Net Roulette

За добар Србин, нема лош повод за печење прасе

Пример, масовните протести во Канада против задолжителна вакцинација и останати ковид мерки.

Предлог календар на денот

На руски е, ама нешто ни кажува дека ќе го разберете и на кинески да беше.

Со Стоунси по дома во 1965

Прво бил сликан Брајан Џонс. Чарли и Бил брзо прифатиле. Ричардс немал „дома“ па бил изнајмен апартман во Хилтон. Џегер прифатил дури откако му рекле дека може пари од тоа да има. Фото: Бент Реј.

Има нешто стар-ворско во државата Данска

Темата од Мандалоријан, во изведба на националниот симфониски оркестар на Данска.

Подобро мајка да му опцуеше него ова што му го направи

Некакво фиатче панда против беспомошен Ленд ровер.

Пандемијата не е толку страшна, ако не живеете во Македонија

Кога светот би бил како Македонија, наместо 5,5 милиони жртви колку што досега има, ќе беа 33 милиони умрени.

Антологија на македонската забавна музика

Ѓоко Георгиев и Александар Џамбазов (прв дел).
Подготвено од Радио Бубамара.