После толку години Џеј Зи ја објаснува 99 Problems, посебно на што се однесува делот со "bitch ain't one." Ако некогаш сте ја искористиле за некое женско, скроз сте во грешка.
По повод 130 години од постоењето, Банко Сабадел ги части жителите на Сабадел со "флеш-моб" од 100 членови на симфонискиот оркестар Валес, плус Хорот Лиедер и пријателите на Операта и Хорот на убавите уметности.
Juice Rap News се независен веб проект во кој дечките своите политички пораки во тв формат комплетно ги одрапуваат. Ќе ѕирнеме панел дискусија меѓу Асанж и Мурдок, туку, нели би било феноменално доколку овој тренд ги зафати македонските ТВ енкори? Имеџин: "Хеј, јо, јас сум ти Ивона, тешко ќе ме сконташ како Лиза Мона...." а Латас во позадина ритмично дрма со глава и фрла три прста.
Еволуцијата на поп-музиката (не екс-ју) низ тапаните на Хрватот Саша Мачек. Избрани десетина најважни песни (по негово мислење) од последниве од Елвис, па наваму.
Секој пат кога ќе ги чуеме ни е јако како прв пат кога ги откривме. Феноменалните Неки паори со Говедарица и Хунтелар. Па вика: "Срна Седорф, Погребњак Тирам, шта Вучиниќ Олегер" или "Ни мајка ме јутрос није Хунлтелар"
Ова беше неминовна историска средба. Беше само прашање на денот кога двата сензибилитета ќе се намирисаат, ќе сфатат дека се слични и ќе пробаат заедно. Босанскиот музичко - текстуален чемер го среќава едвај- чекам- да- се- натажам американски блуз. Персонализирано: Дарен Џонс ја пее "Ej, oткад сам се родио" од Синан Сакиќ. Место на средбата: Њујорк (отпосле дознаваме, наш Апостол да ти бил вмешан во сето ова).
... да не гледа, да не забележува, туку да угодува, на шефовите мисли да им чита, ништо да не прашува туку да знае, што сака газдата да чуе, па ќе напредува...
На прашањето на Ролинг Стоун магазин: "Која ви е најомилена преработка на песна на сите времиња?" одговорот на публиката е "Jimi Hendrix - All Along The Watchtower." Боб Дилан е единствен на листата што два пати е преработуван, а Нирвана е единствен бенд што два пати го има на списокот.
Ова е многу подобро од оригиналот, и главниот лик не е одвратен и целиот спот е многу повеќе фора него тоа водените боици и дечурланава се ѕверови. "Somebody that i used to know," дует на две деца на задно седиште.
На почетокот на април, Кери Манолакос, поранешна ѕвезда на Бродвеј и текстописец, го заврши концертот во Њујорк со Creep од Radiohead. Видеото некако стигна до Гавкер, кои нејзината верзија ја нарекоа "вознемирувачки добра." На повеќе, Кери и шест други преработки на Creep.
Песнава и онака е тешко поднослива, уште нашол да ја препее Кеба. А на Кеба не му е првпат, претходно ги има обесчестено и едни Ролинг Стоунс (Paint it black). Индира, сè ти е простено!
Со помош на Фреди Меркјури и другарчињата од Квин, се враќаме во 'мрачните' денови на музиката, кога околу една песна се мозгало, се свирело, се пробувало, се дискутирало, а и се пушело во студио. Сега се буричка по компјутер.
Парчиња од сите 42 песни кои ќе бидат испеани на Евровизија 2012. Со нечии (глупи) коментари. Уште по првиот коментар ти доаѓа да стиснеш стоп (го руга Рамбо), ама после си викаш, чек да видам што ќе каже за Македонија. И така, малку по малку, ќе се изнаслушаш глупости.