Таг: лига на шампиони

Нереално промашување на Бернардо Силва

ПСЖ има предност од 1:0 по првото полувреме на дербито на колото во Париз, а Манчестер Сити ја направи утката на месецот по која Пеп Гвардиола се држеше за глава. Две пречки за две секунди и драма пред голот на Донарума.

Ајакс ита кон осминафинале, Интер повторно не успеа да победи

Фудбалерите на Ајакс бележат перфектен старт по првите две кола во ЛШ. Петарда во Лисабон против Спортинг, па триумф над Бешикташ за прво место во групата Ц. На Интер му се компликува патот до нокаут фазата, бидејќи по поразот на домашен терен од Реал, одигра само 0:0 на гости во Украина.

Клуб без држава, со играчи од 14 различни земји првпат победи во Лига на шампиони

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов влезе од клупата во 85’ минута и беше дел од историскиот триумф во Лига на шампиони за клубот кој постои во многу необични околности. Сопственикот газдува буквално со сè таму.

„You'll Never Walk Alone“ на Енфилд за прв пат по 554 дена

Излишно е повеќе да се прават споредби за тоа каков беше фудбалот без навивачи и сега, посебно после ваков клип. 15 септември, 2021-ва, Ливерпул - Милан 3:2. Уживајте.

Радоста кога ќе допреш топка од ЛШ

Не може, не ти ја давам. Ама само да ја допрам. Што ќе ја допреш, еве ја гледаш, камче е напумпана.

Пречката го спречи Меси да даде еврогол за ПСЖ

Иако дојдоа во Белгија во страшен состав, со триото Меси-Мбапе-Нејмар во напад, фудбалерите на ПСЖ не успеаа да слават против Клуб Бриж и мечот заврши само 1-1. Лионел ја имаше првата сјајна прилика да го даде првиот гол во новиот клуб. Во негов стил, со внатрешно ефе.

Спектакл на Енфилд меѓу Ливерпул и Милан, дебитант од Ајакс даде 4 гола

Буквално цела театарска претстава може да се напише по вечерва во ЛШ. Меси-Нејмар-Мбапе одиграа само 1-1 со Клуб Бриж. Себастијан Алер од Ајакс даде 4 гола на гости кај Спортинг во Лисабон, а Ливерпул и Милан одиграа луд меч со многу пресврти.

Гаф во лига на шампиони: Судија, а ти знаеш да броиш?

Мечот меѓу Динамо Киев и Бенфика во 1. коло од Лига на шампиони заврши без голови, ама ќе се памти по еден забавен судиски гаф.

Шампионска најава на Ливерпул за мега битката против Милан

Заедно тежат 13 европски титули, 7 Милан, 6 Ливерпул и не за џабе велат еднаш европски првак, засекогаш европски првак. Во Истанбул 2005 се радуваа едните, во Атина 2007 другите. Видеото пред нивното прво соочување на Енфилд го отсликува нивниот шампионски габарит од минатото.

Врвно видео на Ајакс за чувството да играш во ЛШ

Не дека се дебитанти, туку сакаат ја демонстрираат важноста да се биде дел од лигата во која играат шампионите. Ама тоа го прават на многу креативен начин со помош на нивниот подмладок, кој им е белег и главен концепт на кој се базира клубот. Едноставно скоцкале најавата пред вечерашното гостување против Спортинг како никој друг.

Промашување на сезоната уште во прво коло од ЛШ

Севиља и Салцбург за прв пат во историјата на Лига на шампиони добија четири пенали и тоа сите во прво полувреме. Гостите погодија само еден од три, а капак на утките стави 21 годишниот дефанзивец Умар Соле во вториот дел.

Севиља и Салцбург одиграа 1:1, а им досудија четири пенали

Додека Јанг Бојс во првото коло од ЛШ се бореше за пресврт против Манчестер Јунајтед, во Шпанија имаше четири пенали и тоа замислете сите во првиот дел. Салцбург даде само еден од три, а Ракитиќ израмни исто така од белата точка.

