Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Секој пат на 4-5 минути до почетокот на мечот тој чувствува нагон за повраќање. Кога ќе ја заземе својата позиција, околу него сите урлаат и должен е пак да се бори како гладијатор до крајни напори цели 90 минути.
Предминатиот понеделник преку 40.000 навивачи на Ајнтрахт Франкфурт бурно протестираа против фудбал во понеделник, термин што фудбалската федерација на Германија сака да го протне на мала врата.
Без разлика кое место на табела е нивниот тим, навивачите во Германија се солидарни во борбата против понеделнички фудбал зошто го сметаат за несоодветен термин.
Во славната генерација на Борусија Дортмунд во 1995-та играше и Андреас Милер кој за оваа глума што ќе ја видите на видеото беше казнет: 2 лигашки меча, 10.000 германски марки и на определено време тргнат од репрезентацијата.
Макс Арнолд од Волфсбург, Леон Бејли од Баер Леверкузен (х2), Хамес Родригез од Баерн, Кагава од Дортмунд и уште неколку играчи поставија сериозна задача во изборот за гол на месец јануари во германската Бундеслига.
Минатиот викенд Баерн Минхен со 4-2 го совлада Вердер Бремен во Бундеслига, а мечот беше прилика и најверните навивачи на Баварците од Südkurve (Јужна трибина) да кажат што мислат за договорите кој нивниот клуб ги има со Катарците.
За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.
Напаѓачот на РБ Лајпциг Тимо Вернер е најдобриот германски бомбардер во последните две години (29 гола во бундеслига). Има само 21 година а ја игра петтата сезона во професионалниот фудбал. Прва желба е на Реал Мадрид и Баерн Минхен.
Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.
Веројатно никогаш претходно не сте слушнале за овој фудбалер. Јозеф Лауман - син на Германец и Мароканка, роден во земјата на мајка му и преселен во германскиот Хаген на 10 години. Ја грееше клупата во најдобриот Шалке.
Од претседателот на Баерн Минхен па се до еден верен навивач на овој клуб од фавелите во Рио - документаркава има 13 ликови од 9 земји кои објаснуваат што значи „Mia san Mia“ феноменот. Трае саат и пол и секоја сцена вреди внимание.
Во четвртиот ранг од хиерархијата на германскиот фудбал се постави нова рекордна посета: мечот Аугзбург II - Минхен 1860 го гледале 21.219 гледачи што е незамислива посета за многу други големи европски лиги.
Сè започнало со интервјуто на ултра-талентираниот млад тренер на Хофенхајм, Јулиан Нагелсман којшто му раскажал на репортерот на Eurosport повеќе отколку што треба.
За разлика од студениот Тухел, Петер Бош носи лавина емоции, чудни гримаси, тензија и пресинг на теренот, расправии со судиите и сè она што во Дортмунд го немаше по заминувањето на Јирген Клоп.
Младинската репрезентација на Кина во новата сезона ќе игра во германска Regionalliga Sudwest: Ќе им дадат по 15.000 евра на 19 клуба и само ќе гостуваат.
Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.
Да одмориме малку со Лига на шампиони и да видиме што се случува во нисколигашкиот фудбал од каде често излегува по некоја анегдота, смешка или тешка местенка. Има таму мастраф со разно разни нетипични фудбалски случувања.
Омер Акбел има само 18 години и е дел од младинските лиги во Германија. После ваква реакција од прва на корнер, не веруваме дека ќе крене раце од скаути.
Идејата на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино за Светско првенство со 48 репрезентации поделени во 16 групи по три селекции веројатно ќе биде разгледувана на Конресот на ФИФА утре во Цирих.
Следете го фудбалерот со број 20, кој до толку е глуп што ќе се обиде да изнуди фаул од судијата. Глумачка налудничавност како што не сме виделе до сега во фудбалот. Што очекуваше? Судијата да му досуди фаул, а тој сам на себе да си додели црвен картон? Инаку потоа ќе направи уште една глума, а на театралното паѓање ќе се приклучи уште еден негов соиграч.
Кога се мести, а викаат дека се мести многу, особено во пониските лиги, ги местат 3+, 4+, полувреме/крај и сл. ама овие во Германија не знаеле кај тераат бидејќи како што знаеме во кладилница нема опција за 43+ нели?
Шведскиот репрезентативец долго време силно се поврзува со Манчестер Јунајтед каде би работел со неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо, но во меѓувреме му стигна необична понуда од Германија.