6 годишниот принц на боите

Бизарна и претажна е потврдата на старата фраза "животот е краток а уметноста долга" во случајот на Едмунд Клинт. Едно мало детенце од Индија кое на Земјава беше присутно нецели 7 години а зад себе остави преку 25.000 уметнички дела.

Едмунд Томас Кинт е роден 1976-тата година во индискиот пристанишен град Кочи и е крстен по американскиот актер и режисер Клинт Иствуд.

6 години и 11 месеци подоцна, починува од проблеми со бубрезите.

Она што го прави во тој молскавично краток период е досега невидена оставштина. Почнува да црта од две години и покажува вонсериска, генијална дарба за тоа. Според биографската книга, денес е познат како Клинт, принцот на боите. Малиот живеел точно 2.522 дена во кои успева да нацрта преку 25.000 цртежи.

Ова е приказната за него.

5 февруари 2015 - 16:54