Net Roulette

Одлична идеја

„Политичари треба да носат спонзорирани одела како возачите на НАСКАР, за да знаеме кој ги поседува.“
Робин Вилијамс.

 

Од плата нема да се збогатиш

Тони Милун, еден од најпознатите хрватски математичари и финансиски едукатори, за буџетирање на домаќинството, поставување цели, отплата на долгови, фонд за недајбоже, инвестирање и пензионирање. Едноставни и практични упатства за тоа како да се оптимизираат трошоците и како да се започне со штедење и инвестирање. 

10-ка од глумецот за чиста десетка

Од тивок но влијателен консиљере до полковник што обожава напалм, Роберт Дувал, кој деновиве почина на 95 годишна возраст беше еден од најдобрите актери што сме ги гледале. Еден Оскар, 7 номинации, директен потомок на генерал Роберт Е. Ли од Конфедерацијата (кого подоцна го игра во Gods and Generals од 2003). Како млади и сиромашни, биле цимери со Џин Хекман и Дастин  Хофман. Со Хекман се имаат тепано по барови.