Не ни е јасно зошто научната јавност во Македонија сè уште не излегува со експертско мислење за чудото во св. Димитрија. Објаснувањето е едноставно: фотоните се квантно поле кое во интерференција со електромагнетните бранови произведени од локалната радио-дифузија при силен импулс може да ги направи сликите (а и звуците) појасни отколку што тие вообичаено се.
Што да ви кажеме за книгава? Дали е уметност, научна фантастика, мистерија, некаква чудна енциклопедија или само најголемата зафрканција во издаваштвото? Што и да е, изгледа прекрасно.
Не ни е баш јасно како се брои, но ако е точно дека Фелпс во неговата кариера срушил 39 светски рекорди, а Џони Вајсмилер 67, тогаш можеби треба да се преиспита кој е најуспешниот пливач на сите времиња. Она што е сигурно јасно, е кој е најславниот актер помеѓу пливачите.
Приходот кој ќе остварува Андриќград, кој е замислен како туристичка атракција, ќе се вложува во афирмација на културата. На пример преку доделување престижна награда која ќе го носи името на Нобеловецот, кој е единствен во светот кој има свој град.
Џеф Рагсдејл, стенд-ап комичар од Њујорк, по раскинувањето со девојката западнал во тешка депресија. По едно време се прибрал, и напишал оглас со следнава содржина:
Книгата на Патрик Венсинк „Расипан клавир за претседател" има необично позната насловна. Толку позната, што компанијата која го произведува познатото виски му испратило предупредувачко писмо на неговиот издавач.
Сопственичка на книжарница и издавач, во последно време, како и повеќето мали издавачи низ светот, почнала да ги чувствува последиците од дигитализацијата. Екстремно тешките моменти бараат екстремни мерки, помислила Етерна Каденција, и почнала да печати книги со посебен вид мастило.
Кога ќе видиме некој познат како чита биографија на некој ист таков, уште попознат, некако ни олеснува - значи не сме само ние тој „плебсот" кој ужива во ѕиркање во туѓите животи.
Финтава е, се согласуваме, добра - ставаш празна книга, ја печеш, и во неа се појавуваат цртежи и рецепти. Ама еве пофин предлог: ставаш празна тепсија во рерна, и оп! - вистинска турлитава. А?
Реј Долин, автостопер кој неколку месеци работел на неговата книга-патепис за патувањата низ САД под наслов „Љубезноста на Америка", бил застрелан пред неколку дена за време на едно од неговите патувања. Или не?
Пред неколку дена во Музејот Смитсонијан во Вашингтон заврши изложбата „Аџилак" на Ени Либовиц, за веднаш потоа да се пресели на фестивалот Чарлстон во Британија. Жената која стана славна со нејзините портрети на славните, кои беа објавувани во престижните Ролинг Стон, Вог или Венити Фер, престанала да фотографира луѓе.
Од утре, 24. до 27. мај во Солун се одржува саем на книгата. Почесна земја-гостин е Србија, а со посебни манифестации ќе биде одбележана стогодишнината од раѓањето на еден од најголемите грчки поети, Никифорос Вретакос.
23. април во календарот на УНЕСКО е Меѓународен ден на книгата и авторското право. Иако тој момент кај нас се уште не е дојден, наскоро можеби ќе треба во насловот на манифестацијата да се појасни - а ден на која книга? Онаа старата, на хартија?
Излезе нова збирка песни на неодамна починатата полска поетеса и добитничка на Нобеловата награда за книжевност, која ги содржи 13-те последни песни кои таа ги подготвувала за издавање.
Сајмон Спуриер е британски автор на крими романчиња, а насловот на неговата последна книга е „A Serpent Uncoiled" (Замотаната змија). И покрај добрите критики, и жанрот на делото, кој во принцип продава, Сајмон не успева во намерата да стане познат и богат.
Зошто секој може да научи португалски? Дали некои аспекти на природата никогаш нема да ни се разоткријат? Дали Твитер тривијализира? Интервју со Ноам Чомски по повод неговата нова книга „Правење на иднината: oкупации, интервенции, империја и отпор".
Ако и вам ви е понекогаш преку појачало вештачкото одржување во живот на идејата за екс-ју рок, и на кариерата на некои од неговите претставници како Бора Џорџевиќ или Бјело дугме, тогаш песнава ќе ви се свиѓа. Нашата замерка се однесува само на некои од спомнатите имиња, да не ги стегнат стварно изречените клетви.
Ова сигурно им требаше! Познатиот сатиричен сајт - некаква српска верзија на Onion - кој е стар нешто повеќе од една година, во јануари се појави во печатено издание. Промоцијата на книгата со наслов „Ова можеби не ни требаше“ е денес, во Библиотеката на град Белград.