Разно

Последните видеоснимки од Ниче

Видеозапис од последните денови на Ниче, откако германскиот филозоф доживеа комплетен ментален колапс, тоест полуде. Нема ништо шокантно во снимките, па сепак се тажни и некако длабоко вознемирувачки.

Судија на денот

Без помпа и надмени јуристички паламудења, судија кој не заборавил дека пред себе има и луѓе, а не само закони.

Време е за пролетно копање

Досадната зима полека се повлекува а вредните раце на македонските урбани земјоделци едвај чекаат да ги засукаат ракавите и да ја подготват својата бавча за предизвиците на повисоките температури. На здравје копање и афтер копање.

Охрид експрес

Некаква прастара македонско-британска репортажа од 1972 година по повод "охридскиот" воз што проаѓа 60 километри за 3 часа, чиј главен лик е железничарот Петре, неговите филозофски дилеми и зенот и идилата што се вика живот во Охрид во 70-те.

За Бугарија, барем во први десет

Бугарија го продолжува финиот европски тренд на успокојување на новиот американски претседател, покажувајќи ги убавините на својата земја и тоа ѓубрето од држави што ја опколуваат оваа убавина.

Ханс Рослинг 1948 - 2017

Ние го памтиме по два совети: 1. "Немој да ги користиш медиумите за да го разбереш светот" и 2. "Не смееш да се споредуваш себе си со Швеѓаните... мора да имаш поголеми амбиции во живот." Светот го памети Рослинг како доктор, професор на Каролинска Институтот, автор на неколку книги, говорник на ТЕД, гуру за статистики, член на Шведската академија на науки и голтач на мачеви. Рослинг почина 7 февруари, една година откако му беше откриен рак на панкреасот.

И глуп да си, белец да си во Америка

"Отворено носење" (open carry) e правото на сопствениците оружје да го носат истото без да го кријат, на пример да го опнат на рамо или на половина, наместо под палто. Ликов не само што практикува отворено носење, туку на себе има обесено Калашников и пиштол, на глава има ски маска, а целата оваа "масакр во најава" аура ја надополнува со панцир. Се што треба да знаете за ликот е дека реши таков да влезе во полициска станица да поднесе некоја жалба. Којзнае зошто ова никогаш не му паднало на памет на црнец или Арап во Америка.

Акцентот на Берни Сандерс

Фина анализа на говорот на Берни, во која се мапира првенствено неговиот њујоршки акцент, но и работничкото потекло и еврејската жичка во него. Не, тоа не значи дека ако си девојка од Скопје, може да кажеш: Лиле беее, куга ќе дојде прулет?

Далеко е Сеул

Ниту еден извештај од ниту една организација не може да ти здрви таква цивилизациска заушка како кога ќе видиш како реагираат обични луѓе во реална ситуација во некој друг дел од светот, без тоа да биде кореографирано. На пример, сообраќајка во тунел во Јужна Кореја.

Трејлерите на Супер боул

Меѓу рекламите за кои се плаќаа 5 милиони долари за 30 секунди (166.000 долари за 1 секунда емитување, секунда што во МКД-размери тежи колку фирма што прави по речиси 14 илјади долари месечно), имаше и дузина трејлери за блокбастерите што треба да се појават годинава: Гардијанс, Пиратите од Карибите, Брзи и бесни. Собравме неколку од нив на куп.

2 февруари 1943, крај на Битката за Сталинград

Еден детаљ од крајните денови на Битката за Сталинград: ... Германците развија техника во која на прозорите ставаа мрежа од жица за да се заштитат од гранати. Советите одговорија со ставање јадици на гранатите за тие да се закачуваат на мрежата...

Деца, да ви каже тато нешто

Татко ги седнува двата сина на маса наместена со шампањ и јагоди, отвора торба и на двајцата им фрла по 900 долари и по еден ајпад, им кажува дека освоил 20.000 долари на лото. Технички ова е точно, во пракса поточно е дека освоил 2,7 милиони долари, ама, полека.

Дует од дневна соба

Тој има 29, таа има 4 години. Тој и е татко, таа му е ќерка. Тој свири на гитара, таа пее. И заедно се неодоливи.

Што ако сите луѓе на светот живеат во една зграда

Идеја што може да дојде само од некој што не собирал пари за лифтот, пари за поправање на пумпата за парно, пари за домофон, се нема расправано со тие од први дека и они треба да плаќаат за лифт, ги нема пцуено комшиите дека оставале ѓубре пред врата или нема фрлање овошје од балкон опремен со вечната мудрост "органско е ќе се распадне".

За ѕидот на Трамп

Веројатно единствената замисла што звучи по излудено од "Претседателот Трамп" е идејата за изградба на ѕид меѓу САД и Мексико. Првата работа се случи, втората е ставена во забрзана постапка да се случи. Мексикански архитекти направија компјутерски модел на ѕидот која комплетно ја доловува неговата бесмисленост.

Колку е добро да се дебелееш

Не е ова наш муабет, него на Метју Меконахи. За неговиот лик во "Злато" Меконахи се здебелил 21 кило. Како? Од пица еднаш неделно на скоро па секојдневно, плус многу десанти на фриждерот на полноќ. И така 6 месеци.

Денот на инаугурацијата на лошата синхронизација

Ова никогаш нема да биде досадно. Што зборуваа Трамп и Обама на скалите, Хилари и Буш на трибините, Трамп и Меланија за време на првиот танц.

Зошто има онака нездраво дебели Американци

Една од причините е тоа што компаниите кои произведуваат храна сами решаваат за која употребена состојка ќе побараат одобрение од регулаторот. Ако не побараат, никому ништо, таа оди директно на рафтовите.

Силно светнал ден

Многу - ама многу! - корисна апликација за луѓе кои имаат проблеми со видот. Телефонот ги препознава работите во околината и ги кажува. И не само што ќе ви каже дека имате куче пред себе, туку и кој модел е и колкаво е отприлика. Во следната верзија можеби ќе каже и дали кучето ве гледа попреку. Браво, за сите пари.

Порака од холандската влада до Доналд Трамп

Прво, ова не е порака од холандската влада. Второ, бисери како: „...изградивме цел океан меѓу нас и Мексико... никој не гради океани подобро од нас... и океанов е толку голем, што можеш да го видиш дури и од Месечината... и ги натеравме Мексиканците да платат за него“.

Тихи, Прле и Белградската филхармонија

Воведната шпица од Отпишани во филхармониско пакување. Нема многу што да се каже, има многу што да се чуе.

Тркалезна маса на денот

За оваа дебата ќе ви кажеме само две работи: кои се учесниците и колку трае. Тука се: Оливер Стон, Дензел Вашингтон, Мел Гибсон, Бери Џенкинс (Moonlight), Демиен Шазел (Whiplash, La La Land) и Мира Наир (Queen of Katwe, The Namesake). Муабетот трае еден час и седум минути. А сега вие слободно кажете: Саат време? Многу е.

Историчарот Путин

Рускиот претседател и неговото видување за светогледните разлики меѓу Американците и Русите, за вредните страни на американската дипломатија и нејзината опачина. Можете да му наоѓате мани на историчарот Путин сè додека не помислите како ли историјата му изгледа на неговиот колега Трамп: "На почетокот беше ништо. И после победив јас".  

Разумност во 2 минути

Бајден за време на една од потпретседателските дебати пред 4 и кусур години, ставен меѓу неговиот избор на црква и ставот на истата оваа црква во однос на абортусот.