Таг: офсајд лик

Офсајд лик на денот: Недас Чеплинскас

18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.

Офсајд лик на денот: Мохамед Ал-Фаед

Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.

Офсајд тим на денот: Папа Францис

Аргентинците сакаа да промовираат кампања против насилството во фудбалот преку новоформираниот клуб кој го носи името на Папата Францис, но уште на првиот натпревар тие добија два црвени картони.

Офсајд лик на денот: Џоел Кембел

Фудбалерот на Арсенал кој е позајмен во Олимпијакос, Џоел Кембел слободно можевме да го сместиме и во категоријата малер на денот. Репрезентативецот на Коста Рика купил 100 пакетчкиња со сликици Панини, но не се нашол себеси.

Офсајд лик на денот: Христо Стоичков

Невиден гаф на Христо Стоичков. Во желба да врати на навреди на Твитер, бугарската легенда си ги откри порно навиките.

Офсајд лик на денот: Хенрих Мхитарјан

Ерменецот од редовите на Борусија Дортмунд е најголем трагичар и еден од најголемите кривци што неговиот тим за малку не успеа да ја анулира предноста на Реал Мадрид.

Офсајд лик на денот: Косуке Хашино

Јапонскиот рагбист Косуке Хашино сакаше да го заврши дуелот против Италија со стил, но заврши со "ласта" на трева.

Офсајд голмани на денот

Не можевме да одлучиме кој повеќе го заслужува нашето признание за офсајд лик на денот, па решивме да го поделиме и да им го доделиме на еден голман од Франција и еден негов полски колега во Азербејџан.

Офсајд лик на денот: Ибрахим Н’донг

Репрезентативецот на Габон денес ќе го пропушти најважниот натпревар во неговата кариера откако заработи повреда од рекламно пано.

Офсајд ликови на денот: Гери и Анџелика ди Силвестри

Богатиот брачен пар од САД со огромна желба за настап на Олимписки игри си формираше дури и своја скијачка федерација, но наместо олимписка бајка тие добија стомачен вирус, скршен нос и тужба.

Офсајд лик на денот: Виоланти

Прославувањето на гол понекогаш може да биде и поинтересно од самиот погодок, но некои фудбалери знаат и да претераат.

Офсајд лик на денот: Емануел Фримпонг

Поранешниот член на Арсенал, Емануел Фримпонг ептен зажали што направи трансфер во Барнсли, а неговото деби за новиот клуб заврши со црвен картон по половина час игра.

Офсајд судија на неделата

Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.

Офсајд лик на годината: Винсент Тан

Во 2013-та имавме офсајд ликови на денот и на неделата, а неколку од нив заслужија да го добијат и годишното признание, но ние се одлучивме за Винсент Тан, еден од најомразените и дефинитивно најлошо облечен човек во фудбалот.

Офсајд судии на годината

Делителите на правдата во последниве 12 месеци беа мета на камерите во разни бизарни ситуации. Јадеа ќотек, клоцаа фудбалери, бркаа маскоти, судеа пијани. Се потрудивме да ги собереме на едно место најинтересните кои заслужуваат да влезат во нашата посебна рубрика на офсајд ликови.

Офсајд лик: Владимир Кисенков

Пред неколку дена во оваа наша рубрика го сместивме белгискиот фудбалер на кој ако му згазиш на зглоб ќе ти нанесе уште поголема болка, но сега имаме некултурен играч од руското првенство кој плука по судии.

Офсајд лик на денот: Метју Фламини

Овој случај не е трагичен како оној со голманот од Уругвај кој ја заврши кариерата затоа што по грешка си ги исече прстите, туку е глупав, а актер е фудбалерот од Арсенал кој на дербито против Манчестер Јунајтед го прекршил правилото за носење дресови.

Офсајд лик на денот: Чад Смит

Денешниот наш офсајд лик не е спортист, туку тоа е тапанарот на Ред Хот Чили Пеперс кој испровоцира навивачи и се покаја. Чад Смит го навлече гневот на навивачите на бразилскиот клуб Фламенго, па по смртните закани мораше да ги моли за прошка и да им се извинува на 1001 начин.

Офсајд лик на денот: Хуан Обелар

Приказнава не е за фаќање сеир, ама на голманот кој е принуден да се пензионира откако по грешка сам си пресекол четири прста со циркулар, како за утеха мора да му го дадеме нашето признание за офсајд лик.

Офсајд лик на денот: Џо Кинер

Спортскиот директор на Њукасл, Џо Кинер дава максимум од себе за да стане најомразената личност во фудбалот. Тој заслужено го доби нашето признание за офсајд лик откако сакал да купи играч кој веќе е член на Њукасл.

Офсајд лик на денот: Гаџи Тало

Легендарниот Фабрицио Раванели кој е тренер на францускиот прволигаш Ажаксио наседна на глумата на својот фудбалер Гаџи Тало и по грешка го замени напаѓачот кој само се фолирал за да задржи време.

Офсајд лик на денот: Оливер Бауман

Голманот Оливер Бауман наместо да се докаже пред селекторот Јоаким Лев кој го следеше на натпреварот помеѓу Фрајбург и Хамбург, се истакна со три кикса по кои неговиот тим загуби на домашен терен со 0:3.

Офсајд лик: Серж Џехоа

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска можеби го сруши рекордот за најбрз црвен картон по влегување на терен и го заслужи нашето признание за офсајд лик.

Офсајд лик: Робињо

Бразилецот од Милан го провози своето дете на точак и сакаше да се кандидира за наградата „татко на годината", но со вакво лудо возење со папучи и држење на кутрото дете со една рака, Робињо си го заслужи признанието „офсајд лик".