На самитот во Бали, Бајден пак е фатен со список со детални насоки, и тоа ништо идеолошко, туку чисто кај да седне со кого да се поздрави, кога да зборува.
Претседателот Бајден по свои зборови е „машина за гафови“. Тоа, секако, не е оправдание, за претседателот да дава лажни и погрешни изјави, пишува проверувачот на факти за Вашингтон пост, Глен Кеслер, во својата анализа на американскиот претседател.
Бајден уште не довршил да му кажува на Зеленски дека му обезбедил уште 1 милијарда долари воена помош, кога украинскиот претседател почнал да ги рецитира сите ставки дополнителна помош што им биле потребни.
Непишан пакт ги држеше заедно САД и Саудиска Арабија низ 15 претседатели, седум кралеви, две Заливски војни и 11 септември. И тогаш Мухамед бин Салман реши да покаже сила и уби новинар, а Бајден имаше претседателски избори па го осуди ова.
Доколку се појави таму, самитот на Г20 во Индонезија ќе биде првото излегување на Путин од Русија (и екс-СССР) од почетокот на војната, и на страна агендите, главна преокупација на луѓето на Бајден е по никоја цена нивниот претседател да не се сретне со рускиот, ниту да се размине.
Путин се прејде за некои работи во Украина. Но, Саудиците веќе се качија на возот. Зелените прогресивци немаат слух за Европа. Сандерс, прогресивните демократи, црвените од САД - се здружија контра строгиот пропис за издавање дозволи за проекти од областа на енергетиката. А Бајден не сака да чуе. Со коментаторски жаргон, „останува да видиме“.
Можеби човекот не може да ѝ припари ни на една социјална мрежа на интернет (освен таа што сам си ја отвори), ама затоа може на свои митинзи да си го прави меракот и да ѝ пушта клипови на публиката.
Уште пред американскиот претседател да почне да комуницира со умрени луѓе на настани организирани од Белата куќа, јасно беше дека Џо Бајден повеќе не е во најдобрите години, пишува колумнистката на Вашингтон пост, Меган Мекардл.
Ај сега е стар човек па може да го вадат дека му се испуштило, ама комплицијава е долгогодишна и излегува дека речиси и нема период од кариерата на Бајден кога не му се испуштило.
Си-ен-ен објавува анкета според која 64% од регистирани демократи гласачи, сакаат Бајден да се откаже од втор мандат и нивната партија да има друг кандидат за претседателските избори 2024. Ако се загребе малку подлабоко во резултатите, една од најзастршувачките цифри е дека кај демографијата демократи под 30 години, оваа бројка е 94%.
Следната недела патувам на Средниот Исток за да започнам ново и поветувачко поглавје од американскиот ангажман во регионот. Ова патување доаѓа во клучно време за регионот, и тоа ќе унапреди важни американски интереси.
Бидејќи не планираше да се најде во ваква криза во каква што е, Бајден јавно се изнакажа (и со повторување) секакви работи за саудискиот престолонаследник. Сега Бајден е во толкав зорт што веројатно ќе оди во Ријад за да се види со истиот овој престолонаследник.
По посетата на грчкиот премиер на Вашингтон и кодошењето на Турците, турскиот претседател Ердоган ќе каже „во мојот тефтер повеќе нема човек по име Мицотакис“.
Сенатот го изгласа итниот пакет за помош на Украина од 40 милијарди долари, меѓутоа отпорот што го дадоа некои републиканци покажува дека војната ја изгуби гарантираната меѓупартиска поддршка, пишува уредништвото на Њујорк тајмс.
Речиси половина од сметките што го следат официјалниот Твитер на американскиот претседател (@potus) се лажни, открива официјална ревизија на службената сметка на Бајден. Уште повеќе ги има на личниот профил на Бајден, каде од 32 милиони следбеници, 43% или 14,6 милиони се лажни.
Актуелниот американски претседател му соопштил на Обама дека планира пак да се кандидира на изборите за претседател во 2024. На почетокот од првиот мандат Бајден беше постар од кој било американски претседател што бил на крајот од својот мандат.
Од ентузијазмот околу Бајден останато е многу малку, а веста во бројки јавно ја соџвака Си-ен-ен тој ем е со најнизок рејтинг од почетокот на мандатот, ем рејтингот му е понизок и од оној на Трамп.
Може ако Бајден проба никогаш повеќе да не зборува јавно без да чита од збор до збор тоа што му е напишано народ и нема да се чувствува како светот да го води речиси 80-годишен пензионер. Рака на срце, мора да му се признае дека добро се држи за годините.
Како не би се изрезилил пак, па цела негова администрација да треба да работи да спречи Трета светска војна, 79-годишниот Бајден на последната прес-конференција од своите советници беше попратен со точен текст што и како треба да каже околу последната работа што ја оплеска.