Првпат свиреа вака 1998-ма на MTV Unplugged. А ова е од пред некој ден во Л.А. кога наместо својата јеах дискографија, понудија акустични преработки на Битлси, Ози Озборн и Дип Парпл.
Откако згрна милиони додека јавно ја брукаше својата мајка Деби Матерс (се сеќавате на Cleanin' Out My Closet?), Еминем изгледа го стигнаа "трубите на совеста" па реши преку песна да ѝ се извини за сите срања кои ѝ ги приредил. Ако може тој, може секој. Јавете ѝ се на мама.
Џек Вајт најави дека албумот Lazaretto ќе оди и на винил. Ама ова ќе биде возбудлив, 2.0 винил кој има скриени песни, свири на три брзини, која верзија на песна слушате зависи од тоа каде сте ја ставиле иглата, а иглата некогаш оди и нанадвор. Чудесии!
И денес да беше калеш Анѓа жива, ќе кукаше дека "турски не разбирам". А како да разбира, кога од оние синхронизации, човек не може веќе да чуе ништо на тој убав јазик. Затоа ве носиме во една катедрала во Копенхаген, да си ја наполниме душата со мелодија која лесно ќе ја препознаете.
Видео снимка од 1975-та година, кога Боб Дилан првпат во живо ја изведува протестната "Hurricane', песна инспирирана од неправдата кон боксерот Рубин Ураганот Картер, човекот кој деновиве почина на 76 годишна возраст.
Рон Џереми држи неколку интересни рекорди. Освен шампионатот во својот основен занает (најмногу улоги во порно филмови), тој е рекордер и по бројот на музички видео спотови во кои учествувал (вкупно 48, втор е Мет ЛеБланк од Френдс со само 7). И тука не престануваат чудата.
"Гласот на Ела Фитцџералд беше сатен за шмирглата од глас на Луј Армстронг, но кога ќе се споеа во песна, нивната хемија беше совршена. Не беа многу-многу во хармонија (гласот на Армстронг не беше создаден за хармонија), но достоинствениот свинг на Ела и нејзините задевања со грубото, добродушно р'жење на Сачмо беа во неповторлива симбиозa".
За Антонио Ристески и неговите таленти навиваме одамна. А неговата приказна фино се развива: По претставувањето на интернет јавноста, го дознаават и дечките од Дубиоза Колектив и посакуваат заедно да снимаат. Доаѓаат во Скопје и цепаат една акустична верзија на нивна песна. Да ве потсетиме како можат да изгледаат и да звучат два бенда заедно.
Додека ние слушаме предизборни Поточиња, во Алжир се збираат 60 пејачи, фудбалери, актери и ја прават оваа песна, како поддршка на Абделазис Бутефлика. 70тина години, се кандидира за четврти мандат.
Не дека не си правиме огромен ќеиф откако решивме наши пријатели да ви пуштаат музика, ама се запустивме самите. Е па неќе моќи! Брус Спрингстин во Бризбејн, февруари, годинава.
Навршуваат цели две децении од самоубиството на Курт Кобеин. Клипот што изгледавме нè тера најавава да ја продолжиме во овој правец: Курт Кобеин беше еден чичко кој свиреше и пееше во една група што се викаше Нирвана. Група е кога неколку луѓе прават и свират иста музика. Свирење е кога имаш инструмент па на него произведуваш тонови по свој избор. Инструмент е парче хардвер на кој човекот му се софтвер. Ете така. Одиме сега да го соочиме чичко Кобеин и Нирвана со новите генерации, да видиме каде тоа нивно музичко семе паднало на плодна почва а каде завршило на модерен плексиглас.
Хепи на Фарел доби интересни, забавни, тажни, добри, моронски, нечовечки глупи и "уби ме туѓа срамота" верзии на видеото. Ова е ништо налик нив, ова директно се пакува во кутија "легендарно."
Island Records планира да ре-издаде неколку де-лукс варијанти на култниот поп-фанк албум на Грејс Џонс од 1981-ва година, NIghtclubbing. Ај тоа туку нашле и пар песни од тоа време. Нејасно ни е зошто преработката на "Me! I Disconnect From You" од Гери Њуман не се нашла на оригиналниот албум. Грејс Џонс во најдобро расположение!
Замислете вашиот град или село да има метро, и на дисплеј ви е најавено дека превоз нема да ви стигне во следните 9 и пол минути. Еве како се крати времето.
"Ѕифт црна коса, драматично лице, ја свири гитарата како да пука со оружје, дури и името му е иконично" вели за својот идол режисерот Џон Хилкот кој го потпишува видео спотот за песната "She Used To Love Me a Lot" од престојниот "изгубен "албум "Out Among the Stars" od 1980-та година.
"Gloomy Sunday" треба да звучи онака како што Били Холидеј нè навикна. Со глас потопен во виски, изрезбан од чад од цигари и напукнат од триста бељи човечки. На ист начин, само без ништо од ова, 7 годишната Ангелина Астар, на норвешкиот "Имам талент".
Макартни е извонреден инструменталист чија главна предност отсекогаш била што знае да го прави тоа едноставно. Имаме пар видео лекции, за бас, за акустична гитара и за сè заедно.
Дубиоза Колектив успеале да снимат "скап" спот за песната "Транзиција" за кој не потрошиле ни денар. Идејата за овој проект ја нашле во праксата на политичарите и властодршците во својата земја.
На 66 години, од срцев удар, додека на плажа во Мексико си играл со децата. Имаше магични прсти кои знаеа во жиците на неговата фламенко гитара да ја разбудат Андалузија и сета нејзина страст и тага и љубов.