Разно

Проблемот со заљубеноста на медиумите во ракети и бомби

А Американците удрат некоја арапска пустелија со Томахавк, МОАБ или што и да е многу скапо и многу големо, снимката со траење на просечна ТВ реклама речиси инстантно станува мантра на сите американските новински телевизии. И ова е проблем затоа што луѓе природно почнуваат да навиваат за користење огнена сила за масовно уништување. Плус, и не се разликува многу од тоа кога другата страна на рипит гледа клипови од терористички напади.

Елон Маск како драчевски матурант

Пред 18 години, како млад и надежен милионер (со потпунки) кој си купува нова кола. Една година порано, на весниците им продава платформа за онлајн изданија, за која кешира 400 милиони долари. Денеска вреди 15,6 милијарди долари. 

Имаш 100 секунди да собереш сè што сакаш од продавница за електроника

Продавницата е полна, без правење иле, со Галакси, Ајфони, Мекинтоши, Канони и се што може да има еден маркет за електроника. Ти си со празни раце, и за твое добро, гледај да си со брзи нозе.

Ако сакаш да спасуваш животни само треба да не јадеш пилешко

За годишната исхрана на просечниот Американец се колат 25 животни. Од овие 25, 22 се кокошки / пилиња, па ако престанеш да јадеш пилешко, ќе поштедиш 22 од овие 25 животни, а притоа растот во консумацијата на другите животни нема да биде страшно голем. Кој вика тоа? Активистот за права на животни Мат Бел. П.С. 84% од луѓето што стануваат вегетаријанци, се враќаат на јадење храна од животинско потекло.

Крос-фит атлети вс. балерина

Никој не вика дека овие што вежбаат крос-фит се балерини. За почеток балерините се неспоредливо поподносливи од нив и ни приближно толку не гушат "да видиш денес каква серија пируети сум направила" или "тоа арабеската ама ми тргна денес". Исто така излезе дека ова балет било понапорно.

Пожарникарско, ситно

Кинезите сакаат да знаете дека се подобри од сите нас и дека еден ден цела планета ќе биде нивна. Па вучјак не можеш вака да издресираш ко они што имаат навежбано пожарникари. И уште поважно, за што може оваа вежба да им служи на пожарникари? Изненада да не дојдат сватови со музика?

Меланија - Доналд 2:0

Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд.

Си грешел и ти на работа, ама не како овие

Што е најлошо што си направил? Си пуштил порнич на меил од фирма? Си ја пратил понудата на некој од конкуренција? Си утнал една нула во пописот? Полека малку, дечкиве срушија цела куќа, ама не таа што требаше.

Нит нешто од ова ни текнало, нит нешто ќе запамтиме (3)

Знаете зошто ги објавуваме овие, за да ни се најдат при рака еден ден кога ќе решиме да сме вредни. Додуша, досега не ни притребале ама тоа не е причина да не се надеваме дека... еден ден....

Што заедничко имаат најмалку стресните земји во светот?

Во прашање се Норвешка, Луксембург, Швајцарија, Шведска и Австралија. И сите тие имаа четири заеднички карактеристики. И ниедна не е онаа што ја мислите.

Најсилниот човек на светот и исхраната од 12.000 калории на ден

Брајан Шо е Најсилниот човек на светот во 2011, 2013, 2015 и 2016 (плус еден куп други први места во слични натпреварувања). По неговите зборови: од сè ова кревањето тегови не е најтешкото нешто, јадењето е. Прв оброк, појадок: 1180 калории. До крај на ден треба да ги потепа уште 10.000 калории. И така секој ден.

Зен е кога гледаш како друг одлично работи

Гледано по занает овој би бил столар, со специјалност јапонски спојки. Гледано реално, човеков е магионичар.

10 работи од астрономија што ги мислите дека се точни, а не се

Меѓу нив и тоа дека: Сонцето е жолто (бело е), ѕвездата Северница е најсјајната ѕвезда на небото, тоталното помрачување е ретко, на пладне Сонцето ни е директно над глава и слично. Кој вика дека ова не е точно? Нил Деграс Тајсон.

Како функционира Wannacry

Викендов најдраматичната вест беше појавата на Вонакрај, рансомвер софтверот кој ги енкриптира фајловите на нападнатиот компјутер и бара пари за нивно декриптирање. Нападот беше извршен во десетици држави, а меѓу другите страдаа британскиот здравствен систем и една од најголемите шпански компании Телефоника. Програмот за својот напад искористи пропуст што своевремено бил откриен од НСА, па потоа протече во јавноста како информација.

До левитирањето и по него

Движењево што ќе го видите изгледа како магија, а оваа магија се учи со години и години вежбање и повторување за во еден момент да сфатиш дека можеш да левитираш (да, сукњата ги крие, ама оди повтори го ова со каква сакаш сукња на тебе).

Како да ја лоцирате својата кола?

Со мобилен. Во случај да ви е украдена или (поверојатно) синоќа ви тргнал шутот па сабајлето немате абер каде сте ја оставиле.

Трчањето е најлошиот начин за да станеш фит

Зборат за трчање од типот "важно правам нешто". Ама не е страшно, има решение - спринтови или/и кревање тегови.

Во фабрика за лажни лајкови

Нема потврда ниту детали но приказната оди вака: Русин во посета на кинеска фарма за лажни лајкови и билдање посетеност на сајтови. Велат дека имаат 10.000 мобилни телефони, програмирани да посетуваат веб страници или да маваат лајкови кај што треба. А овие од Офф.нет нека пишуваат ко аргати по цел ден.

Две минути мерак

Немој да очекувате ништо повеќе од производство (боење) на силикон. И немој да очекувате дека сте подготвени за тоа колку е ова магично.

Ако е пренос од избори, нека биде јужнокорејски

Јужна Кореја ја снајдоа предвремени претседателски избори, по импичментот на претседателката Парк Гун Хеј. Јужнокорејските телевизии резултатите од гласањето ги дочекаа како цело време да биле на готовс за неочекувани избори.

Искрениот трејлер за филмот што не го гледаше

50 нијанси потемно, или филмот што не сакаш да веруваш дека жените по дома кај тебе веројатно го изгледаа. Плус статистика колку секс и каков секс има во филмот што треба да биде за секс (спојлер - вкупно 10 минути во цел филм).

Седи да видиш како се работи

Разликата меѓу човек што доаѓа на работа и човек што знае да работи. Првите сме ги изнагледале. Ова се вторите. П.С. кај се купуваат кинески пожарникари?

Сам свој шампион

Затоа што ти ако не се радуваш на твоите победи, кој ќе се радува? Оди па кажи му дека ова и не е некоја голема победа.

Научен ревизионизам

Пред две децении Бил Нај тврдеше дека постојат два пола. Денес на истото прашање смета дека работата е нешто покомплицирана, а половите во нас се како калеидоскоп. Проблем е што Нетфликс го избриша тој дел од стариот материјал. Ваквото ретуширање и цензурирање на научните погледи од минатото е сè само не е научно.