Таг: апоел

Арсенал даде 2 гола за 2 минути и оди во следна фаза, Лацио испадна

И покрај тоа што губеа дури со 2:0 во 69' минута и беа на прагот да испаднат од Лига Европа, фудбалерите на Арсенал во неколку секунди постигнаа 2 гола и се спасија од бламажа.

УЕФА го истражува намерниот жолт картон на Карвахал

Десниот бек на Реал Мадрид и репрезентацијата на Шпанија буквално 20-ина секунди глумеше дека изведува аут и тоа во судиското продолжение при водство од 0:6 на неговиот тим. Поради овој жолт картон, Карвахал има три по ред и ќе го пропушти последниот дуел со Дортмунд во Мадрид. Свесно и намерно или не одлучете сами.

Кипарските Грци бараа од Англичаните да ги вратат скулптурите

Навивачите на редовниот учесник на европските натпреварувања АПОЕЛ од Никозија ги изненадиле гостинските навивачи од Лондон на мечот против Тотенхем синоќа.

Како е правилно Генк или Гент?

Едно време за оние помалку упатените постоеше заврзлама со прашањето дали е правилно Ирак или Иран. На фудбалската мапа постојат клубови со потполно или приближно исто име кои те тераат повеќе да размислиш кога ќе се сретнат меѓу себе.

Манчестер куртули на ораницата во Ростов

Во првиот дуел од осминафиналето на Лига Европа, Манчестер поведе преку Михтарјан по одличната асистенција на Ибрахимовиќ, а Букаров израмни на 1-1 по што Русите имаа и шанси за комплетен пресврт на средбата која се играше на најлошиот терен во Лига Европа.

Бомби под кола, корупција и местење на Кипар

Очајни времиња за спортот на Кипар каде проценките одат и до 67% сомнителни, наместени исходи на натпреварите. Претставени се нови правила, но дали ќе се решат проблемите?

Вардар заработи 550.000 евра за две нерешени

И покрај неуспехот во 2. коло каде испадна од АПОЕЛ, македонскиот шампион ќе инкасира 550.000 евра колку што дава УЕФА за оваа рунда квалификации за Лига на шампиони.

Андреев: „Првпат играме пред толку публика“

Тренерот на Вардар темпераментно одговараше на новинарските прашања по мечот со АПОЕЛ и изјави дека се брани и еден Јувентус, а не само актуелниот македонски шампион.

Реми на Филип Втори, заврши европското лето за Вардар

Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд.

Навивачите на Апоел провоцираат со знамиња

Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.

Македонија до Аргентина

Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.

Андреев со руски поговорки ги спрема Вардарци

Фудбалерите и стручниот штаб на Вардар се подготвени за реваншот со АПОЕЛ (вторник 20:00), дуел за кој веќе се продадени околу 15.000 влезници.

Судијата што ќе му суди на Вардар беше дел од ланскиот срам на Грција

На 23 февруари годинава на мечот Наполи - Сасуоло, Давиде Маса одбележа јубилеј од 50 натпревари како главен арбитар во Серија А, а од минатата година суди и во групната фаза од Лигата на шампионите.

Ако го мине АПОЕЛ, Вардар оди на Митјиланд или Линколн

Во случај да го победи кипарскиот АПОЕЛ во реваншот во Скопје, Вардар во следното коло ќе игра против победникот од дуелот Митјиланд - Линколн (1-0).

Вардар преживеа на Кипар

Македонскиот првак успеа да извади позитивен резултат во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите откако одигра 0:0 против Апоел на гости. Најзаслужен што имаме активен резултат на реваншот е Томе Пачовски.

Кипарскиот гигант е колонија на странци

Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Рома понижена, шоу на Луиз Адриано во Борисов

Третото коло од ЛШ донесе седмици во Рим и во Борисов, каде Баерн и Шахтјор се поигруваа со противниците. Агим Ибраими промаши пенал во убедливиот пораз на Марибор против Челси, а во натпревар со 7 гола, Шалке го победи Спортинг со гол од пенал во судиското продолжение.

Чудото од Кипар со буџет од 10 милиони евра

Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.