Таг: хелсинки

Снежни игри на навивачите на Абердин со голманот на Хелсинки

Бојан Миовски влезе во 86-та минута во претпоследното коло од Конференциската лига во групата Г, каде ПАОК и Ајнтрахт Франкфурт од претходно се сигурни патници во нокаут фазата. Абердин на гостувањето во Хелсинки одигра 2:2, а во еден момент мечот беше во прекин. Шкотските навивачи си правеа забава со снегот и го гаѓаат домашниот голман.

Наставникот по математика кој на Финска ѝ донесе историска победа

Ништо чудно во догледно време да се појави некој врвен документарец за селекторот на Финска којшто ѝ ја донесе најголемата спортска радост на својата земја.

Кога був слета на терен и го прекина мечот Финска - Белгија

Пред 12 години, во квалификациите за Европско 2008 пред 35.000 луѓе во Хелсинки играа Финска и Белгија. Во еден момент на терен се појави непоканет гостин поради кој мечот се прекина на повеќе од 6 минути.

Финска - најубавата бајка за прво историско Европско првенство

Додека трае уште една студена зима во Финска, целата нација ја грее помислата на историски пласман на Европско првенство 2020. Ги очекува уште еден, мал чекор на домашното стадионче со 10.770 места.

Роботчето што живее во библиотека

Зимово ентузијастички напишавме дека на одмор ќе одиме во новоотворената библиотека Ооди во Хелсинки. Како што стојат работите, најверојатно ќе завршиме во „Другарче“. Ама па затоа можеме да продолжиме да читаме што се случува во неа.

Зошто Хелсинки го корне асфалтот низ град?

Возење во центар на град во 21-от век е како пушење цигари во 20-от век. Сега знаеме дека не е здраво, некогаш не сме знаеле, ама сега знаеме, на кратко објаснува архитектот од движењето кое за малку не ги отстрани сите поголеми булевари низ главниот град на Финска.

Оваа година на одмор ќе одиме во библиотека во Хелсинки

Во 2016 пишувавме за тоа дека библиотека во финскиот град Вантаа отвори звучно изолирана просторија со караоке машина наменета за луѓе на кои им е незгодно да пеат во кафана, а сепак сакаат да се издуваат. Но во новоотворената библиотека во Хелсинки има и многу повеќе од тоа.

Андерграунд 2: Хелсинки

Околу 300 километри во тунели и речиси 500 одделни подземни објекти го составуваат најобемниот (јавно познат) подземен систем на светот, чија цел е да му се најде на главниот град на Финска во случај на каква било катастрофа (Русија).

Хелсинки како поле за натпревар на лимузините

И Путин и Трамп на самитот во главниот град на Финска пристигнаа со најтешката цивилна механизација со која располагаат - претседателските лимузини.

Фалангата би на пат во Истанбул, Клуж, Тел Авив или Хелсинки

Главниот одбор на ФИБА денес ги објави имињата на четирите градови кои ќе бидат домаќини на следното кошаркарско Европско првенство кое ќе се одржи следната година во Турција, Романија, Израел и Финска.

Приказна за дербито на Хелсинки

Екипата на ХИФК испаднала од најдобрата финска лига во 1972. година, а нивниот најголем ривал ХЈК ги чекал да се вратат во лигата од тогаш. Конечно, после 43 години, ХИФК се врати во лигата и Стадин Дербито повторно е на сцена.

Си немале архитектите работа

Што се случува кога на куп архитекти ќе им кажеш да не се секираат за пари, усул или градежни норми? Не, не е тоа што го мислите, ова е кул.

За 10 години човек од Хелсинки ќе нема потреба од свој автомобил

Доколку градот успее да го оствари својот план, до 2025-та година Во Хелсинки би требало да заживее системот 'мобилност на барање' кој целосно би ја укинал потребата на граѓаните да поседуваат автомобил.