Таг: робин ван перси

Поддршка и потпис од Руни за девојчето кое боледува од леукемија

12-годишно девојче на кое минатиот јануари ѝ била дијагностицирана леукемија сакала на главата да добие потпис од фудбалерите на Манчестер Јунајтед, кои ѝ дошле во посета. Храбрата Шарлот не пропуштала натпревари на Олд Трафорд до јануари годинава, кога ѝ ја откриле болеста.

Првата девојката кандидат за гол на годината

За прв пат во историјата, жена се најде меѓу тројцата кандидати за наградата Ференц Пушкаш, која што се доделува за најдобар гол во изминатата година. Голот случајно го снимил противничкиот тренер, кој ги снимал акциите на својот тим.

На 6 натпревари Ван Гал пробал 33 играчи

Неделниот пораз од 5:3 на гостувањето против Лестер Сити му зададе нови проблеми на холандскиот тренер кој уште ја бара правата постава.

Од портокалово во црвено, Ван Гал трнува со Јунајтед

Искусниот холандски стратег ќе се обиде на „Олд Трафорд" да ги врати трофеите. Изборот на капитен е прва дилема. Ван Перси, Руни или некој трет?

Важно е да се викаш ВАН

Ако гледаме според името, тогаш Луи ван Гал ќе има добра иднина во Манчестер Јунајтед. Тоа има успеа на сите негови сонародници кои го носеа дресот на Манчестер Јунајтед и имаа „ВАН" во своето име.

За казна ќе рекламирате ќофтиња!

По мизерната сезона во која за прв пат по 25 години Манчестер Јунајтед остана без настап во Европа, триото Де Хеа, Ван Перси и Јанузај за казна добија задача да рекламираат ќофтиња во Кореја.

Клубот на изгубените твитерџии

Твитерџиите @moyesy, @rvp и @avb си се здружија со своите маки откако беа нападнати од изгубените ликови на Твитер кои ги помешаа со Мојс, Ван Перси и Боаш.

Руни и Ван Перси како да играат прв пат заедно

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед никако да излезат од криза, а викендов се посрамотија на гостување против Стоук каде го забележаа и осмиот првенствен пораз. Во статистиката од мечот се крие еден ужасен податок за двајцата напаѓачи кои се клучна фигурна во тимот.

Ван Перси е клучот на Манчестер Јунајтед

Актуелниот шампион на Англија е на маки цела сезона, а разочараноста на навивачите стана поголема кога паралелно со слабиот пласман во Премиер лигата, тимот овој месец се соочи со елиминација во двата англиски купови. Проблемот не може да се бара само во Мојс.

Чичарито промаши зицер, а Ван Перси пенал

„Црвените ѓаволи“ можеа уште вечерва да си заверат билет за осминафинале во Лигата на шампионите, а највиновни за тоа се Чичарито кој се посрамоти пред голот на Реал Сосиедад, а потоа Ван Перси утна пенал.

Најдобриот Холанѓанец во Премиер лигата

Робин ван Перси игра фантастично за тимот од „Олд Трафорд" и со последниот погодок против Фулам стана најдобриот холандски стрелец на островот.

Утките на Руни и Ван Перси

Манчестер Јунајтед го победи Баер Леверкузен со 4:2, а во листата на стрелци се запишаа Робин ван Перси и Вејн Руни (два пати), но освен головите, тие на овој натпревар направија и по едно големо промашување.

Манчестер Јунајтед растура со продажба на дресови на Ван Перси

Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.

Мојс има методи од времето на диносаурусите

Дејвид Мојс е познат по своите застарени методи и напорни тренинзи, а фитнес експертите сега го обвинија дека тој е виновен за повредата на Робин ван Перси заради неговите методи од времето на Џурасик Парк.

Во ритамот на Ван Перси

Елеганција во движење се видеата со напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси кој прави што сака со топката. Неодамна им кршеше кичми на мали деца и сега повторно си направи да му биде забавно со топката.

Твитерџии му честитаа на грешен РВП

Што имаат заедничко Робин ван Перси и Рави Висвесвараја Прасад? Ништо друго освен иницијалите и едно корисничко име на Твитер кое збуни илјадници твитерџии.

Манчестер Јунајтед по 20 пат на тронот на Англија

Најтрофејниот фудбалски клуб во Премиер лигата, екипата на Манчестер Јунајтед, ја освои јубилејната 20-та титула. „Црвените ѓаволи" ја потврдија моменталната доминација во англискиот фудбал обезбедувајќи ја титулата на 4 кола пред крајот на сезоната со победата над Астон Вила.

Некогаш идол, денес соиграч

Пред 10 години една фудбалска ѕвезда во подем им ја исполни желбата и се сликаше со две мали дечиња од младинската школа. Денес им се исполни уште една голема желба. Тие стигнаа да играат заедно со нивниот идол во репрезентацијата.

Ван Перси како Торес

Робин Ван Перси моментално се наоѓа во топ форма, но на натпреварот против Рединг не успеа да реализира од ситуација каде што редовно промашува Торес во неговите „најдобри“ денови.

Сите бегаат од Арсенал

Арсенал ја прифати понудата вредна 23 милиони фунти од ривалскиот Манчестер Јунајтед за преселбата на нивниот капитен и најдобар фудбалер, Робин ван Перси. Овој трансфер е само продолжување на традицијата според која ѕвезидте од тимот, а посебно капитените, го напуштаат Арсен Венгер.

Кладилниците го селат Ван Перси во Манчестер Сити

Веднаш штом Робин ван Перси објави дека нема да го продолжи договорот со Арсенал, кладилниците ги објавија своите коефициенти според кои најголеми се шансите тој да ги следи стапките на повеќе свои колеги и да се пресели во Манчестер Сити.

Робин ван Перси играч на годината во Англија

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси е прогласен за играч на годината од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.

Еволуцијата на Робин ван Перси

Не поминува ниту едно коло од англиската Премиер лига без натпревар на Арсенал кој бил одбележан од Робин ван Перси. Холанѓанецот на најдобар начин ја оправда довербата на Арсен Венгер кој се чини дека го направи вистинскиот потег кога му ја врачи капитенската лента.