Срамен пораз на Јунајтед во 95-та и нов гол на Роналдо

Кристијано Роналдо не успеа да му се израдува на голот во ЛШ, како во саботата против Њукасл, бидејќи си замина поразен од Швајцарија. Јанг Бојс им нанесе шок и се избори за целосен пресврт во финишот.

Цел свет зборува за Кристијано Роналдо, но кој е дискретниот јунак од Иран Али Даеи?

Во претходните десетина години на секој гол на Кристијано Роналдо за Португалија, коментаторите изговараа: „Со овој гол Роналдо му се приближи на вечниот Али Даеи на 21, 20, 19 гола... итн“. А Иранецот е права легенда.

Ждрепка за Лига на шампиони: Николов против Реал Мадрид и Интер, ПСЖ на Сити

Вечерашната ждрепка за групната фаза од новата сезона во Лига на шампиони донесе фантастични групи и навивачите ќе гледаат неколку мегдани.

Фото на денот

Тревох Чалоба е најпријатно изненадување во тимот на Челси. Како дете на овој клуб беше на разни позајмици изминативе години, а сега тренерот Тухел му даде шанса во Супер Купот на Европа каде „сините“ победија на пенали против Виљареал а Чалоба беше меѓу најдобрите играчи на терен.

Вековни кадри на Камп Ноу - Меси во солзи се прости од Барселона

Аргентинскиот ас, најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, денес на прес-конференција во неговиот втор дом на „Камп Ноу“ се прости од саканиот клуб и навивачите.

Хулигански нереди во Загреб пред мечот Динамо - Легија

Хрватскиот шампион Динамо Загреб вечерва игра против Легија Варшава на „Максимир“ во рамките на 3. коло од квалификациите за Лига на шампиони. Околу 90-ина полски навивачи се стационирале во населбата која важи за база на Бед Блу Бојс кои брзо ги нападнале гостите.

Вардар ги доби противниците во Лига на шампиони

Добра група, по свој терк добија црвено-црните кои ги избегнаа гигантите ПСЖ, Веспрем и Барселона но ќе играат против шампионите на Данска, Норвешка, Унгарија, Хрватска.

Кои се најлудите голови од огромна далечина: Бекам, Чаби, Деки, Жорди Гомез

Тотално лудиот гол на Патрик Шик, репрезентативецот на Чешка кој од пола терен го фрли Маршал во мрежата нè навраќа на некои слични погодоци после кои цел стадион се држеше за глава.

Маестралниот тренер на Челси кој работел како шанкер знаеше како да прослави титула

Германецот Томас Тухел седна на клупата на Челси пред четири месеци. Од пропаднатиот скапоцен тим кој дремеше на 10. место во Премиер лига, направи екипиште и ја освои Лигата на шампиони, само 10 месеци откако играше финале со ПСЖ во Лисабон.

Челси е шампион на Европа, грандиозно финале на Лига на шампиони

Пред 14.100 гледачи (официјално од УЕФА) на велелепниот „Драгао“ во Порто, Челси со маестрална тактика поставена од Томас Тухел, заслужено по втор пат во историјата ја освои титулата во Лига на шампиони. Првпат после 2012-та година и десантот во Минхен на Дрогба.

Милан се враќа во Лига на шампиони после цели осум години - што ќе биде понатаму?

Иако звучи неверојатно, вистинито е - росонерите после пауза од долги 8 години се враќаат во елитниот крем каде се на самиот врв на најтрофејни клубови во историјата. Ама има едно ама...

Напнатата битка на Јувентус, Милан и Наполи за ЛШ

Неизвесноста за пласман во елитата остана до крајот на сезоната во Италија и ќе се решава во последните 90 минути. Од пет екипи, спласна на три кои ќе се борат за две места. Милан си го искомпликува животот.