Книгата "El Libro que No Puede Esperar" (Книгата која не може да чека) се продава во пластична обвивка. Откако таа ќе се отстрани и книгата ќе се отвори, мастилото почнува да старее - тоа има рок од околу два месеци. Потоа, текстот едноставно исчезнува. Ако таа ве заинтересира, едноставно мора да побрзате и да ја прочитате. Без одложување и без изговори.
Кој сака книга која се самоуништува за 60 дена? Па, изгледа Аргентинците го прифатиле предизвикот. Целиот тираж на првата ваква печатена книга се распродал за еден ден. Идејата е да се пласираат нови, млади автори и на овој начин да им се обезбедат и идни ангажмани. И така целокупното творештво во космички рамки е ефемерно и минливо, ова е само одличен начин да се привлече внимание, и да се заработи нешто од тој факт.