Таг: фудбалска репрезентација на исланд

Зошто Англија повторно се посрамоти?

Кои се причините поради кои Гордиот Албион одново со црвени образи замина од едно големо натпреварување, овојпат од Европското во Франција.

Исланд се искачи високо, а ние потонавме

Се селекцијата која е најголема сензација на Европското првенство имаме одиграно четири натпревари во два мундијалски квалификациски циклуси. И во двата освоивме повеќе бодови од нив, но разликата е сега што тие од 130-та станаа 39-та фудбалска сила во светот и четвртфиналист на ЕП 2016, а ние тогаш се движевме околу 80 место, а сега сме на 139-то.

Како Исланд го бираше тимот

Земјата која има мажи колку што Општина Аеродром има жители и која има 20.000 фудбалери, за разлика од Англичаните кои имаат над 4 милиони е само најава за сите шеги кои денеска ќе паднат на сметка на Англија која два пати за само една недела излезе од Европа.

Имаат повеќе вулкани отколку професионални фудбалери

Англиската јавност, шокирана од поразот од Исланд веднаш после мечот распали по играчите и селекторот Рој Хоџсон кој си даде оставка заедно со помошникот Гери Невил. Легендарниот Гари Линекер на Твитер напиша: „Најтешкиот пораз во нашата историја. Англија загуби од земја која има повеќе вулкани од професионални фудбалери. Добар меч Исланд."

Во Рејкавик славеше кој останал дома

После Грција европски првак во 2004 и Лестер премиерлигашки шампион во 2016-та, Исланд го направи третото чудо во поновата фудбалска историја откако со 1:2 ја совлада Англија во осминафиналето на Европското во Франција. 10% од вкупната популација на Исланд (330.000) е на Европско во Франција. Тие што останаа, се радуваа на плоштадот во Рејкавик.

Шоу на исландскиот коментатор

Ако по чудото против Австрија кога дадоа гол буквално во последната секунда за сигурен пласман понатаму, исландскиот коментатор полуде, тогаш претпоставуваме што му се случувало на дуелот против Англија. Историски меч за неговата земја.

Нов Брегзит во една недела, Исланд ја исфрли Англија од Европско

Фудбалерите на Исланд го направија најголемото изненадување во досегашниот тек од Европското, откако со 2:1 го совладаа големиот фаворит Англија и заслужено одат во четвртфиналето каде ќе се сретнат со домаќинот.

Викингот кој ги налути националистите од Тирана стана примерен капитен

Арон Гунарсон започнал ракомет и на 15 години дебитирал во исландското првенство. Преку ноќ сфатил дека му се игра нешто друго и дека ракометот не го задоволува. Од тој момент започнува неговата неверојатна кариера.

Што сè ни донесе групната фаза од Европското

Нов рекорд на Роналдо, сензационални одбрани на Северноирецот против Германија, голот на Димитри Паје, потезите на Иван Перишиќ се само некои од моментите кои ја одбележаа првата фаза од Европското.

Сторија за Исланѓанецот Гудмундур Бенедиктсон

Гудмундур е поранешен исландски репрезентативец. Син му игра за ПСВ Ајндховен, а прадедо му бил првиот професионален фудбалер од Исланд, играл за Милан и Арсенал и бил министер за финансии.

Малиот Исланд до голем бод

Дебитантот на Европските првенства, Исланд освои важен бод на последниот меч од првото коло на ЕП 2016. Стрелци Нани и Бјарнасон.

Голманот на Исланд е режисер, снима хорор филм и спот за Евровизија

Откако дознавме за голманот на Велс кој е меѓу најдобрите уметници на оваа земја, сега се запознаваме со чуварот на мрежата на Исланд чија првична професија не е фудбалската, туку режија на играни филмови.

Планината до Роналдо: Пази што правиш против Исланд

Исланѓанецот кој се прослави со улогата на Грегор Клигејн „Планината" во Игра на тронови, изјави дека ќе го претепа Кристијано Роналдо доколку даде гол против неговиот Исланд на Европското на 14. јуни.

Рејкјавик ќе има 15 играчи на Европско, Милан двајца

Ливерпул и Јувентус во Франција на Европското ќе имаат по 12 фудбалери, а главниот град на Исланд е рекордер со 15 репрезентативци. Милан со никогаш помалку репрезентативци во последните 30 години.

Од бес или од некултура?

Пред почетокот на дуелот Турција - Исланд на стадионот во градот Коња имаше едноминуто молчење во чест на приближно 100 загинати луѓе во бомбашкиот напад во Анкара минатиот викенд. Голем дел од публиката свиреше, негодуваше и скандираше за време на молкот и се создаде непријатна атмосфера.

Холандија со порака до браќата Исланѓани

Последен пат Холандија пропуштила едно Европско првенство во 1984 година, а вечерва на Лалињата им е денот Д затоа што мора да ја победат Чешка и да се надеваат дека Исланд кој е квалификуван на ЕП, ќе ја победи Турција на гости.

Земјата на фјордовите и фудбалското чудо

Земјата во која фудбал се игра само пет месеци во годината е најголемото фудбалско изненадување во европските квалификации. Веќе го кандидирале селекторот Лагербек за претседател, а тој вели дека херои се Нелсон Мандела и Мартин Лутер Кинг а не тој.

Прославата на Рибарите за историското Европско

Додека некој се мачи со Луксембург, во исто време земјата со околу 300.000 жители обезбеди пласман на ЕП. И тоа во конкуренција со Холандија, Чешка и Турција. Исланд заслужено обезбеди прв историски настап на Европско првенство, а играчите и навивачите необично го прославија пласманот.