Исповеди од стонери за стонери

Прашањето е „Кои се негативните страни на марихуаната, за кои луѓето не зборуваат.“ Одговорите се базираат на лични искуства и главно на долгогодишни лични искуства.

- Тоа што немаш апетит кога не си напушен. Мада, за да стигнеш до таа точка треба сериозно многу да дуваш.

- Пушам секој ден последниве 10 години и само што сфаќам дека претерување со интроспективност некогаш може да биде и лоша работа - премногу размислувам а премалку делувам.

- Може да стане твое единствено обележје.

- Од вујко ми: „Трева е за луѓе кои го нашле својот пат во животот, не е за луѓе кои допрва го наоѓаат.“

- Една од работите што не сум видел некој да ја спомне е влијанието на марихуаната врз сонувањето. Марихуаната може да го спречи корисникот да сонува за време на регуларно спиење. Кога корисникот некое време ќе престане да користи марихуана, тој вечер за вечер доживува екстремно живописни сонови. Можам да зборувам само од лично искуство, ама сличново го слушнав од татко на еден колега кој почна пак да пуши марихуана затоа што не можел да поденсе „секоја вечер да има сонови што наликуваат на трипање на ацид.“

- Како долгогодишен пушач кој сака да излезе од ова, би рекол дека марихуаната ме направи неверојатно досаден.

- Забележав дека по првичниот раст на зборливоста, луѓето имаат тенденција да станат навистина тивки, и да се исклучуваат во сопствените мисли.

Ако ве интересира нешто повеќе и какви се реакциите на секое од овие сведоштва, целиот низ со над 14.000 коментари го имате тука.

30 декември 2019 - 10:20