Таг: лука дончиќ

Дончиќ во стилот на Јокиќ

Словенечкиот ас на забава, со три кренати прста го пее познатиот српски хит Видован. Се претпоставува дека снимката е после Светското во кошарка на кое Словенија заврши седма. Инаку Лука Дончиќ по мајка е Словенец, а по татко Србин.

Асистенција на денот во изведба на Лука Дончиќ

И селекцијата на Словенија ја затвори групната фаза со максимален број од 3 победи. На денешното соочување со Зеленортските острови славеа 92:77. Лидер на тимот се подразбира Лука Дончиќ со 19 поени, 7 скока и 9 асистенции. Една од нив со стил или што би се рекло, со лажни очи.

Луда тројка на Дончиќ од 11-12 метри

34 поени, 13 скока и 14 асистенции содржи новиот трипл дабл на Лука Дончиќ на подготвителниот меч пред Светското кој Словенија го доби против Црна Гора со 104:100. Погледнете ја оваа негова самодоверба и дрскост.

Асистенцијата на сезоната е дело на Лука Дончиќ

Тоа што го направи Словенецот на мечот против Индијана Пејсерс на 27 март е без конкуренција чудесија од пас на кој ниту едно друго додавање сезонава не може да му парира. Заслужено.

Лудорија од кош на Дончиќ, за жал по звукот на сирената

Далас го совлада Сакраменто 123:119 и остана во игра за плејоф. Лука Дончиќ постигна 29 поени и кога мечот беше решен, распали во финишот од своја половина и ја запали цела сала. Штета што не му го признаа.

Дончиќ си поигра со Ирвинг со стара маалска финта

Новите соиграчи Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг на Ол стар викендов во Солт Лејк Сити беа избрани во тимот на Леброн Џејмс. Не знаеме дали финтава е од 90-те или е уште постара, ама балканци уште ја прават.

Реакцијата на Попович откако Дончиќ му ги помати сметките

Грег Попович најави дека планот пред дуелот Сан Антонио - Далас им е да го задржат Лука Дончиќ под 50 поени. Спарси загубија 126:125, со уште една нова мангупарија на Словенецот од слободни фрлања, кој мечот го заврши со 51 поен, 9 асистенции и 6 скока.

Пречекот на Дончиќ во соблекувална

После историски трипл дабл, до сега невиден во историјата на НБА со 60 поени, 21 скок и 10 асистенции, како и победа со помош на неговата луда идеја од слободни фрлања, да не мислеше дека ќе помине само со „Браво Лука, да пукне“.

Лука после 60-те поени: Уморен сум како ѓавол, ми треба пиво

Дончиќ стана првиот играч во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот кој остварил трипл дабл со 60 поени и 20 скока. Покрај овие бројки и лудиот финиш, тој привлече внимание и со изјавата после мечот.

Лудите 4 секунди во режија на Дончиќ

Пресвртот на сезоната во НБА оди вака. На 26 секунди до крај, Далас губи од Њујорк со 9 поени разлика, а на 4 секунди е на само -3. Лука изведува слободни фрлања, првото го дава, второто го промашува намерно, прави офанзивен скок и погодува за израмнување, за во продолжение и да победат.

Историски мега трипл дабл на Лука Дончиќ

Балканското шоу во НБА лигата не запира, благодарение на сè подобрите Јокиќ и Дончиќ кои прават растур систем и постигнуваат бројки за историја. Словенецот ноќеска се надмина себе си.

Божиќниот аутфит на Лука Дончиќ и Џејмс Харден

Празничното НБА коло донесе многу атрактивна и возбудлива кошарка во која главни протагонисти беа Јокиќ со рекорден трипл дабл за Божиќ и Дончиќ со 50 поени. Лука имаше конкретно одбран стил на облека со кој се појави, ама Брадата?

Нова маестрална партија на Дончиќ кој повтори подвиг на Џордан од 86-та

Само три дена по феноменалниот трипл дабл од 41 поен, 11 скока и 14 асистенции против Бруклин Нетс, незапирливиот Лука на Орландо му даде 44 поени за победа од 114:105.

Дончиќ зајде од бунење и пцуење

Лука Дончиќ ја призна вината за елиминацијата на Словенија и изјави дека ја презема одговорноста за поразот. И покрај лошото судење на ова првенство, сепак претера со односот кон судиите кои синоќа ги пцуеше како кочијаш.

Доминацијата на Дончиќ, Јокиќ и Јанис изразена со вкупно 106 поени во една ноќ

Тројцата НБА ѕвезди како синхонирини газеа во 4. коло од Евробаскетот. За Србија и Грција тоа значеше максимален учинок 4 од 4, а за Словенците пак рехабилитација од поразот против БиХ.

Дончиќ го пцуеше македонскиот судија, а потоа продолжи и на тајмаут

За кусо време се случија две сензации на Европското во кошарка. Белгија го изненади актуелниот светски првак Шпанија, а БиХ истото му го стори на европскиот првак Словенија. Лука Дончиќ потврли.

Атракција на Дончиќ со фудбалски дриблинг и цепелин

Словенија стигна и до втората победа на ЕП откако со 103:88 ја оправда фаворитската улога против Унгарија. Лука Дончиќ почна со НБА потези. Прво украде топка, па на вториот му ја протна низ нозе, за на крај со прекрасно додавање да намести цепелин.

Дончиќ од кош на кош со една рака

И тоа без коски за време на подготовките за Европско. Што рака ќе имаше овој човек.

Дончиќ и Драгиќ тренираа без раце со спуштен кош

И покрај тоа што ја бранат титулата на ЕП 2022, Словенците наоѓаат време и за релаксација на тренинзите пред Евробаскетот. Забавата ја предводи Лука Дончиќ.

Најинтересните моменти од шоуто во Љубљана меѓу Дончиќ и Јокиќ

Најголемите балкански ѕвезди во НБА лигата и на пријателски натпревар блеснаа како подготовка за престојното Европско. Словенија беше подобра од Србија дури во продолженијата.

Диџеј Шек правеше шоу во друштво на Дончиќ и Драгиќ

Легендарниот О`нил пушташе музика во Хрватска, а на журката на бина се качија Лука Дончиќ и Горан Драгиќ. Царот е роден за забава, па им покажа како се држи ритам со симулирање слободни фрлања.

Ендрју Вигинс го прелета Дончиќ и му ја заби во фаца

Голден Стејт Вориорс се на еден триумф до големото НБА финале, откако трет пат по ред го совладаа Далас Маверикс (109:100). Дончиќ беше фантастичен со 40 поени и 11 скока, ама тоа не помогна плус го залепија на постер. Атракција за најавни шпици.

Дончиќ се изнервира и му се сипа на навивач

Далас Маверикс загубија од Феникс Санс со 20 разлика во вториот меч од конференциското полуфинале, а во еден момент Лука Дончиќ не успеа да дофрлување од навивач на Феникс, кое очигледно содржело сочно пцуење, штом Словенецот вака реагираше.

Како Дончиќ ги следеше истовремено кошаркарите и фудбалерите на Реал?

Лука Дончиќ синоќа беше, односно не беше на мака, бидејќи има направено едноставна стратегија како да гледа два натпревари кои се играат во исто време, а тој не сака да ги пропушти.