Разно

Сирена за секоја прилика

Добар дел од аудио загадувањето на секој град се автомобилските сирени. Се користат во толку многу различни ситуации а сепак на располагање имаме само една, дифолтна. Како кога би требало сите животни ситуации да ги решавате само со една пропишана реченица. Можеби ни требаат неколку сирени, за понијасирано комуницирање во сообраќајот. Од суптилно пингање до урлање. Погодете кое копче кај нас прво ќе се расипе? 

Дамите бираат

Интересна теорија на професор од Јејл за тоа како женката еволутивно ја има уљудено машкоста кога наместо поголемите и посилните мажјаци, таа почнала да бира помали модели за партнер. Бидејќи оние првите, ем посељачишта ем поопасни за потомството.

Гуштерски живот Јужна Кореја

За разлика од вашето служење, задолжителниот воен рок во Јужна Кореа трае 2 години и нема бегање од тоа. Другото, војска ко војска, само ти викаат и ништо не чини.

За преварантцките работи

Џејмс Ранди е ловец на измамници од типот јасновидци, исцелители, магионичари, луѓе со натприродни моќи и сличен еснаф што заработува на туѓа мака, на кои им нуди 1 милион долари ако можат да го докажат тоа што го тврдат. Веќе 20 години никој ја нема земено наградата. Во еден од обидите маж ги покажа своите моќи вртејќи страни од именик со поглед. Во вториот обид, Ранди му истури пердуви околу именикот и го остави да врти. Човекот се откажа.

Отровни фотошоп финти за зеленчук

За да се труе народ, не треба некоја голема завера од Монсанто, доволна е и лакомоста на обичните трговци - поединци. Преварантите одамна знаат дека секој сака зеленчукот што го јаде да е свеж, зрел и привлечен.

За пожарот во Лондон и како загинаа 30 луѓе (до сега)

Акала: Луѓето умреа само затоа што се сиромашни.
Новинар: Па нели дадоа 8 милиони фунти за реновирање пред некое време.
Акала: Не, дадоа пари само за да ја разубават зградата за на богаташите од карши да не им биде грд погледот.

Веќе ни политичарите не се тоа што беа

1991-ва, Хелмут Кол како премиер на Германија само што завршува со состанокот во градското собрание во градот Хале. На излегување е пресретнат од група демонстранти кои фрлаат јајца кон него. На ред е Кол.

Комшија што врти

Може не е вештина како правењето и составувањето јапонски спојки, ама пак има магија и во ова (барем додека не видиш како се прави): штрафење со магнет.

Ракка, краткиот филм на Нил Бломкапм со Сигурни Вивер

Режисерот на Област 9 неодамна основа сопствено студио со цел создавање оригинални кратки филмови за кои се надева дека подоцна ќе се претворат во долгометражен филм. И во новиот филм борбата е меѓу луѓето и вонземјаните, само овој пат изгледа ние го јадевме. Главниот лик е истиот главен лик од оригиналот Вонземјанин – Сигурни Вивер, и бесплатно настапува во филмот.

ИКЕА хартија за составување рецепти

По примерот кој е успешен само кај спојување на оние малите лакирани масички, ИКЕА пушти нацрт планови за составување јадења. Они ти имаат нацртано што каде треба да биде, ти само треба да поставиш. Делови сам си набавуваш.

За градски улици со љубезни свирки

Желбата постои одамна: да имаш свирка на кола која не служи само за да му се истуриш на некого до три генерации наназад, туку само да му кажеш "тргај друже". Проблемот е што и за првата и за втората ситуација имаш ист алат, "како да си во работилница а имаш само чекан."

Пристојноста како алтернатива на политичката коректност

Додека политичката коректност таргетира една конкретна група (која не секогаш по своја вина се нашла на мета и треба да отплаќа "туѓи долгови"), пристојноста важи за секого. Плус, пристојноста нема своја политичка агенда.

Што знае механичар што е ремонт за пола саат?

