Ова е стара маалска дисциплина, менување на делови од текстовите, за да се добие нешто од типот: "Гив ми роуп, Џоана!" (или како беше онаа од Глориа Естефан ор самтинг "... свињо дебела"). Десетина одлични "препеви" кои заслужуваат да станат официјални текстови од песните.
Џими Пејџ призна дека им требале две години воопшто да седнат и да ги прегледаат снимките од повратничкиот концерт на Лед Цепелин во лондонската O2 Арена од 2007-ма. И уште три години да состават ДВД од тоа. И еве ја првата снимка.
Точно 47 години му требаа на ова видео да излезе на виделина. Ирска, 1965-та година, за време на турнејата Ролинг Стоунс седат во хотелска соба и лежерно прават кавери на нивните најголеми ривали. "I've Just Seen a Face" и "Eight Days a Week".
Се вика Гнесa, а ова е нејзиниот сингл "Wilder." Песната едноставно ќе ве хипнотизира, ама не на добар начин. Не ни пробувајте нешто да ви биде јасно, само нека пројде. Кој издржи до крај, може да напише во CV дека ја ислушал цела песна.
Читател на Гардијан направи една супер селекција на песни со одлични бас линии. Од Вили Диксон до Том Браун. Греота да не ја извртите барем еднаш оваа плеј листа.
Каков лик е овој Том Џонс, па тоа е чудесија. Баталете го љубењето девојки (еј, сестри!) од прв ред. Само чекајте кога неговото тело ќе почне да го вади ѓаволот од себе.
После цели 7 години, Стоунси извадија нов сингл. Кога тие ќе отворат песна со риф на Кит Ричардс, знаеш дека понатаму ама баш ништо не може да тргне на лошо.
Пред да ја намрштите фацата кога ќе го видите тамбот, треба да знаете дека ова е стварно добро. Тема: Како да го направиш најдобриот ремикс на најпопуларната песна на сеозната? Извади ја музиката.
Причина број 3: Убавицата во спотот, инаку ќерка на узбекистанскиот претседател. Причина број 2: Даниел Илабака е паркур махер. Причина број 1: Пејсажите и старата архитектура на Узбекистан се фасцинантни!
Ако ние сме ја слушнале песната "Call me Myabe," тогаш вие 100 посто ја знаете. Само што ние имаме 1.000 пати подобра верзија! Предизвикот до сите нејзини фанови е да пробаат нашата верзија да ја отпеат во еден здив.
Лудата корејска песна која префрли сто милиони прегледувања на Јутјуб добива "македонско" видео. Пар луѓе се зезале и ја легнале песната на еден олд скул спот на K-15. Функционира.
Ова е подобро од "Сечи Перо" и "Gangnam Style" заедно. Текстот е многу посериозен отколку што ви звучи, а плус и комшиско е. А сега, дим дим дим дим дим да ме няма.
Не дека има 6 години, не дека сам има научено да лупа на тапани, не дека ја знае "Pretender" од Фу Фајтерс, туку затоа што планира "уште едно 30 години да се занимавам со тапани и после тоа ќе може да станам хокеар."
После толку години Џеј Зи ја објаснува 99 Problems, посебно на што се однесува делот со "bitch ain't one." Ако некогаш сте ја искористиле за некое женско, скроз сте во грешка.
По повод 130 години од постоењето, Банко Сабадел ги части жителите на Сабадел со "флеш-моб" од 100 членови на симфонискиот оркестар Валес, плус Хорот Лиедер и пријателите на Операта и Хорот на убавите уметности.