Таг: реал мадрид

Во Мадрид се славеше како веќе да освоиле ЛШ

Направија пиротехничко шоу, фрлаа столици, стопираа коли. Цел град беше во транс, општо лудило, а врвната компилација ја има погодете кој? Рено Марко.

Ти па го погоди моментот кога да се симнеш на терен

Реал Мадрид приреди драма и пол во реваншот полуфиналето од ЛШ и само што Родриго ги даде двата гола во рок од 90 секунди, вредни продолженија, падобранец со албанско знаме го прекина мечот. 

Цреповите кои предвреме го напуштија Бернабеу

Да, имаше и такви несреќи кои после голот на Марез си заминаа од стадион, па после се шуткаа надвор како муви без глави. Пак да си одите порано.

Лудилото во соблекувалната на Реал

Се појави еден статистички податок дека Реал Мадрид во 89-та минута имал 1% шанси да оди понатаму. Како да не одлепат.

Епскиот кам бек на Реал Мадрид

Само 90 секунди му требаше на кралскиот клуб да го уништи и деморализира Манчестер Сити кој никако да ја оствари целта наречена Лига на шампиони. Имаа 4:3 од првиот дуел и водство од 0:1 до 90-та минута и пак се елиминирани.

Анчелоти даде јак денс на шампионскиот автобус

Над 100.000 луѓе ги окупираа улиците во Мадрид за прославата на титулата број 35. Карло Анчелоти беше во елемент, а и како нема да биде кога стана прв тренер во историјата со титула во Серија А, Премиер лига, Бундеслига, Лига 1 и Ла Лига.

Како Дончиќ ги следеше истовремено кошаркарите и фудбалерите на Реал?

Лука Дончиќ синоќа беше, односно не беше на мака, бидејќи има направено едноставна стратегија како да гледа два натпревари кои се играат во исто време, а тој не сака да ги пропушти.

Трол на денот за Реал Мадрид

Реал Мадрид доби три пенали на гостувањето во Виго, а Бензема искористи два за гостински триумф против Селта од 1:2. Твитерот е пуштен на најјако.

12-от играч на Реал Мадрид

Ништо не навестуваше дека кралевите синоќа во последните 30 минути ќе го уништат патот на ПСЖ до трофејот, на кој целат веќе неколку години откако изградија дрим тим со арапски пари. Ама Реал е Реал. Има непроценливо искуство во ЛШ, моќ, ама и верни навивачи кои се ветер во грб за играчите. Пред мечот ги мотивираа како пред финале.

Лудорија од хет-трик на Бензема за 17 минути, дрим тимот на ПСЖ се изгуби во Мадрид

Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе. 

Фото на денот

Од лево на десно горе стојат: Марко Асенсио, Тибо Куртоа, Дани Карвахал. Од лево на десно доле стојат Родриго, Еден Милитао, Федерико Валверде. Жените де нивни, кои допатуваа во Париз за да го разубават дербито ПСЖ - Реал Мадрид. Прекрасна гостинска публика.

Навивачите на ПСЖ беа во транс по голот на Мбапе

Иако 1:0 не е никаква гаранција особено не против Реал, сепак победа е победа, а Лига на шампиони е празник кој треба да знаеш да го славиш. Навивачите на ПСЖ знаат и беа во страшна еуфорија на крај.

Мбапе со велеслалом го скроти Реал во 94-та, Меси промаши пенал

Скромно осминафинале во Париз ако се суди резултатот според статистиката. ПСЖ го надигра Реал со вкупно 22:3 шутеви или 8:0 во рамки на гол, а победи само 1:0 дури во судиско. Куртоа го прочита Меси од белата точка. Тука патникот во топ 8 ќе се решава во Мадрид.

Последното и единствено осминафинално соочување на ПСЖ и Реал

Европските гиганти до сега имале шест пресметки во ЛШ, од кои четири во групна фаза и две во топ 16. Кралевите се подобри со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз.

Дојди кај мене дома да ја зацврстиме љубовта за Лига на шампиони

Ако некој мисли дека направил пропуст за Св.Валентајн, трк по мезе и вечер со еден метак два зајци. За почеток “однесете ја“ во Париз. 

Како Кристијано Роналдо ја запознал неговата сопатничка

Во новиот документарец на Нетфликс Soy Georgina, фудбалерот на Манчестер Јунајтед, еден од најголемите на сите времиња, и неговата партнерка раскажуваат за нивното секојдневие.

Бензема е ова или Кристијано Роналдо?

И покрај Ковид пандемијата во редовите на Реал Мадрид кој на тешкото гостување во Баскија отпатува без дури 11 играчи, кралевите демонстрираа моќ со нови 3 бода. Бензема не запира.

Атракција на Бензема против Атлетико за личен голгетерски рекорд во 2021-ва

Актуелниот шампион на Шпанија капитулираше во мадриското дерби и сега и на -13 со натпревар помалку зад големиот ривал. Карим Бензема ја игра сезоната на кариерата.

Винисиус, дрско и бомбастично

Реал Мадрид се избори за голема победа со пресврт против незгодната Севиља и со тоа ја задржа предноста на лидерската позиција во Ла Лига. Голгетерското темпо со Бензема кој го постигна погодокот за израмнување, го држи заедно со него и Винисиус кој со бомба во финишот ги постави конечните 2:1.

Одличен пример за тимски фудбал во режија на Реал Мадрид

Почнаа од половината на Рајо, па ја вратија топката назад. Дефанзивците се соочија со висок пресинг, ама ни за момент не загубија глава и трпеливо излегоа од притисокот за потоа да организираат топ акција, која за жал не успеа да ја заврши Бензема како што треба. 24 додавања и 2 петици. Фантастично одиграно.

Меси го спаси ПСЖ со два гола, Ливерпул го освои Мадрид

Супер ефикасна вечер во 3. коло од Лигата на шампионите. Голови паѓаа како дожд во Бриж, во Истанбул, во Мадрид, во Амстердам, во Доњецк, во Париз. Гризман даде два гола против Ливерпул за брзо израмнување на резултатот, ама после направи глупост и доби црвен картон со што го чинеше тимот пораз.

Голманот на Реал до УЕФА: „Да не се лажеме, битни им се џебовите и парите, гајле им е за играчите“

Фајнал Форот на Лига на Нации помина некако во сенка на квалификациите за Светско првенство. Трофејот го освои Франција која во финале после сомнителен гол од офсајд ја совлада Шпанија после пресврт 1:2. Италија заврши трета откако ја победи Белгија во за Тибо Куртоа бесмислен меч.

Тренерот на Шериф: „Поздрав до Дирк Кајт кој рече не ни е место во ЛШ“

Јуриј Вернидуб до вчера беше тотално непознат тренер во јавноста, но откако го сруши Реал Мадрид во Лига на шампиони, даде една интересна изјава на прес конференција по мечот на „Сантијаго Бернабеу“.