Неделата низ трејлери

Документарецот за гангстерите од лондонски Ист Енд, две фантазии базирани на книга, еден крими трилер со Бред Пит и Џејмс Гандолфини, и првиот филм на режисерот на Барака, по цели 20 години.


Тhe End
режија: Никола Колинс
премиера: 2008-ма.

Англиската верзија на "Видимо се на читуљи."

 


Life Of Pi
режија: Анг Ли
премиера: 21-ви ноември 2012.

Приказната за едно индиското момче по име Пи. Син на чувар во зоолошка, кој по еден бродолом завршува опкружен со бенгалски тигар, хиена, зебра и орангутан. Филмот е сниман по истоимената книга на Јан Мартел.

 


Cloud Atlas
режија: Том Тајквер + Вачовски
премиера: 26-ти октомври 2012.

Ова не може да се објасни во ниту една логична најава од еден пасос. Соработка меѓу Том Тајквер (Run Lola Run, The International, Perfume) и братот и сестрата Вачовски.

 


Killing Them Softly
режија: Ендру Доминик
премиера: 19-ти октомври 2012.

Кога го проверуваме знаевме само дека Бред Пит е главниот лик, кога го прегледавме не фати на Џони Кеш. Плус го има и Гандолфини.

 


Самсара
режија: Рон Фрике
премиера: 23-ти август 2012.

Самсара е првиот филм на Рон Фрике од 1992-ра до денес. Во '92-ра тој го снимаше Барака. Пред него, во 82-ра го снимаше "Koyaanisqatsi." Документарецот комплетно е сниман на 70 милиметарски филм.

4 август 2012 - 12:13