Беатрис „Тили“ Шилинг, родена во 1909 во Хемпшир, била воздухопловен инженер и се тркала со мотори. И им завршила огромна работа на пилотите во Втората светска војна.
Максин Бирли (1922-2009), подоцна позната како Максим де ла Фалез била елегантна жена, популарна во општеството, мајка, воен шифрер, автор на книги за рецепти, колумнист, муза, актерка и манекенка. Каков спој!
Некогаш, во „Драга Савета“ рубриките по интернет се кријат ем неверојатни приказни на граница на трач, ем теми за размислување како оваа, каде што една жена се плаши дека се големи шансите токму нејзиниот сопруг да се крие зад лажните профили што ѝ ја влечкаат инаку успешната книга по интернет-калови.
За нејзините дела, Тејлор Свифт наоѓа инспирација од жени од минатото, меѓу кои и Клара Боу и Ребека Харкнес и баба ѝ Марџори Финли која била оперска пејачка. Од овие причини и Џоел Абрамс од The Conversationсе прашува што би мислела Свифт (сега 34-годишна) за француската писателка Кристин де Пизан.
Платформите се одлични за промоција на секој вид проекции и одбрани на личниот идентитет и на пумпање на его. За жал, добри се и за создавање на секти на истомисленици кои потоа ти ги потврдуваат измислиците.
Потенцијал за фраза на годината: ТикТок-мозок. Феноменот е турбо верзија на она што претходните генерации го отфрлаа како „недостаток на внимание“. А има врска и со концентрација и со фокус и со квалитет на сон.
Во овие среќни празнични мигови, помислете малку и на оние што имаат повеќе отколку што можат да потрошат. Затоа што, ако имаш сè и се дружиш со такви што имаат сè, можеш ли да замислиш колку е тешко да избереш поклон?
Пред пеесет и една година, група демонстрантки кои себе се нарекоа W.I.T.C.H. исценираа клетва за Ноќта на вештерките на Вол Стрит. Облечени во црно, со шилести капи, се провлекоа низ тесните улици на Менхетн доцна навечер и стигнаа до влезот на њујоршката берза, каде што истурија лепак на шарките од влезните врати. Следното утро, банкарите не можеа да влезат - и берзата падна за 13 поени.
„Јас сум соло авантурист, осаменик. Жена што ја гледаш сама во кафич, како пие чај и чита книга. Јас сум од тие што себеси се носат на дејтови и јадат во ресторани сами, без срам. Јас сум жената што оди на концерти без да ѝ биде незгодно што е дојдена сама. Пеам на цел глас и одлично си поминувам.”
Животниот пат на Ана Винтур не е ни трнлив ни патетично романтичен. Од романтичните, милион пати кажани филозофии, важи само една - треба да знаеш што сакаш.
Една манекенка, четири градови. Звучи како сетинг за книга со некаква фешн авантура, ама всушност се работи за јубилеен број на Вог Париз и нивниот начин на прославување.
Авторката на „Сексот и градот” размислува за љубовниот живот и женските пријателства, исто како во епските колумни што станаа серија, со тоа што, овој пат обрнува внимание на жени над 50 години.
Супер е таа Вог рубрика каде што еден досаден, со досаден глас, божем ненаместено им влегува на славни фаци дома и ги прашува 73 прашања. Луѓето од другата страна се секогаш нормални и забавни. Поднаместенки, ама забавни.
После сите книги и сведоштва за катастрофата што го снајде Чернобил, заклучокот е дека и серијата што доживеа неверојатен успех, сепак се служи со фикција. Среќа, па успеале и доста вистини да прикажат.
Немојте да мислите дека треба да го знаете името. Иан Сон е обичен тип, директор во дигитална агенција во Чикаго. Но, не значи дека не треба од пред некој ден веќе сите да го знаат или дека не треба да очекуваме книга „како се води фирма” од него.