Таг: динамо загреб

Мамиќ по грешка на судот му дал спремни одговори за Ловрен

Целиот циркус на судењето на Здравко Мамиќ и натаму трае. Денес на судот по грешка му предал документи меѓу кои имало и спремни одговори за фудбалерот на Ливерпул и хрватски репрезентативец.

Каков гол во хрватското дерби

Ријека го совлада Динамо во Загреб со 0-1 а стрелец на бомбастичниот гол беше Акости. После оваа победа Ријека пак го отвори прашањето за шампионот на четири кола до крајот.

Продавам столица што ми спаси глава на крвавиот Максимир

Сега веќе митскиот натпревар Динамо Загреб - Црвена звезда од 1990. година кој се смета за почеток на војната во поранешна Југославија одвреме-навреме вади нови митови и легенди. Сега се појавил оглас за скршена столица од „Максимир 1990-та“.

Адеми два пати го тресна Осијек

Македонскиот репрезентативец беше двоен стрелец на дуелот меѓу Осијек и Динамо Загреб кој заврши 2:4 за Модрите. Адеми две години беше суспендиран поради допинг и тој се очекува да биде важна алка во средниот ред на Македонија која на есен ќе стартува во Лига на Нации.

Анегдотата како Гоце Седлоски играл рулет покрај Ван Нистелрој и Матеус

Во емисијата Podcast Inkubator која што ја води познатата уредничка на Index sport, Деа Реѓиќ, гостуваше секогаш занимливиот Јошко Јеличиќ, поранешен фудбалер на Хајдук и Динамо Загреб. Раскажа неколку смешки од соблекувалната на „Модрите“ а најсмешната беше поврзана со Седлоски (го викаат Гоца).

Единствената екипа сезонава која новата година ќе ја дочека без пораз

Манчестер Сити и Барселона се неприкосновени изминативе четири месеци во домашните првенства, но ниту една од нив не издржа до крај, како што издржа непобедливиот Динамо Загреб.

Здравко Мамиќ топ не го бие

Го нападнаа физички, па пукаа со пиштол во него и го ранија во нога, па му се закануваа и го заплашуваа, а тој одговори со шоу на свадбата на син му Марио.

Папагалот што пее песни за Динамо

Или газдата го дресирал вака, или самиот папагал гледал фудбалски преноси на хрватскиот претставник во Лига Европа - Динамо Загреб.

Најдобри моменти од кариерата на Просинечки

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на ова поднебје, легендарниот ’Жути’ играше во Динамо Загреб, Црвена звезда, Реал Мадрид, Барселона, Овиедо, Севиља, Стандард Лиеж и Портсмут а во кариерата освои 14 трофеи од кои највреден беше оној во Купот на европски шампиони со Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Како Лука Модриќ стана државен непријател број 2?

Десетката на најдобриот клуб во Европа во моментов, Лука Модриќ е почитуван насекаде во светот, само не во својата татковина каде го навредуваат и исвиркуваат. Зошто?

Мамиќ правеше циркус во судница, па ги избрка адвокатите

Мамињо предизвика инцидент во судот во Осиек каде требаше да сведочи фудбалерот на Ливерпул Дејан Ловрен. Ги избрка и адвокатите кои го бранеа па им се пушти и на новинарите.

Фабриката за ѕвезди - Динамо Загреб

„Модрите“ од улицата Максимирска бр. 128 важат за најдобар клуб на Балканов којшто е магнет за талентите. Како функционира нивната школа и како ги ловат надарените фудбалери?

Брат му на Пандев - една од трансфер утките на Динамо Загреб

Го најавуваа како наследник на неговиот славен брат, но Сашко не го демонстрираше потенцијалот кој го донесе во хрватскиот шампион, клуб кој е отскочна даска за многу млади таленти. Патот го врати назад во родната Струмица каде сега е капитен.

Динамо Загреб не сака да игра во регионална лига

На Балканот последните неколку недели гласно се зборува околу новата регионална фудбалска лига, а од УЕФА не само што дадоа зелено светло туку и одредија богат награден фонд за учесниците. Но Балканот не би бил Балкан ако нема потешкотии.

Порто го згроми Лестер, Реал и Дортмунд играа за публика

Очекувано лесно, но неочекувано високо Порто со 5:0 го демолираше Лестер во дуел на екипи кои се пласираа понатаму. Борусија Дортмунд со гол во финишот израмни на „Бернабеу“ и како прва во групата пред Реал ќе оди понатаму.

Динамо и Хајдук го потценувале Несторовски, сега плачат за него

Тренерот на Интер Запрешиќ, клубот кој го лансираше најдобриот македонски напаѓач во моментов, вели дека двата најголеми хрватски клуба воопшто не го доживувале Несторовски додека бил во ХНЛ.

Исповед на полицаецот кој за малку ќе пукал во Ѕвонимир Бобан

Случувањата на дербито меѓу Динамо Загреб и Црвена Ѕвезда одиграно на 13 мај 1990-та се смета за вовед на војната по распадот на Југославија. Мечот бил под толку голем набој што гостинските навивачи морале да ги сместат на трибина уште од 8 сабајле, само да нема инциденти низ град.

Видео од тепачката меѓу хулиганите во Загреб

Навивачите на Динамо вчера попладне нападнале група навивачи на Јувентус кои допатувале во Загреб. Меѓу сведоците на општиот хаос имало и Македонци кои отпатуваа да го бодрат Јувентус.

Бед Блу Бојс нападнаа навивачи на Јуве, има повредени

Се овистинија претпоставките дека враќањето на навивачите на Динамо на трибините после долгогодишен бојкот ќе резултира насилно. Особено што во Загреб вечерва гостува една од најпознатите навивачки групи во Европа.

А што ако Динамо Загреб ги задржеше најголемите таленти?

Темата за која сме пишувале, а тоа е што сè вредно си замина од Максимир во режија на Мамиќ кој стана милионер од трансфери, е интересна и за италијанските медиуми кои направија топ тим од 11 поранешни играчи на Динамо.

После шест години, Бед Блу Бојс кренаа бело знаме

Првпат после 2010. година кога официјално стапија во бојкот против „криминалецот кој го приватизираше клубот за семејни потреби“ Здравко Мамиќ, организираната навивачка група Бед Блу Бојс ќе се врати на својата матична трибина.

Филм за хулиганско гостување на Бед Блу Бојс во Белград

Едно неделно попладне после концертот на „Прљаво казалиште“’ 80-те години во Загреб, група млади луѓе во спитфаерки и навивачки шалови тргнуваат во Белград на мечот Црвена звезда - Динамо Загреб.

Јадранска лига во фудбал - за или против?

Од вкупно 24 екипи кои учествуваа во квалификации за Лигата на шампионите и Лига Европа, само еден клуб успеа да влезе во фазата по групи. Време ли е за Јадранска лига?

Малериозниот Салцбург во слепа улица

После поразот од Динамо Загреб (1:2) во продолженијата, австрискиот Салцбург деветти пат по ред испадна од квалификациите за Лига на шампионите. Германецот Крамер влезе четврти пат во ЛШ за 15 месеци.