Разно

Битка на Балканот

После квалификувањето на Еуро 2016-та, Албанците снимаат документарец за тоа како стигнале до Европско. Насловот на документарецот е Битка на Балканот. Малку претерано епски ама па и не е мало достигнување, ем нивен документарец е, и можат да го крстат како сакаат.

Бил Мар вс. Стивен Колбер

Првиот на гости кај вториот. Разговорот почнува околу стратегијата "сите да ги збришеме од Земјава" во однос на проблемот со ИСИС. До крај, сè што ти е на памет е - овие двајца ко да не се сакале бе.

Татковска победа на денот

Драгоцен муабет меѓу татко и син, спонтано настанат на улиците на Париз.

Како до секс?

Британско видео во кое се објаснува оваа тема на најбритански можен начин. Имаме ли ние консензуална пијачка?

Статистика на стравот

Студентка муслиманка поставува прашање зошто се сее страв од Исламот кога огромното мнозинство верници се мирољубиви и фиљан луѓе. Добива одговор кој Бил Мар веднаш би го потпишал.

Тапа ви-фи

Да ти е тапа ви-фито е една работа. А тапата да ви е ви-фи е сосема друга.

Би го абортирале ли Хитлер?

Наспроти сите јади и беди по светов чие покривање би требало да им се во описот на работата, на CNN се разви дебата дали би го абортирале бебето Хитлер. Старата дилема ја актуелизираше републиканскиот кандидат за претседател Бен Карсон, хард-кор евангелист и конзервативец (оној кој тврдеше дека египетските пирамиди се силоси за жито).

Штитник за мустаќи

Јер мовембар па ќе почнат сите да ги пуштаат, да видиме еден стар но обновен изум кој помага да не се гледа баш сè што јадел и пиел гордиот и освестен носител на мустаќ.

Неколку муабети

Еден глас, премногу ликови, повеќе добри дијалози од цела сезона домашни обиди за комедија. Еден од подобрите и автентични Јутјуб канали што излегол од Балканиве во последно време.

Сам себе го интервјуирал

На свои 18 години дечкото решава да сними дел од неговото интервју со самиот себе. 36 години подоцна конечно седнува да го доправи муабетот. Што е првото нешто кое младиот јас го прашува постариот јас? Нормално: Богат ли си?

Машината што јаде коли

Земаш автомобил и го фрлаш во машинава, цел, сосе мотор, седишта, гуми, осовини и што и да има цел автомобил (да, и кука). Машинава го вади на делчиња (што е поразлична агрегантна состојба отколку "на делови").

Патувајќи до маратон во Њујорк, од Њујорк

Како на човек кој живее во Њујорк, на Кејси Неистат му е јасно дека за се' треба време. На пример дека од дома, во Њујорк, ти треба еден час патување за да стигнеш до стартната линија на маратонот во Њујорк. Не е проблем, сè со ред.

Колку многу не знаеме за зависностите

Што предизвикува зависност од хероин? Хероинот предизвикува зависност од хероин. Ако 20 дена користиш хероин, на 21-от твоето тело веќе има физичка зависност од дрогата. Ама, има и едно "ама".

Поучно филмче за образовните реформи

"Два и два" е кратко и одлично филмче кое пред неколку години беше номинирано за наградите Бафта. Одвојте 7 минути за лекцијата "Колку се два плус два?" 

Мирот во правење столица

Или ние немаме видено или стварно нема нервозен дрводелец. Ако случајно сме во право и сме уденале дека ова второво е точно, тогаш со подеднакво издржана логика заклучуваме дека мирот им следува по основа на тоа што произведуваат нешто со сопствени раце, и тоа што никој не му се качува на глава на човек со секира во рака. Без разлика колку е ова неточно, едно крајно зен видео за целиот процес на правење стол сред шума. Цел, од стебло до столица.

Вие младите...

Инстант сок од портокал, стисни копче добиваш инстант забава, вртиш седум броеви и имаш инстант комуникација, сврти клуч стисни педала и имаш инстант превоз... Или на кратко, нема време во историјата кога старите не кенкале како на младите им е полесен во животот.

Пиштолџијата и нараторот

Како и секоја добра вестерн приказна и оваа почнува со пиштолџија кој влегува во салун, и понатаму нараторот гледа да ја расипе со секој следен збор.

Како се минува пешачки во Ханој?

Улиците во главниот виетнамски град се една непрегледна река од автомобили, скутери и автобуси. Видејќи нема шанси да дочекаш луфта во таа низа, едноставно тргнуваш по пешачкиот. И се надеваш дека нема наш човек зад волан.

Како се слабее со пица?

Без секирација, нема тука никаква дубара. Во оваа варијанта пицата ги содржи сите намирници кои ја прават неодолива: крцкаво тесто, доматен сос, кашкавал, кромид, пиперка, салама по свој избор. Единствен проблем со неа е што може да се случи да убиете некого. Ако ви побара гриз.

Коњ или човек?

Знаеме дека овдешните дилеми најчесто се сведуваат на изборот змија или магаре, но, англиската љубопитност оди во друг правец. Спојлер: нема секс ама трае долго.

Сирија како видео игра

Морничаво чиста и квалитетна снимка од дрон од воените дејствија во Сирија. Маало Џобар, Дамаск, офанзива на владините сили врз бунтовниците. Снимаат Русите. И после бегале луѓето. Како бе да не бегаат?

Светска политика без мажи

Не дека жените се ретки во политиката, уметноста и медиумите, ама вака би изледале сликите кога од нив би се фотошопирале сите мажи. Видеото е на британски Ел, како дел од нивната #MoreWomen кампања.

Како омекна јазикот

Забелешката на Џорџ Карлин е за тоа како е раскашавен американскиот јазик (а штом се случило кај нив, ќе приметите и кај нас како се пренело) најмногу со цел на самите себе да си ја олесниме совеста по различни основи.

Extreme Мakeover: Шахта

Човек никогаш не би поверувал дека видео снимка од поправка на една шахта може да го трогне. Толку љубов, знаење и педантност, како да репарираат слика од Да Винчи! После ова, ќе ви дојде да отидете до првата шахта во вашето место и да се изнаплачете заедно со неа.