Таг: псж

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Тешко на играчите на ПСЖ ако Мбапе се лути зошто не му ја додале

Шампионите на Франција постигнаа вкупно 10 гола по првите две кола од новата сезона. Ама што фајде кога не знаат да се однесуваат шампионски. Најмалиот во напад почнува да глуми газда. На 23 години.

Селфи на денот

Се качуваш во лифт и кога таму не комшиите со кои едвај правиш или не правиш здраво, туку пола тим на ПСЖ. Е како така? Е така, ќе ви покаже 17-годишната голферка Марта Силченко.

Лудорија од хет-трик на Бензема за 17 минути, дрим тимот на ПСЖ се изгуби во Мадрид

Откако Кристијано Роналдо го нема на Бернабеу, новиот јунак на Реал Мадрид се вика Карим Бензема. Мега дерби за уживање благодарение на кралевите кои блеснаа во второто полувреме и со екстра брз пресврт ги урнаа Парижаните. И на реванш осминафиналето ПСЖ поведе со гол на Мбапе. 

Пет години од епскиот пресврт на Барса против ПСЖ

Во тоа осминафинале, Барселона ги помести границите во фудбалот, затоа што никој претходно во нокаут фазата од ЛШ, не успеал да елиминира тим после пораз од 4:0. Три гола им дадоа во последните 7 минути. Кој ли веруваше?

ПСЖ има енормно висока ставка за плати во време на голема криза

Платите на дрим тимот кој владее во Франција, а сака и во Европа, се една третина од целата домашна прва лига, а бројката силно расте од година во година. Само Меси и Нејмар ја цицаат касата заедно со 66 милиони евра годишно.

Фото на денот

Од лево на десно горе стојат: Марко Асенсио, Тибо Куртоа, Дани Карвахал. Од лево на десно доле стојат Родриго, Еден Милитао, Федерико Валверде. Жените де нивни, кои допатуваа во Париз за да го разубават дербито ПСЖ - Реал Мадрид. Прекрасна гостинска публика.

Навивачите на ПСЖ беа во транс по голот на Мбапе

Иако 1:0 не е никаква гаранција особено не против Реал, сепак победа е победа, а Лига на шампиони е празник кој треба да знаеш да го славиш. Навивачите на ПСЖ знаат и беа во страшна еуфорија на крај.

Мбапе со велеслалом го скроти Реал во 94-та, Меси промаши пенал

Скромно осминафинале во Париз ако се суди резултатот според статистиката. ПСЖ го надигра Реал со вкупно 22:3 шутеви или 8:0 во рамки на гол, а победи само 1:0 дури во судиско. Куртоа го прочита Меси од белата точка. Тука патникот во топ 8 ќе се решава во Мадрид.

Последното и единствено осминафинално соочување на ПСЖ и Реал

Европските гиганти до сега имале шест пресметки во ЛШ, од кои четири во групна фаза и две во топ 16. Кралевите се подобри со 3 победи, 2 нерешени и 1 пораз.

Дојди кај мене дома да ја зацврстиме љубовта за Лига на шампиони

Ако некој мисли дека направил пропуст за Св.Валентајн, трк по мезе и вечер со еден метак два зајци. За почеток “однесете ја“ во Париз. 

Две нови епски промашувања на празен гол

Ентони Нвакаеме не си сам. Во конкуренција за промашување на годинава ти се приклучија уште двајца. Каспер Долберг од Ница на мечот против ПСЖ и еден цреп од Канада. Неверојатни утки.

Навивачите на Барса на презентацијата на Чави го пцуеа ПСЖ

На 23 мај 2015-та и кажа збогум, на 8 ноември 2021-ва и се врати. Врската меѓу Чави и Барселона е нераскинлива и беше само прашање на време кога ќе се сретнат повторно. Овој пат во нова улога која ја добива во деликатен момент за клубот и играчки и финансиски.

Рецептот на ПСЖ е Мбапе - Нејмар

Со Ди Марија и Икарди на клупа и Меси повреден, ПСЖ без проблеми го делка Бордо на гости и по 1 час игра има 0:3. Кога Мбапе асистира, а Нејмар погодува, тоа е убавина за гледање, а се случи два пати во првиот дел.

Момци отидов јас во контра со Мбапе и Меси

Во дербито на колото во Франција, во 57-та минута ПСЖ остана со играч помалку против Марсеј откако Хакими доби црвен. 15 минути подоцна силите на терен беа израмнети, а најхит ќе беше Лео да му ја додаде и овој да даде гол.

Нереално промашување на Бернардо Силва

ПСЖ има предност од 1:0 по првото полувреме на дербито на колото во Париз, а Манчестер Сити ја направи утката на месецот по која Пеп Гвардиола се држеше за глава. Две пречки за две секунди и драма пред голот на Донарума.

Реакцијата на Меси кога Икарди го реши дербито

Сите рипнаа од клупа да се израдуваат на голот во 93-та вреден победа против Лион, само Меси стана на нозе, посматраше со ладен поглед и едвај аплаудираше. Не е добро ова за тимскиот дух, на кој Покетино со толку ѕвезди ќе има многу работа.

Меси одби да се ракува со Покетино поради измената

Почнаа да играат суетите во дрим тимот на ПСЖ, а тоа може да се забележи по реакцијата на Меси кој беше незадоволен што Покетино го извади во второ полувреме на местото на Хакими во 76-та минута.

Пречката го спречи Меси да даде еврогол за ПСЖ

Иако дојдоа во Белгија во страшен состав, со триото Меси-Мбапе-Нејмар во напад, фудбалерите на ПСЖ не успеаа да слават против Клуб Бриж и мечот заврши само 1-1. Лионел ја имаше првата сјајна прилика да го даде првиот гол во новиот клуб. Во негов стил, со внатрешно ефе.

Во таа лева нога имаше повеќе магични трикови отколку во џебот на кловн

Леонардо Нашименто де Араухо. Бразилецот кој правеше чудесни дриблинзи во дресовите на Фламенго, Сао Пауло, Валенсија, Кашима Атнлерс, ПСЖ и Милан. Освои многу трофеи, највреден секако е златниот пехар со Бразил на Светско првенство 1994 во САД. А негов најубав гол во кариерата? Во дресот на Кашима во Јапонија.

Камерата која го следеше само Меси

Бидна и тоа. Најголемиот на сите времиња според многумина, дебитираше во новиот дрес. На мечот Рем - ПСЖ во 60-та минута отиде на загревање, а во 65’ минута влезе место другар му Нејмар. Одигра пристојно и доби аплаузи и овации од цел стадион. Една камера била задолжена само за него.

Како изгледаше дебито на Меси во ПСЖ?

Овации, банери, автограми и сликања од домашни навивачи и играчи. 120 новинарски барања во град со помалку од 200.000 жители, карти на црно до 6.000 евра, реакција од публиката на секое негово додавање. Ремс синоќа беше во транс.

Тандемот Меси - Мбапе веќе на тренинг делува опасно

Се појави роденденска фотографија со ѕвездите на ПСЖ на која го нема Килијан, а се врти и муабет дека е опседнат со трансфер во Реал Мадрид. Ако не се случи тоа, тешко на дефанзивците и голманите кога ќе треба да го сопрат ова страшно дуо.

Марамчето со кое се бришеше Меси ставено на аукција

Лионел Меси веќе неколку дена тренира со новите соиграчи во ПСЖ и се спрема за дебито во дресот на Парижаните. А во Каталонија изненадно на аукција се појавило марамчето со кое Аргентинецот ги бришеше солзите на заминувањето од Барселона.