница за многуте ликови на Токио.

Најкомплицираната граница во Еврoпа

Белгија во кој било дел од последниве 25 години да ги имаше нашите соседи и нашето место, до сега ќе беше распадната, прежалена и заборавена. За нејзина среќа, се наоѓа кај што се наоѓа, и има разбрани соседи како Холандија, Франција и Германија, па може да си дозволи да се однесува како Белгија.

Џон Оливер: ФИФА 2

Не работата "ви реков," ама Џон Оливер многу аргументирано ја збореше ФИФА и криминалите околу неа уште ланското лето. Ова е апдејтот по минатонеделното апсење на функционерите.

Адвокатот на Гркот

Германците имаат многу што да забележат на видеово (инаку Германско, на ЗДФ, за грчкото барање за репарации од Втората светска војна), ние имаме далеку повеќе што да забележиме кога Грци зборуваат за жртвата на деца протерани од својот дом. Ама и првото и второто не го олеснуваат страдањето што третите го минале.

Ова не е реклама за Најк

Еден од најинтензивните мотивациски говори на интернетов, во изведба на дечкото од сликата. Може да се аплицира за што и да ви треба куражење, а може да го искористите и кога некој од околината ви е кенкав околу нешто. Ем доволно е краток за да го изгледате.

Универзумот и Ти

Бил Нај го објавува најновото истражување на научниците кое ја потрвдува способноста на Универзумот на комуницира со директно со тебе и да ти праќа пораки.

Деновиве пред промени

Од денешна гледна точка, и без разлика колку сте навлечени на носталгија, редно е да си признаеме дека Југославија во споредба со Северна Кореја, била грев во организирање на масовниве кореографии. Како и да е, еве неколку.

Дабл-дабл на Јункер

Жан Клод Јункер подолго се занимава со политка, отколку што ние се занимаваме со држава. Имајќи го ова предвид, после 30 години во европска политка некако природно му доаѓа на човек да почне со џомба понашање.

Минути за Расел

Не може да постојат практични причини да се верува во нешто што не е вистина. Три ипол минути со Бертранд Расел.

Ја сакате ли Лили?

Лили е од оние досадните, што одат по човек и не го оставаат да мрдне без нејзиниот поглед. Ама е идеална за оние кои сакаат нонстоп некој да ги следи за да имаат чувство дека се важни. Таквите плаќаат по 500 долари за да ја имаат Лили. Ќе ви се свиѓа.

Јади како стварно да вежбаш

Првата е жена која крева два пати поголема тежина од нејзината, вториот е маж, новинар, кој ќе се обиде еден ден да јаде како Двејн Џонсон.

Владимир Путин, лидерот од малку зборови

Истиот човек што на пола поп сцена им ги извади зборовите и музиката, сега реши да му посвети малку внимание на Путин. Изгледа подобро од што и да е до сега.

Турско песок кафе

Кафеџилница сред Акаба, Акаба сред Јордан, Јордан сред пустина. По истата логика како што ти ладиш пиво во река.

6 часа Фотошоп во 90 секунди

Ова е дело на Елизабет Мос, девојката што работи како главен ретушер во Реар Диџитал Арт во Њујорк. Видеото се развива на ист начин како што се развива твојот вкус за девојки / дечковци после секое пиво.

Мајчин контра протест

Балтиморски протести. Млад и бунтовен дечко, маскиран и спремен за лута пресметка со полицијата. Но, го наоѓа мајка му....

Трејлер ко трејлер, ист

Барем кога се во прашање филмови во кои земски и вонземски суперхерои се трудат да го пролонгираат нашето постоење на планетава. Чекор 1: широк кадар од град.

Како дете да засака музеј?

Може да се однесе во Музејот на ВМРО (целото име на музејот би ни го исрцпеп сториџот на сајтот) и да зјапа во восочните фигури. А може и вака, ко во Л.А. и тамошниот музеј на уметност: 13 воза, 25 згради, 1.100 автомобили! Скулптура градена цели 4 години. Исто толку време може и да се посматра. 

Харисон, марш од куќава, Форд

Дејвид Блеј (магионичарот) на гости кај Харисон Форд (старо гунџало). Првиов ќе му прави магија на вториов. Вториов не верува во магија. Бирај карта.