Таг: голчиште

Уште голманот да го издриблаше

Бразилецот Артур Маиа од Америка РН на натпревар против Глобо во регионалната лига на Рио Гранде постигна гол со кој се кандидираше за вбројување при врвот на листата на најдобри соло голчишта.

Голчиште или среќлија на сезоната?

Мотаз Салани од екипата на Ал-Ведат во лигата на Јордан го постигна најчудниот гол оваа сезона. Намерно или не? Одлучете сами дали ова е најдобриот гол сезонава или Мотаз е најголем среќлија.

Руски третолигашки проектил

Третолигашот Тосно кој е оформен минатото лето, направи сензација во рускиот куп елиминирајќи го Спартак Москва и тоа со овој прекрасен гол на Владимир Филатов.

Најпрецизниот голгетер кој ја поштеди мрежата

И тоа го чудо го видовме. На младински натпревар во Данска до 19 години, фудбалер на Нордсјеланд ја заби топката во двете пречки без да ја пипне мрежата.

Најдоброто соло голчиште на сите времиња?

Фабијан Тељо од репрезентацијата на Еквадор до 16 години убаво ги изработи своите врсници од Парагвај. Тој издрибла седум противници пред да го помине голманот и да постигна гол преку двајца играчи на гол линијата.

Јапонец во стил на Анри

Голот на викендот падна во Јапонија. Хисато Сато од Хирошима даде голчиште против Кавасаки во стилот на Тиери Анри и неговиот чудесен гол против Манчестер Јунајтед во 2000-та година.

Паненка од слободен удар

На реванш натпреварите од 1/16-финалето во Лига Европа беа постигнати 44 голови, а најдобриот беше дело на Николас Гаитан од Бенфика кој против грчки ПАОК постигна прекрасен погодок од слободен удар.

Голчиште по 1.256 минути

Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.

Како сам да си наместиш волеј

Колега на Роналдињо од Атлетико Минеиро непречен од никого покажа како треба сам да си ја наместиш топката и да упатиш неодбранлив волеј удар.

Голчиште на денот

Фудбалерите на Блекпул беа торпедирани со пет парчиња од Ридинг, но тие одговорија со најубавиот гол на средбата кој е дело на Стивен Дејвис.

Голчиште од Непал

Во јужноазиската земја фудбалерите не играат на трева, но тоа не им смета да испратат бомба од половина терен.

Голчиште на годината

Најубавиот гол досега во 2014-та година беше постигнат во Израел. Мајсторот се вика Барак Ицаки и игра за Макаби Тел Авив, a мајсторијата ја направи на последниот натпревар против Макаби Хаифа.

Голчиштата кои можеби ги пропуштивте

Во 2013-та година видовме многу добри голови во силните лиги, но уште поубави голови беа постигнати и во помалку познати лиги. Ова се најдобрите 10.

Најдобриот непризнат гол

Јоан Гуркуф од Лион на натпреварот против Бетис го постигна најдобриот непризнат гол во историјата на Лига Европа. Гуркуф ја затресе противничката мрежа со удар од пола терен, но за жал судијата само свирнал фаул пред тој да го упати шутот.

Голчиште ипол

Мајсторските голови често пати ни доаѓаат од ниските лиги, а овој пат го издвојуваме овој волеј удар од петтата англиска дивизија. Актерот е дефанзивец, а одбиената топка не дозволи да му тапне на земја, туку ја реши со два потези.

Ирско голчиште од 40 метри

Само едно силно рогање и асистенција на противничкиот играч беа доволни топката да стигне и да му легне на Стефан Нолан кој ја пукна во голот на младински Куп во Ирска.

Американски проектил со ефе

Нешто слично како голчиштето од Азија, се случи и во МЛС каде фудбалерот на Лос Анџелес Галакси, Шон Френклин на најдобар можен начин ги постави конечните 1:0 против Реал Солт Лејк.

Азиското финале решено со голчиште од 30 метри

Екипата на Ал Кувајт триумфираше во финалето на АФЦ купот благодарение на одличното издание на Бразилецот Рожерињо.

Ја скина мрежата

Еден од најдобрите голови овој викенд беше постигнат во англиската трета лига, а мајсторот е Џо Џејкобсон од Шрусбери Таун кој ја скина мрежата на Шефилд Јунајтед со проектил од 30 метри.

Кога ќе го фатиш голманот неспремен

Тинејџерот од екипата на Челси до 16 години, Мухтар Али успеа да го измами голманот на Реал Мадрид со гол од околу 40 метри на натпревар со кој младинците на англискиот тим освоија меѓународен турнир минатата недела.

Најдоброто од Лига Европа

На 24 натпревари од третото коло на второто по ранг клупско натпреварување - Лига Европа, беа постигнати 52 гола. Ова се најдобрите пет:

Второлигашко романско голчиште

Извонредната бомба од 40 метри ја испука Даниел Панчу од втората романска лига.

Струшко голчиште во Премиер лигата

Швајцарецот роден во Струга, Пајтим Касами од Фулам, на гостувањето кај Кристал Палас постигна прекрасен гол во стилот на Марко ван Бастен по одличен прием, контрола и убав волеј удар.

Уште еден проектил од Иран

Не е некоја фудбалска земја, но ни отвора работа и ни го полни сајтот со голчишта кои ретко може да се видат и во најсилните европски лиги. Махер во ова коло е Воури Гафоури од тимот на Нафт Техран кој со бомбастичен удар му донесе бод на својот тим на една минута до крајот. Минатиот месец во истиот агол стрелаше Акбар Садеги.