Штетните страни на магичното слабеење со Оземпик

За Оземпик (еден од брендовите под кои се продаваат семаглутидите) се точни сите фантастични ветувања што ги дава за експресно слабеење, ама во исто време се точни и сите забелешки што му се припишуваат, прво дека е терапија за луѓе со дијабетес и второ, дека целото слабеење доаѓа со грст проблеми, болести и нус-појави.

Првичната намена на Оземпик и останатите семаглутиди е чисто медицинска како терапија за луѓе со шеќер. Некако се разбира дека тој врши одлична работа во потиснување на апетитот и прави да се чувствуваш најаден, и од тогаш почнува масовната употреба на лекот како замена за каква било диета.

Проблемите од користење на Оземпик за намената за која не е планиран, опфаќаат дека мораш лекот вечно да го земаш, плус имаш повраќање, мачнина, запек или дијареја, што потоа ескалира во рак на тироида, оштетување на панкреас или бубрези.


Посебно карактеристично за слабеењето со Оземпик е што со него се губи несразмерно многу мускулна маса во однос на изгубени масти, споредено со голем број други методи за слабеење. Како што објаснува доктор Питер Атиа, ова на крај те остава послаб ама со повеќе масти на тебе.


Општо за семаглутиди:

 

Цената на едно пакетче Оземпик во Македонија е 5.400 денари.

26 јули 2023 - 14:26