"Само сакам да сум свој, одбивам да бидам број" пее Бени во спотот кој го ц'цкаа бааги време но, ќе видите - вредеше. Бени самоуверено ја предводи својата Нон Стоп банда додека Бобан ја камшикува гитарата, Црни ја држи песната под конец, клавијатурите на Душко ја покриваат секоја пукнатина а зад бубњевите се и Хистер и Бумбар. Режисер на видео записот е видео маестро Чедо Поповски а снимано е по град - тротоари и покриви, споменици и гулаби, луѓе и бројки и еден тон решителност и одважност.
Дивизија постојат бааги време а последниве години се дополнително запнати и влезени во работна кондиција. Со спотот на својата најнова песна го најавуваат својот втор албум, а од насловот ви е јасно дека зборуваат за она во што со години се давиме. Ѕирнете како ним им изгледа атмосферата во која тие ја создаваат својата музика.
Никогаш не сме тврделе дека се разбираме во мажи ама - вака треба да изгледаат. Ѕирнете го спотот на Макс Гаце за песната "Животот каков што е" за да знаете на што мислиме. Мустаќ, гаќа, ципела, бербер, бунда на синдикалка, опуштеност, шеретлук, галантно лузерство.... сè во овој нивен свет е брилијантно дизајнирано. Кај живеат бе вакви луѓе?
Новата песна на Темпера е од оние кои нема да ти влезат од прва, ама ќе те чешаат да ги слушнеш уште еднаш, сè додека не си ја најдеш тишината и сè додека не се осмелиш да се пуштиш по реката. Потоа е сè полесно. Кормилото на "Тивка река" е во гитарата на Гино и гласот на Тања, веслата се кај искусните сплавари Мите и Ѓоле. Спотот е на Изи. Запловете слободно, во сигурни раце сте.
Перверзно добра заебанција. Последниот оскаровец "малу задоцна" ама направи уште една брилијантна ролја. Ако за она со мечката доби статуетка од филмската академија на САД, за ова треба да добие споменик од општина Струга.
Вакво изненадување им се има случено на Фолтинци во село во Словенија (а види ја и приказната на Димса за Минхен). Овојпат за едно швајцарско-германско женско дуо (се викаат Boy). За првпат во Америка, за првпат во Бруклин, си рекле, ајде ќе им отсвириме нешто наше па некому може тоа ќе му се бендиса. А оно...
Глен Гулд ветуваше дека кога ќе наполни 50 години, ќе го остави пијаното и ќе се посвети на сосема други работи. Два дена по 50-от роденден, телото се спротивстави на ваквите планови.
Викендов во Шведска загина комплетната постава на инди бендот Viola Beach. Со автомобил излетале од 25 метри висок мост и се залупале во канал. Четири члена на бендот, плус менаџерот, сите на место.
А како да не биде наапан, реума фати гол грмејќи од сцената рефрени како "I Wanna Be Your Dog" а младиве генерации слушаат тупца-тупца. "No fun" за Иги. "Фејк! Фејк! Фејк!", елоквентно ќе објасни стариот рокер.
Девојката се вика Џес Гринберг и навистина опако ја свири Little Wing на акустична. Ако концентрирано го одгледате цело видео, а сигурни сме дека ќе биде така, кога некој би ве прашал: "на кој праг од вратот ѝ е поставен штимот?", би одговориле: "кој врат, кој праг?? Јер сте љубители на музиката и не ве занимаат други детали и такви ве сакаме.
Идејата за спој на германските пионери на електронската музика и... хм, Шемса, е толку перверзна што облековме кожни гаќи за да бидеме спремни за соочување со тоа аудио чудовиште. На луѓево веќе ништо не им е свето. Ако можат да си дозволат да го прават ова со Шемса....
Над 500 членови на колективот Хор! Хор! Хор! му одаваат почит на Боуви, со масовен препев на Спејс Одити. Снимано во Торонто неколку дена по смртта на Боуви.
Семантрон (на македонски: клепало) е една дрвена даска која се користи во манастирите за повикување на калуѓерите на молитва. Имаме еден романски поп кој клепалото го клепа подобро од ритам машина. Тупца, тупца, амин!
Некој да ти тврди дека има сеќавања како ја слушал македонската песна "Како што е оваа чаша/ дај да пијам мила мајко" на француски јазик, ќе помислиш дека забегал од дроги. А не да има линк туку има и спот! Тереза Кесовија и Миро Унгар, кујзнае како и зошто.
"Додека сум овде" е еден драгоцен видео проект кој овековечува приказни на луѓе кои ја живеат есента на својот живот а истиот го минале тивко и посветено на своите љубови. Пред нас е Лио "Бад" Велч, роден 1932 година. Свири гитара од 13 години а своето прво ЦД го има издадено на 83 годишна возраст. Капа долу, стари.
Андре Антунес се вика дечкото кој ќе ви покаже како песната на Daft Punk's "Get Lucky" би ја отсвириле Сантана, Стив Ваи, Еди Ван Хален, Ангус Јанг, Сатриани, Курт Кобеин, Слеш, Брајан Мек, Марк Нофлер и Том Морело.
Од 'We Are The Champions' изолиран само вокалот на Фреди. За да не мислите дека ова што го прави е некако лесно, потсетување на обидот на Канје да го отпее Фреди.