Каталонците ја вратија шампионската титула во Ла Лига, откако го победија Атлетико Мадрид на гости 0-1. Во Барселона на големо се прослави 23-та титула во клупската историја, а Барса може да освои тројна круна до крајот од сезоната.
Со голот на Артуро Видал Јувентус ја победи Сампдорија на гости и го освои четвртото скудето по ред. Бјанконерите таков подвиг имале во триесетите години од минатиот век.