Таг: голчиште

Ракометно голчиште зад грб

Српскиот репрезентативец Владица Стојановиќ кој настапува за францускиот тим Pays d'Aix покажа ракометна мајсторија која тешко може да се види и во Лига на шампиони.

Бразилецот кој ја сруши физиката

Гералдо Дутра Переира настапуваше во Мексико, Катар, Бразил, а ги носеше и дресовите на Порто и ПСЖ. Повредата го натера да се повлече од фудбалот на 30 години во 93-та, а кој знае уште што друго ќе оставеше во наследство ако играше и во најзрелите години. 

Бомба на денот

Абдон Рејес има 33 години, а висок е 165см, 4 сантиметри понизок од Меси. На меч од Копа Либертадорес, набиениот Боливиец ја прими на негова половина од голманот и потоа не му требаше помош во контрата.

Асистенција на живиот ѕид

Хавиер Моралес од Аргентина сигурно за прв пат во кариерата постигнува ваков гол. 35 годишниот член на Реал Солт Лејк му донесе победа од 1:0 на својот тим против Сан Хозе, а во МЛС лигата падна ретко виден гол кога живиот ѕид случајно ќе ти ја даде на тацна.

Кандидат за наградата Пушкаш?

Во компилацијата со најефективни голови од викендов, фали мајсторијата на Алан Гатагов кој во шеснаесетник реагираше поатрактивно од Ибра. Се работи за руски фудбалер кој ги носел дресовите на Динамо и Локомотив Москва, а сега настапува во Казахстан.

За гол не мора секогаш да постои шанса

Рожерио Сени како голман може да се пофали со над 100 голови во кариерата, но му фали еден ваков лудачки кој беше решавачки на бразилскиот нисколигашки меч Операрио - Национал 2:1.

Наташа Андонова распали од 20 метри во агол

Нашата најдобра фудбалерка која од 2011 година настапува во Бундеслигата за тимот на Турбине, славеше против Фрајбург со 6:1. Таа го докрајчи противникот со последниот гол на средбата.

Чија е бомбава?

Уште 1000 пати да пробуваш, нема да ти успее вакво голчиште од над 40 метри во агол.

Гол од пола терен кој удри во статива и пречка

Неповторливиот удар се случи во шестата германска лига.

Наградата „Ференц Пушкаш“ за локалецов

Добро е тоа што Англичаните си се снимаат на турнири, за потоа да се знае кој може да се прави фраер во маало.

Фудбалерка на Ливерпул погоди од 50 метри

Од далеку покажаа дека знаат да гаѓаат и фудбалерките на Бирминген кои израмнија на 1:1, но гостинките од Ливерпул веднаш им ја скратија радоста со голчиште на кое не и претходеше никаква акција, туку само едно додавање на центарот на игралиштето.

Тики така во женски стил

Три Французинки направија махерска акција од учебниците која не сме ја виделе претходно кај други фудбалерки. Мечот е дел од Светското фудбалско првенство за играчи до 20 години против Костарика, а мајсторијата е дело на Клер Лавож.

Ваков гол не видовте на Светско

Фудбалерот на Монтреал, Џек Мекнерни не беше ниту свртен спрема голот кога со волеј удар успеа ова додавање да го претвори во погодок. Реагираше како секој ден да дава вакви.

Гуарин го намести шутот за Светско

Контролките овој викенд се последната можност за селекторите за испробување на некоја тактичка замисла на теренот. Играчите тоа го користат и за вежбање шутеви од далеку. Колумбија го совлада Јордан со 3:0, а во отсуство на Фалкао шоуто го презеде фудбалерот на Интер, Фреди Гуарин.

Ова не го фаќаат ни двајца голмани

Шеик Ндоје од репрезентацијата на Сенегал ја скина мрежата на голманот на Колумбија со проектил од 20 метри на пријателскиот натпревар кој заврши со резултатот 2:2.

Невидена фудбалска мајсторија на плажа

Ако ФИФА направи исклучок и реши да номинира еден гол од фудбал на плажа за Пушкаш наградата за најдобар гол на годината, тоа дефинитивно е оваа мајсторија на Бруно Ксавиер.

Прво па голчиште

35-годишниот Кристијан Ледесма во дресот на Ривер Плејт имаше одиграно 110 натпревари за 7 сезони, но немаше постигнато ниту еден гол. Сè до вчерашниот дуел со Куилмеш кога постигна и тоа како добар гол со кој ја најави првата титула на Ривер од 2008-та година.

Голчиште на колото

Џо Гарнер од англискиот третолигаш Престон го направи најубавиот фудбалски потег овој викенд, а потоа испали проектил без да му тапне топката.

Еквадорец го повтори шутот на Роберто Карлос

Фернандо Гереро од екипата на Индепендиенте од Еквадор го изненади противничкиот голман совладувајќи го со удар од мртов агол во стилот на Роберто Карлос.

Шутираше или нафрлуваше?

Еден од најчудните голови видени во последно време ни доаѓа од Чемпионшип лигата од мечот помеѓу Чарлтон и Барнсли. Гостите победија со 2:1, а овој играч како и самиот да не е сигурен дали сакаше на некого да му асистира на глава или да го шокира голманот.

Дали е ова голот на неделата?

Ова беше уште еден викенд полн со квалитетни фудбалски натпревари и добри голчишта. Ги немаме видено сите, но за главен кандидат за гол на викендот го кандидираме овој проектил на Јохан Ларсон од Елфсборг од натпреварот против Хакен.

Како стрела Јапонец во Црна Гора

Во екипата на Сутјеска од првенството на Црна Гора игра Јапонецот Масато Фукуи редовно ги решета противничките мрежи од каде ќе стигне. На натпреварот против Младост тој го постигна победничкиот гол со шут од 60 метри.

И аматерите даваат голчишта

Снимките од аматерските фудбалски натпревари нè асоцираат на лоши и калливи терени на кои се игра неквалитетен фудбал, но аматерите од Холандија нè уверија дека и тие знаат да даваат добри голови.

Барса стил зачинет со голчиште

Фудбалерите на Инвернес загубија на гости од Данди Јунајтед со 2:1, но тоа што веројатно долго го вежбале на тренинг успеаа да го покажат на дело.