Таг: диего марадона

Како Наполи и олеснал на Ѕвезда да стане европски првак

27 години по европската титула, Црвена Ѕвезда вечерва се враќа на најголемата клупска европска сцена. На финалето во Бари 91-ва на пенали го совладаа Марсеј, а знае ли Илија Најдоски дека за малку на тој меч ќе го чувал фудбалерот по име Диего Армандо Марадона?

Amazon Prime снима серија за Марадона, сите тројца глумци исти Диего

Во блиска иднина ќе гледаме интересна серија за животот на најинтригантниот фудбалер на сите времиња. Луѓето кои го глумат многу личат на него.

Редарот кој го претресувал Марадона на врата

Диего сме го гледале во разни варијанти. И поднапиен и спремен да се тепа со новинари и со фоторепортери, ама како вчера не сме го виделе. За тоа е крив човекот што го „тресел“ на врата.

Теориите поради кои Мауро Икарди нема да оди на Светско

Во репрезентацијава на Аргентина летово нема да го видиме еден од најефикасните напаѓачи на светот а причините за тоа се од крајност во крајност. Некој смета дека Меси одлучува за сè кај „Гаучосите“ и дека поради тоа Мауро не добил повик.

Што мисли Марадона за Барези

Иконата на Милан (20 сезони, 17 трофеи, 719 настапи) вчера наполни 58 години. Како играл во одбрана еден од најдобрите дефанзивци во историјата, ќе ви каже еден од најдобрите фудбалери во историјата.

Како изгледало тоа Марадона да ти биде цимер

Тренерот на Тотенхем Маурисио Почетино на почетокот на играчката кариера ја делел собата со легендарниот Диего.

Историскиот гол на Хамшик со неаполски коментатор

Во 30’ минута од мечот со Торино на гости, капитенот на Наполи го постигна 115. гол во дресот на омилениот клуб и го стигна Диего Армандо Марадона на вечната листа најдобри стрелци за Наполи. Трет е Атила Салустро со 108 гола а четврт Единсон Кавани со 104 погодоци во три сезони. За очекување е Словакот скоро да стане прв стрелец во историјата на клубот.

Тренерот кој пази дури и на омекнувачот за перење во машина

На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.

Марадона: Со видео-технологијата ќе ми го поништеа голот

Ако во време на Сеп Блатер фрлаше дрвја и камења по ФИФА, денес Марадона е целосно прибран и пристоен откако организацијата ја води Џани Инфантино. Аргентинецот ја поддржува замислата за видео-технологија и реприза на спорните моменти.

Тупаниците меѓу Барса и Билбао во финале на Копа дел Реј 84’

На 5 мај 1984-та на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид се одиграло финалето на шпанскиот Куп. На мечот му претходеле десетина соопштенија и тензијата растела особено по страшниот старт на Гојкочеа над Мардона на претходниот меч во лигата. Баскијците со 1:0 го освоиле Купот (петта двојна круна во историјата на Атлетик), но целото славје им го расипа Марадона на крајот од мечот.

Камерунецот со 21 браќа и сестри кој стана дел од „Непобедливите“ на Арсенал

Еден од 22-та браќа и сестри како мал со семејството се сели од Камерун во Шпанија која била почеток на неговиот фудбалски пат. Од другарствата со Марадона и Ето и многу трофеи, стана легенда на Арсенал.

Како касапите го чувале Марадона

Диего Марадона важи за еден од најфаулираните фудбалери во историјата и тоа во време кога степенот на заштита на играчите не бил како денес. Малиот Диего ѕверски го фаулирале по 28 пати на натпревар а најголем крвник му бил Џентиле од Италија.

Патот на Ел Матадор, човекот кој го сакаше целиот југ

Единсон Кавани беше икона кај навивачите на Наполи. Италијанските новинари не престануваа со комплименти за него, а Уругваецот го воодушеви и Диего Марадона. Но во Париз налета на Златан Ибрахимовиќ од чија сенка излезе сезонава.

Марадона ќе ја бодри Аргентина во финалето против Хрватска

Еден од најомилените спортисти во Аргентина, Хуан Мартин дел Потро важи за голем патриот од кого неговите сонародници очекуваат да им ја донесе долго очекуваната титула во финалето на Дејвис Купот. Од другата страна ги чекаат Марин Чилиќ и преполната Арена во Загреб.

Фудбалското револуционерно деби

Малиот гениј се појави на 20 октомври 1976 година во дресот на Аргентинос и на возраст од 15 години ги направи првите чекори во кариерата која ќе се трансформира во светот на фудбалот.

Марадона му се пушти на Верон на хуманитарен меч

За време на ревијалниот меч на сите ѕвезди со цел собирање средства за настраданите во земјотресот во Аматриче, Диего Марадона се однесуваше како да игра дерби Бока - Ривер, па му се пушти на сегашниот претседател на Естудијантес Ла Плата кој наводно не сакал да му подаде рака.

Страшната акција на Диего и најлудиот коментатор ’94-та

На една од најубавите средби од Мундијалот 1994 година во САД, Аргентина со 4-0 ја збриша Грција. Три парчиња им спакува Габриел Батистута а голот на Марадона во 60-та минута го збудале и коментаторот и самиот Диего кој подоцна го суспендираа поради тоа што паднал на ефедрин.

Градот на фудбалот и конечната пресметка

Главен фудбалски град на Аргентина не е Буенос Аирес, туку Розарио. Во ова место, на грбот на ривалитетот меѓу „Канаљас“ и „Лепрозос“ израснале најголемите таленти во земјата.

Бев бунтовен како Јоко Оно и Џон Ленон

Фудбалерот за кои навивачите на Лацио извадија знаме „Сакаме 11 Алмеиди“ се избори со алкохолизам, депресија и апатија, го освои Супер Купот на Европа, се врати во татковината и успеа да го врати Ривер во првата лига.

Лудиот фудбалер кој влезе во Гинис

Најдобриот стрелец во историјата на аргентинскиот фудбал е запишан во Гинис како првиот фудбалер што промашил дури три пенали на еден натпревар. Легенда е на Бока Јуниорс, а во Виљареал автограм на топката му барал малиот Фернандо Алонсо.

Ретки фудбалски фотографии #4

По воведните 1, 2 и 3 сеќавања на фудбалот од минатото, продолжуваме со 4-та епизода носталгичен фудбал во која се Сидорф и Давидс како младинци на Ајакс, Биелса како шампион на Аргентина и други занимливи фотографии.

Napoli mia Napoli

Во време кога градот под Везув после цели 26 години повторно мириса Скудето, навивачите го сонуваат тимот кој им ја оствари животната желба на многу генерации.

И Марадона жонглира со портокал

Откако Меси налета на еден портокал и со него жонглираше, ништо покус не остана ниту Диего Марадона и тоа со чевли и костум во сред студио.