Песната и спотот се дело на бендот, а mastering на аудиото изработил познатиот sound engineer Симон Хејворт (Ennio Morricone, George Harrison, Depeche Мode...)
Како ви звучи идејата да ги слушнете LCD Soundsystem и Miles Davis? Пазете, ни монтажа ни ништо. Само пуштање на две нивни песни истовремено. И си легнуваат перфектно, како босилек на патлиџан.
Како би звучел Џастин Бибер во метал верзија, Слипнот преработен за Дизни, Нирвана во реге а AC/DC во фанк? Пуштајте звучници, супер звучaт овие заебанции. Плус, не те јаде срам што го слушаш Џастин Бибер.
Вистинско време да се потсетиме на оваа луда дружина: Апостол (режија), Мухарем (вокал), Обама (славеникот), U2 (свадбарскиот бенд) & Рамо (главна машка улога).
Ова е стара маалска дисциплина, менување на делови од текстовите, за да се добие нешто од типот: "Гив ми роуп, Џоана!" (или како беше онаа од Глориа Естефан ор самтинг "... свињо дебела"). Десетина одлични "препеви" кои заслужуваат да станат официјални текстови од песните.
Џими Пејџ призна дека им требале две години воопшто да седнат и да ги прегледаат снимките од повратничкиот концерт на Лед Цепелин во лондонската O2 Арена од 2007-ма. И уште три години да состават ДВД од тоа. И еве ја првата снимка.
Точно 47 години му требаа на ова видео да излезе на виделина. Ирска, 1965-та година, за време на турнејата Ролинг Стоунс седат во хотелска соба и лежерно прават кавери на нивните најголеми ривали. "I've Just Seen a Face" и "Eight Days a Week".
Се вика Гнесa, а ова е нејзиниот сингл "Wilder." Песната едноставно ќе ве хипнотизира, ама не на добар начин. Не ни пробувајте нешто да ви биде јасно, само нека пројде. Кој издржи до крај, може да напише во CV дека ја ислушал цела песна.
Читател на Гардијан направи една супер селекција на песни со одлични бас линии. Од Вили Диксон до Том Браун. Греота да не ја извртите барем еднаш оваа плеј листа.
Каков лик е овој Том Џонс, па тоа е чудесија. Баталете го љубењето девојки (еј, сестри!) од прв ред. Само чекајте кога неговото тело ќе почне да го вади ѓаволот од себе.
После цели 7 години, Стоунси извадија нов сингл. Кога тие ќе отворат песна со риф на Кит Ричардс, знаеш дека понатаму ама баш ништо не може да тргне на лошо.
Пред да ја намрштите фацата кога ќе го видите тамбот, треба да знаете дека ова е стварно добро. Тема: Како да го направиш најдобриот ремикс на најпопуларната песна на сеозната? Извади ја музиката.
Причина број 3: Убавицата во спотот, инаку ќерка на узбекистанскиот претседател. Причина број 2: Даниел Илабака е паркур махер. Причина број 1: Пејсажите и старата архитектура на Узбекистан се фасцинантни!
Ако ние сме ја слушнале песната "Call me Myabe," тогаш вие 100 посто ја знаете. Само што ние имаме 1.000 пати подобра верзија! Предизвикот до сите нејзини фанови е да пробаат нашата верзија да ја отпеат во еден здив.