Се молат новинарите да се охрабрат на Пендаровски да му поставуваат релевантни прашања од типот: „Кога зумбулот догодина ќе процвета?“ или „Сте забележале ли дека во последно време нема толку врапчиња како некогаш и шо така?“
Пендаровски 2019: Членовите на Судскиот совет кој ќе ги предложам како претседател ќе ги изберам во широка консултација со стручната јавност, притоа сигурно нема да се водам по политичките препораки на партиите кои ме поддржуваат.
Стево 2023:
Фросина Ременски се распишувала на Фејсбук „криминалистички хипотези“. Во суштина обични шпекулации („Ако девојчето било задушено, тогаш...“ А, ако не било?) од кои таа извлекува резолутни ставови: „Таткото прв знаел дека мртва! Знаел седум дена!“
Гости на Пленумот на Левица беа старите миленици на нашиот сајт, бескомропомисните евро-пратеници Клер Дали и Мик Волас. Сè им е кристално јасно. Клер брилијантна и остра како брич. Шуќур конечно од Европа да слушнеме отворен и поштен говор, без оние ужасни лигавења и ситни политиканства на оние кои нејќеа ни името да ни го спомнат (а новото не ни мораат да го спомнуваат).