Кина У-20 ќе игра во четврта германска лига

Младинската репрезентација на Кина во новата сезона ќе игра во германска Regionalliga Sudwest: Ќе им дадат по 15.000 евра на 19 клуба и само ќе гостуваат.

„Патот на свилата“ уште не е готов. Барем не оној фудбалскиот од Кина. Кинезите не само што купуваат клубови во странство, не само што носат големи ѕвезди во својата лига и тренери великани, туку сега сериозно запнале да ја следат препораката на претседателот Џи Јинпинг, да се освои Мундијал до 2025. година.

Рони Цимерман, потпретседателот на германската фудбалска федерација и одговорен за регионалните лиги му потврдил на германскиот неделник Кикер дека проектот е прифатен од сите 19 клуба во лигата.

Во оваа лига играат и вторите екипи на клубови како Хофенхајм II, Штутгарт II и Кајзерслаутерн II. На сите членови на оваа лига, 19 на број Кинезите ќе им платат по 15.000 евра бонус како гест за добра волја.

Репрезентацијата на Кина У-20 ќе ги игра сите средби на гостински терен (домаќинот два пати ќе игра дома против нив) и нема да биде присутна на табелата за бодови. Уште треба да се одлучи каде ќе тренираат и каде ќе им биде седиштето (се споменува Хајделберг).

Имено оваа иницијатива за Кина У-20 во германска лига е дел од договорот потпишан на највисоко ниво помеѓу двете фудбалски федерации во Берлин во декември 2016-та.

Ова не е првпат Кине да праќа свои фудбалери на „студии“ во странство: еднаш направија таков договор и со португалската втора лига која добил богато спонзорство. Таму се уфрлија десетина млади кинески фудбалери во првите 10 екипи од првенството (само 6 души играа од кои најмногу, 15 пати напаѓачот Веи Ши-Хао).