Ти оставаат на поправка кола на која најзабележливо е што задното тркало се држи на едвај две сајли за да не се откачи и е наместено попречно во однос на другите тркала. Тоа е најзабележително, а има уште цел список зуцки, проблеми и недостатоци. Имате пола саат да го поправите и да го вратите во речиси фабричка состојба. П.С. ако е некаква утеха, дури и професионални рели механичари мораат да го пројдат тоа собирањето и групното блеење во проблемот и ццкање.

Ајс Кјуб предавање за Бил Маер

Вториов за време на едно претходно шоу го кажува зборот што е оправдано проблематичен за црнците, се извинува за тоа и објаснува дека било во нервоза, бил комичар, слобода на изразување и слично. Кјуб има сосема друга и почовечка поента, што нема врска со право на говор и слично.

Предлог диета за македонски аналитичари

Британскиот политиколог Метју Годвин на Твитер се понуди со задоволство да ги изеде своите напишани политички прогнози околу епилогот на Брегзит доколку Лабуристите освојат 38% од гласовите. Дојдов, напишав, изедов.

Разлика меѓу добар фотограф и добар апарат

Во експериментот на професионалец фотограф му даваат опрема од 500 долари (Canon Rebel T3i, 18-55mm и 40mm f/2.8), а на аматер му даваат фотоапарат од околу 5.000 долари (Canon 5D Mark IV, Canon 35mm f/1.4L II lens). Фотографираат исто. Чисто да ви покажат дека не е сè до опремата.

Пешмерга во лов на мини

Сето она што ИСИС го имаат посеано на теренот во Сирија со мини и слични приправени експлозивни направи, курдските сили секојдневно го "жнеат" со копач. Тоа што знаат дека експлозивот може да се активира само на копче, никако не го девалвира тоа дека експлозивот го корнат со копач.

Џонатан Пај за британските избори

Меј сакаше да ја дотолчи опозицијата и да формира супер јака влада, по можност со ердоганов интензитет. И доби шамар. И така според Пај, Британија се најде во позиција која е всушност најдобра за демократијата во една земја. Слаба влада, јака опозиција.

Посматрање новинари што го слушаат портпаролот на Трамп

Ова може да е и олимписки спорт, со оценки за поглед, вртење со очи и слични демонстрации на неверување на сопствени сетила.

Како CNN прави сценографија за своите вести

„Го фативме CNN како прават лажни вести“, пиша на Твитер независниот новинар и филмаџија Мајк Церновиќ објавувајќи снимка од граѓанин кој уловил како новинар си ја мести сцената (ко за сликање за свадба) пред да се вклучи во програма. Донеле пар луѓе кои треба да глумат „мировно здружение“, се местат пригодни транспаренти и цвеќе, белите полицајци се тргаат за на нивно место да дојдат црни и азијатски колеги и - одиме во живо!

Што ги прави работите да се кул?

Еден од најбитните индустриски инженери на 20-от век има развиено теорија која подоцна ја потврдува и науката. Работите треба да се нови ама не премногу, бидејќи премногу ново знае да ги уплаши луѓето. Тајната во во акронимот MAYA - Most Advanced Yet Acceptable.

Каде сите грешат околу хероинот

Разбивање на неколку митови за хероин, од човек што подолго време бил интимно близок со хероинот. Што е најопасно (кога веќе си решил да се дрогираш)? Некој да ти даде посилен хероин отколку што си навикнат.

Што знае бразилска туристка што е бугарски претседател

Бразилка во Бугарија некако завршува на некоја прослава во селото Блгари. Во исто време таму да ти е и некој човек што цело време сите го сликаат, камери го снимаат и шета со обезбедување. Би било глупо да се пропушти шанса за сликање со човекот.

Репортажен камион од 20 милиони долари

Служи за преноси во живо од мега-спортски или какви било други спектакли што можат да си дозволат да го ангажираат. Работата му е да се појави на локација, да го направи преносот, да се спакува и си оди. Внатре изгледа вонзејмански и како стварно да вреди 20 милиони долари.