Беатрис „Тили“ Шилинг, родена во 1909 во Хемпшир, била воздухопловен инженер и се тркала со мотори. И им завршила огромна работа на пилотите во Втората светска војна.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Некогаш, во „Драга Савета“ рубриките по интернет се кријат ем неверојатни приказни на граница на трач, ем теми за размислување како оваа, каде што една жена се плаши дека се големи шансите токму нејзиниот сопруг да се крие зад лажните профили што ѝ ја влечкаат инаку успешната книга по интернет-калови.
За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversationсе прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.
Платформите се одлични за промоција на секој вид проекции и одбрани на личниот идентитет и на пумпање на его. За жал, добри се и за создавање на секти на истомисленици кои потоа ти ги потврдуваат измислиците.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.